Останато
ИСТОЧНИТЕ СОСЕДИ НА ЧЕКОР ДО ЕВРОЗОНАТА – ЕК и Бугарија ќе спроведуваат заедничка кампања за премин од левот на евро
Европската комисија и Бугарија потпишаа Договор за партнерство за организација на информативни и комуникациски кампањи за премин на земјата од бугарскиот лев на еврото, како дел од подготвителните чекори за влез на Софија во Еврозоната.
Договорот го потпишаа извршниот потпретседател на Европската комисија за економија во интерес на луѓето Валдис Домбровскис, еврокомесарот за економија Паоло Џентилони и бугарската вицепремиерка и министерка за финансии Људмила Петкова.
Како што соопшти Еврокомисијата, Договорот е потврда на нејзината заложба за поддршка на организацијата на информативни и комуникациски кампањи за преминот кон еврото во Бугарија, откако земјата ќе ги исполни сите критериуми за тоа.
„Тој е и основа за подготовка и потпишување на Договор за грант, кој ќе и овозможи на Комисијата да ги кофинансира комуникациските активности за преминот кон еврото во Бугарија”, се додава во соопштението.
Останато
Новогодишната кошничка ќе трае еден месец и ќе донесе пониски цени на 675 производи
Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за економија Бесар Дурмиши денеска во Владата промовираа „Новогодишна кошница“ со 675 производи со намалени цени. Од Министерството за економија велат дека станува збор за иницијатива покрената од производителите, дистрибутерите и трговците со прехранбени производи и алкохолни и безалкохолни производи. Како што кажа министерот Дурмиши, 675 производи ќе се продаваат на акција по пониски цени од 10% и повеќе за новогодишните празници.
„Оваа иницијатива за Новогодишната кошница беше покрената од производителите, дистрибутерите и трговците со прехранбени производи и алкохолни и безалкохолни производи кои се понудија да достават листа на нивни најпродавани производи за време на новогодишните празници кои ќе се продаваат на акција по пониски цени од 10% и повеќе. Новогодишната потрошувачка кошница е акциско намалување на цените на одделни прехранбени производи, алкохолни и безалкохолни пијалоци која ќе важи еден месец, односно во периодот од 15 декември 2024 година до 15 јануари 2025 година, во време кога се вклопуваат повеќе празници. Со акциското намалување на цените се опфатени основните прехранбени производи од различни групи на производи (леб и житарици, пекарски производи, месо и преработки од месо, риба, млеко и млечни производи, кондиторски производи, свежо, замрзнато и козервирано овошје и зеленчук, безалкохолни (газирани и негазирани) напитоци, алкохолни пијалоци (вино и пиво) и др. Групите на производи се сублимираа во Листа на прехранбени производи во опфат од над 675 производи, понудени од вкупно 60 компании и производители и дистрибутери“ кажа министерот Дурмиши и потенцираше дека производите на листата кои ќе бидат понудени на полиците во трговските ланци ќе бидат обележани со налепница и лого „Помалку трошоци, повеќе за тебе““, кажа Дурмиши на прес-конференција.
Тој додаде дека граѓаните можат да се запознаат со производите кои се понудени во листата од страна на производителите и дистрибутерите на посебна веб-страна mojakosnica.mk. Производите од листата кои ќе бидат понудени на полиците во трговските ланци ќе бидат обележани со налепница и лого „Помалку трошоци, повеќе за тебе“.
Акцијата ќе трае од 15 декември до 15 јануари.
„Во присуство на производителите и дистрибутерите, направивме нешто што досега можеби никогаш не е направено, а тоа е дека сите заедно ние разговаравме извесен период и за време на тие разговори дојдовме до компромис во којшто сите страни се согласивме дека во периодот од 15-ти декември до 15-ти јануари цените на одредени производи, а тоа се повеќе од шестотини артикли, ќе бидат намалени и брендирани како што беше до сега, помалку трошоци повеќе за тебе, и се грижиме“, кажа премиерот Мицкоски.
Бидејќи станува збор за, како што кажа, консензуално решение, а не интервентна мерка на Владата, премиерот рече дека нема да има казнување, туку само мониторинг за тоа дали сите производи ќе бидат означи со соодветните налепници за да можат да бидат препознатливи за граѓаните.
