Продукти
Халкбанк од денеска е комплетна дигитална банка – пристап до сите услуги и онлајн

Халкбанк АД Скопје продолжува да ги поставува стандардите во домашниот банкарски сектор со својата дигитална трансформација. Најновата иновација, можноста за онлајн отворање платежна сметка и електронскобанкарство значи чекор поблиску до концептот на комплетна дигитална банка, каде што клиентите можат да пристапат до целосната понуда на банкарски услуги од каде било и во секое време.
Од денеска, сите заинтересирани граѓани резиденти може да отворат платежна сметка и да станат корисници на електронско и мобилно банкарство без физичко присуство во филијала. Постапката е едноставна, брза и целосно безбедна, преку OneID – националниот систем за електронска идентификација, корисникот се најавува, а потоа се пренасочува до апликацијата за отворање платежна сметка и електронско банкарство. Дел од личните податоци автоматски се внесуваат, а договорите се потпишуваат електронски. По завршување на процесот, клиентот добива ЛИБ код за активирање на електронското банкарство.
Со ова, Халкбанк овозможува целосен дигитален пристап до своите услуги. Откако ќе отворите сметка, можете веднаш да аплицирате за дебитна или кредитна платежна картичка, дозволено пречекорување, кредитни производи и депозити, сè преку електронско банкарство.
Со воведување на вакви функционалности, Халкбанк ја потврдува својата посветеност кон унапредување на клиентското искуство и градење на модерна, технолошки напредна и достапна банка. Притоа, сите дигитални решенија се надополнување, а не замена за постојната банкарска инфраструктура – филијалите и понатаму остануваат на располагање за сите кои имаат потреба од физичка поддршка или консултација.
Започнете го своето дигитално банкарско искуство со Халкбанк уште денеска, брзо, сигурно и целосно онлајн.
Продукти
Со Халки, создадете мали навики за исполнување на големи соништа

Кога е вистинското време да ги научиме децата да се однесуваат одговорно со парите? Одговорот е веднаш штом почнат да разбираат што значи „вредност“. Навиките што ги градиме во раното детство, остануваат со нас засекогаш, а финансиската писменост не е исклучок.
Многу родители се прашуваат како да започнат со оваа тема, дали е доволно само да им се зборува за пари или треба да им се посочи и реален пример? Токму за оваа цел, Халкбанк го креираше производот Халки, детско штедење, со кој родителите можат на практичен и едноставен начин да го започнат процесот на финансиско воспитување.
Што е Халки?
Халки е орочен детски депозит кој се отвора на име на детето, со минимален износ од 1.000 денари или 20 евра. Достапни се повеќе рокови за штедење од 25, 36, 48 и 60 месеци, со фиксни годишни каматни стапки кои растат со должината на орочување. За депозити во денари, каматната стапка започнува од 3,00% за 25 месеци, и достигнува до 3,60% за орочување од 60 месеци. За депозити во евра, стапките се движат од 2,20% до 2,60%.
Она што го издвојува Халки е тоа што средствата не се достапни за повлекување пред истекот на договорениот рок, што му дава дисциплинарна компонента на овој производ. Наместо брза потрошувачка, децата учат дека вистинските вредности се градат со време, трпение и посветеност.
По истекот на орочувањето, ако детето сè уште не е полнолетно, депозитот автоматски се продолжува. Кога ќе наполни 18 години, средствата се префрлаат на негова трансакциска сметка и стануваат достапни за користење.
Прв чекор кон самостојност
Халки не е само финансиски производ, тоа е алатка со која децата учат што значи да се има сопствена одговорност. Со отворањето на депозитот, секое дете добива персонализирана штедна книшка и симболичен подарок, мал, но значаен гест што го претвора штедењето во лично искуство. Така, уште од најмали нозе, се создава чувство дека парите имаат вредност, а грижата за нив е дел од грижата за себе. Штедењето не се доживува како апстрактен поим, туку како нешто блиско и неопходно.
Летото – идеален момент за нов почеток
Периодот на летни одмори често е време кога семејствата заедно носат одлуки, планираат, создаваат нови навики. Токму сега е одлична можност да се направи чекор кон финансиска писменост и сигурна иднина.
Отворањето детски штедни сметки во Халкбанк е едноставно и достапно во сите филијали, а секој нов Халки депозит носи и симболичен подарок за најмладите.
Но, вистинската вредност не е само во самото штедење, туку во пораката што ја испраќаме, дека веруваме во способноста на нашите деца да пораснат во одговорни, самостојни и свесни личности.
Продукти
Стан во центар или куќа за бегство од градот – инвестирајте во трајна вредност

