Connect with us

Странски банки

Најголемиот кредитор во Германија укинува 3.500 работни места!?

Објавено

на

Дојче банк (Deutsche bank) планира да скрати 3.500 работни места продолжувајќи го планот за намалување на трошоците за 2,5 милијарди евра до 2025 година.

Најголемиот германски кредитор кажа дека е на пат да ја исполни својата цел. Повеќето работни места кои ќе бидат скратени се главно на административни позиции, како дел од програмата за оперативна ефикасност.

Намалувањето изнесува околу четири проценти од вкупната работна сила на банката.

Дојче банк објави дека добивката пред оданочување во 2023 година се зголемила за 2 отсто на годишно ниво на 5,7 милијарди евра, што е највисоко ниво во последните 16 години. Сепак, нето-добивката се намали за 14 проценти на 4,9 милијарди евра со зголемувањето на даночната основа.

„Постигнавме раст многу пред целта и задржавме фокус на дисциплина на трошоците додека инвестиравме во клучни области“, рече извршниот директор Кристијан Севинг.

Дојче банк најави и дополнителен откуп на акции во вредност од 675 милиони евра, кој треба да биде завршен во првата половина на 2024 година.

Странски банки

За прв пат по 20 години Европската централна банка објави загуба!

Објавено

на

Европската централна банка во четвртокот ја објави својата прва годишна загуба од 2004 година, по големите исплати поради повисоките каматни стапки.(повеќе…)

Продолжи со читање

Странски банки

Фатих Карахан е назначен за нов гувернер на Централната банка на Република Турција

Објавено

на

Досегашниот заменик-гувернер на Централната банка на Република Турција (ЦБРТ), Фатих Карахан е назначен за нов гувернер на Централната банка на местото на Хафез Гаје Еркан, која поднесе оставка од функцијата.(повеќе…)

Продолжи со читање

Популарно