Останато
Инфлацијата ја уништува Турција
Годишната стапка на инфлација во Турција во јануари се зголеми на 64,86 проценти, објави турскиот институт за статистика Туркстат.
Иако, зголемувањето на инфлацијата е минимално во однос на претходниот месец декември кога изнесувала 64,77 проценти, сепак инфлацијата во Турција достигна рекордно највисоко ниво во последните 14 години.
Истовремено, турската лира повторно падна на историски најниско ниво во однос на доларот, а ова пред се се должи на растот на американскиот долар во последните неколку недели. Во моментов, еден долар се тргува за 30,55 лири.
На годишна основа, во јануари најмногу пораснале цените на услугите во хотелите, кафулињата и рестораните, за 92,27 проценти, како и во образованието 79,81 отсто, здравството 78,57 отсто, транспортот 77,54 отсто, објави Туркстат.
Алкохолните пијалаци и тутунот поскапеле на годишно ниво за 61,60 отсто, облеката и обувките за 40,62 отсто, а храната и безалкохолните пијалоци за 69,71 отсто.
Централната банка на Турција претходно ја зголеми референтната каматна стапка на 42,5 проценти од 40 отсто во декември, велејќи дека постојното ниво на домашна побарувачка, стабилниот раст на цените во услужниот сектор и геополитичките ризици продолжуваат да вршат притисок врз зголемената инфлација во Турција.
Останато
Флекс Кредит со награди за клиенти во пресрет на Superior Runs во Штип
Флекс Кредит повторно се вклучува како спонзор на тркачкиот настан Superior Runs, најавувајќи дополнителни активности и награди за граѓаните во пресрет на трката.
Компанијата информира дека во периодот од 20 до 25 април, покрај спортската атмосфера поврзана со настанот, ќе понуди и промотивна акција во своите филијали во Штип. Според најавата, секој клиент со одобрен кредит во овој период ќе добие вредна награда.
Од Флекс Кредит посочуваат дека целта е да се внесе дополнителна динамика и позитивна енергија, поврзувајќи го спортскиот дух со активности насочени кон клиентите.
Акцијата ќе се реализира во филијалите на компанијата во Штип, каде граѓаните ќе можат да се информираат за условите и да учествуваат во промотивната понуда.
Флекс Кредит и годинава ја продолжува својата поддршка на Superior Runs, како дел од активностите за поддршка на спортски настани и локалната заедница.
Берза
Намалување на цените на горивата: бензините и дизелот поевтинуваат за 1,5 денари
Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,13 проценти во однос на претходната одлука од 14 април.
Според новата пресметка, од 21 април 2026 година од 00:01 часот, цените на бензините и дизелот се намалуваат за 1,5 денари за литар. Новите максимални малопродажни цени ќе изнесуваат:
- ЕУРОСУПЕР БС-95 – 80,50 денари за литар
- ЕУРОСУПЕР БС-98 – 82,50 денари за литар
- ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 94,00 денари за литар
Истовремено, цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 денари и ќе изнесува 97,00 денари за литар, додека мазутот М-1 НС поевтинува за 2,939 денари по килограм и ќе се продава по цена од 46,288 денари за килограм.
Одлуката е донесена врз основа на намалувањето на референтните цени на светските пазари, каде во споредба со претходната пресметка цените на бензините се пониски за 1,8 проценти, на дизелот за 9,6 проценти, на екстра лесното масло за 8,2 проценти, а на мазутот за 6,5 проценти.
Во пресметката се вклучени и повластената стапка на ДДВ од 10 проценти (освен за мазутот и дизелските фракции), како и намалените износи на акцизите – за еуродизелот за 4 денари по литар и за бензините за 2 денари по литар.
Останато
УЈП со апел до должниците: Неплатените даноци носат камати и блокади
Управата за јавни приходи информира дека на 16 април истекле законските рокови за плаќање на обврските по годишните даночни биланси за 2025 година и апелира до сите обврзници кои сè уште не извршиле уплата, тоа да го сторат во најкус можен рок.
Од институцијата посочуваат дека доцнењето со плаќањето носи дополнителни трошоци по основ на камати, како и ризик од присилна наплата, блокирање на банкарски сметки и други законски мерки.
Според податоците на УЈП, од вкупно 19.550 поднесени биланси за данок на добивка, данок на вкупен приход и персонален данок кај вршителите на дејност, кај 10.252 веќе е евидентирана уплата.
Во меѓувреме, УЈП започна со испраќање персонализирани известувања до компаниите и физичките лица со неизмирени обврски.
Од институцијата апелираат за навремено подмирување на долговите со цел да се избегнат дополнителни давачки, како еднократни такси и банкарски трошоци кои го зголемуваат вкупниот долг и можат да влијаат врз тековното работење.
Како што потсетуваат, обврските можат да се подмират и преку уплата од трето лице, со пребивање со даночни побарувања или преку плаќање на рати, согласно законските услови.
-
Интервјуапред 2 месециПензиски парадокс: Од минималец до доброволен фонд – новиот модел на младите вработени
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка: Започна исплатата на пензиите за февруари 2026 година
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка со информација за исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за февруари 2026 година
-
Банкипред 2 месециЗошто е сменет директорот на Развојната банка и кој е неговиот наследник!?
-
Продуктипред 1 месецДо 120.000 денари финансиска поддршка од Easy Finance – брзо и со транспарентни услови
-
Банкипред 2 месециХалкбанк известува: Пензиите за февруари се достапни на пензионерите
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Павле Гацов | Готовината и сивата економија „јадат“ 500 милиони евра годишно