„Тоа е многу важно, бидејќи на тој начин ќе можат и граѓаните сето тоа да го препознаат. Нормално, ова не е направено со интервентна мерка од страна на Владата, не е направено со ограничување на цените, туку е консензуално решение и поради тоа нема да има за ова казнување, се разбира, туку ќе има само мониторинг на тоа дали на сите тие производи ќе бидат залепени сите овие налепници за коишто зборуваме, за да биде визибилно за граѓаните, за да можат тие да ги препознаат овие производи“, изјави премиерот.
Сумирајќи на крајот, тој рече дека очекува успешна акција во која и понатаму сите ќе продолжиме да бидеме, како што кажа, општествено одговорни во овие тешки моменти и да помогнеме на македонските граѓани, на македонската економија, стандардот на македонските граѓани и на тој начин да има повеќе за секого.
„Очекувам успешна акција, очекувам ниски цени во очи на новогодишните празници, и очекувам среќни граѓани и полна трпеза за време на празниците коишто следат“, заклучи Мицкоски.
Криптовалути
ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ НАЈАВУВА РЕВОЛУЦИЈА – Криптовалутите наскоро ќе бидат легални во Македонија!?
Владата размислува користењето на криптовалути да го стави во законски рамки. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека според него тоа е иднината и дека ќе бидеме меѓу првите земји во регионот кои тоа ќе го направат.
„Сакаме сето тоа легално да го канализираме во рамки на законот, но има премногу работи што треба претходно да се усогласат и тоа и го правиме, ги усогласуваме тие работи за да дојдеме до финалниот производ. Тоа е иднината и мислам дека ќе бидеме меѓу првите во регионот, ако не и први, такво нешто да направиме. Како ќе функционира, ќе видиме, но тоа по мене е иднината“, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по денешната прес-конференција посветена на новогодишната кошничка.
Вредноста на биткоинот за првпат денеска надмина 100.000 долари.
Останато
Обука на Академијата за јавни финансии на тема: „Доследност и усогласеност на економските политики за подобро буџетско планирање“
„Доследност и усогласеност на економските политики за подобро буџетско планирање“ беше тема на новата обука што ја оранизираше Академијата за јавни финансии при Министерството за финансии со цел јакнење на јавната администрација и унапредување на процесите во јавниот сектор.
Настанот беше наменет за вработени во органите на државната управа коишто се директно вклучени во креирањето и координацијата на политики и во процесот на буџетско планирање. Преку обуката, учесниците добија практични насоки и алатки за поефикасно управување со јавните средства, што е клучен предуслов за унапредување на квалитетот на јавните услуги.
Во рамките на обуката беа презентирани иновативни пристапи за координација и планирање на економските политики, методологии за следење на резултатите како основа за ефективно донесување одлуки и распределба на буџетските средства, како и добри практики и научени лекции од Европскиот семестар и програмите за економски реформи.
Обуката, е дел од Годишната програма за обуки за 2024 година, што ги организира Академијата за јавни финансии, а ги водат сертифицирани обучувачи.
Министерството за финансии продолжува да инвестира во континуирана едукација и развој на јавната администрација, создавајќи модерна, професионална и компетентна администрација којашто е двигател на економскиот напредок и гаранција за квалитетни услуги за граѓаните и деловната заедница. Со вакви активности, Министерството се позиционира како лидер во поддршката на стратешките приоритети за одржлив економски развој и унапредување на јавниот сектор.
- Банкипред 2 недели
Шпаркасе Банка доби нов член на Надзорниот одбор
- Колумнипред 1 месец
Интервју во банка: Вашиот таен рецепт за успех!
- Банкипред 1 месец
Катерина Велиновски, Катерина Митровска и Павлина Симиџиоска Тодороска се најдобрите банкарски службеници од Стопанска банка АД – Скопје за 2024 година
- Банкипред 1 месец
Марија Даниловска, Зоран Митрески и Дејан Георгиевски се најдобрите банкарски службеници од Комерцијална банка за 2024 година
- Банкипред 14 часа
НЛБ Банка со известување до своите клиенти: Личните податоци во видеото не потекнуваат од нашите системи
- Вработувањепред 2 месеци
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 месеци
Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 11 октомври 2024 година
- Бизниспред 1 месец
Соња Грујевска и Андреј Андреевски се најдобрите службеници од КИБС за 2024 година