Во време кога сигурноста и стабилноста се на врвот наприоритетите, вложувањето во сопствен дом претставуваедна од најпаметните и најдолгорочни одлуки. Без разликадали се гледате во урбан стан блиску до сè, или во куќа содвор и мирно секојдневие надвор од градот, важно е дазнаете дека изборот не мора да зависи од финансискитеограничувања. Халкбанк нуди станбени кредити со поволниуслови, создадени да ви помогнат побрзо и полесно да гоостварите вашиот план, да станете сопственик нанедвижност со трајна вредност.
Финансиска поддршка за стан, куќа или рефинансирање
Станбениот кредит што го нуди Халкбанк е наменет закупување на стан или куќа, но и за рефинансирање на веќепостоечки станбен кредит. Дополнително, ако недвижностакоја ја купувате е сè уште во фаза на градба, банкатасоработува со голем број градежни компании и виовозможува организирана и безбедна процедура, со целоснаподдршка низ целиот процес.
Флексибилни рокови, ниски трошоци
Халкбанк нуди станбени кредити со рок на отплата до 30 години и грејс период до 12 месеци. Она што го прави овојкредит посебно атрактивен е фиксната каматна стапка од 3% до 3,5% за првите 5 години или фиксна каматна стапка од 3,2% до 3,65% за првите 10 години. Нема провизија за обработка на кредитот и нема трошоци за предвременаотплата од сопствени средства.
Сигурност и заштита за вас и вашето семејство
Како дополнителен елемент на сигурност, кредитот е поврзан со полиса за животно осигурување издадена одТриглав Осигурување – Живот АД Скопје, која гарантирасигурност во отплатата и се грижи за добросостојбата нацелото семејство, дури и во непредвидени околности.
Паметна инвестиција што добива на вредност со текотна времето
Недвижноста не е само простор за живеење, таа е капитал, стабилност и вредност што се зголемува. Во економскасредина што се менува, сопствениот дом е најдобриотодговор на несигурноста. Сега е вистинскиот момент данаправите паметен потег и да изградите иднина за себе и завашите најблиски.
Халкбанк, стабилен партнер за големи животни одлуки
Изборот на стан или куќа е личен. Финансиската поддршка, пак, треба да биде сигурна и докажана. Халкбанк е институција што ве следи во клучните животни моменти, нудејќи не само кредит, туку и совет, поддршка и доверба. Без скриени трошоци, со јасни услови и професионаленпристап.
Продукти
Apple Pay доаѓа во Македонија: Подготовките се во тек, стартот се очекува наесен

Долгooчекуваната платежна услуга Apple Pay наскоро ќе стане реалност и за корисниците во Македонија. Компанијата Apple веќе споделила насоки и технички упатства со домашните банки, а услугата ќе биде достапна откако институциите ќе ја потврдат својата техничка подготвеност. Според неофицијални информации, стартот се очекува во септември 2025 година.
Ова претставува важен чекор за дигитализацијата на финансискиот сектор во земјава, кој во последните години бележи значителен раст на електронските плаќања и употребата на мобилни паричници.
Apple поставува основа – банките се подготвуваат
Иако Apple Pay сè уште не е официјално активен во Македонија, техничките подготовки се во завршна фаза. Компанијата веќе ги информирала релевантните партнери, вклучувајќи ги дел од водечките банки за потребните предуслови, безбедносни протоколи и начинот на интеграција во нивните системи.
„Со Apple веќе работиме на завршна техничка интеграција. Очекуваме во текот на следните недели да ја финализираме подготовката и да понудиме целосна поддршка за Apple Pay на домашниот пазар“, изјави претставник на една од банките кои активно работат на имплементација.
Што ќе донесе Apple Pay за корисниците?
Apple Pay овозможува брзи, безбедни и бесконтактни плаќања преку iPhone, Apple Watch и останати прифатени уреди. Откако картичката ќе се додаде во Apple Wallet, корисниците ќе можат да вршат плаќања на сите ПОС-терминали кои поддржуваат NFC технологија, без потреба од физичка картичка.
Секоја трансакција е дополнително заштитена со Face ID, Touch ID или лозинка, а податоците за картичката никогаш не се чуваат на уредот, ниту се споделуваат со трговците, што значително го зголемува нивото на безбедност.
Финтек пазарот добива сериозна надградба
Влегувањето на Apple Pay ќе претставува нов импулс за развојот на мобилните плаќања во Македонија, каде што сѐ повеќе корисници бараат дигитални и иновативни решенија. Дополнително, ова ќе поттикне и понатамошна конкуренција меѓу банките и финтек-компаниите, кои ќе се стремат да понудат слични модерни услуги.
Септември 2025 година се профилира како месецот кога оваа долгорочна очекувана услуга конечно ќе им биде достапна на македонските корисници – со што Македонија ќе стане дел од глобалното семејство на земји кои нудат Apple Pay како стандард за бесконтактно и безбедно плаќање.
Иако сè уште нема официјална информација кои банки први ќе го понудат Apple Pay во Македонија, може да се претпостави дека технички подготвените институции ќе бидат меѓу првите. Дел од нив веќе нудат слични дигитални платежни решенија – како Google Pay, Garmin Pay, Halk Pay, Fidesmo Pay и сопствени мобилни паричници. Меѓу нив се вбројуваат Стопанска банка, ПроКредит банка, Халкбанк, НЛБ Банка и Комерцијална банка, кои активно работат на развој на бесконтактни и мобилни услуги, овозможувајќи им на корисниците современо и сигурно искуство при плаќање.
Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е строго забрането без претходно писмено одобрение и е предмет на условите наведени на следниот линк.
- Банкипред 3 недели
Стопанска банка АД – Скопје назначи нов Генерален директор за финансии и член на Управниот одбор
- Продуктипред 5 дена
Apple Pay доаѓа во Македонија: Подготовките се во тек, стартот се очекува наесен
- Банкипред 2 дена
Оставка на член на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје
- Останатопред 1 недела
Промени во Надзорниот одбор на ПроКредит Банка АД Скопје
- Фондовипред 1 недела
Промени во Надзорниот одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје
- Продуктипред 2 месеци
Почни го летото со премиум поволности и поголеми бонуси со Visa Gold и Visa Classic од Комерцијална банка
- Продуктипред 1 месец
Халкбанк овозможува кредит целосно онлајн, без шалтер и документација
- Колумнипред 1 недела
Одржливиот развој не е слово на хартија, туку одлуки и активности кои банкарскиот сектор треба да ги направи