Connect with us
no baners

Останато

Ангеловска-Бежоска: Деглобализацијата може неповолно да се одрази и на родовата еднаквост

Објавено

на

„Истражувања покажуваат дека растот на глобализацијата позитивно се одрази на стапката на активност на жените, односно земјите со поголема трговска отвореност имаат поголемо ниво на родова еднаквост. Според Извештајот на Светската банка фирмите извознички вработуваат повеќе жени ‒ жените се една третина од работната сила во споредба со помалку од четвртина во фирмите коишто не извезуваат, а особено повеќе вработуваат фирмите во странска сопственост и фирмите учеснички во глобалните синџири на снабдување каде што жените учествуваат со 37%, наспроти фирмите коишто не се дел од овие синџири на снабдување (25%). Оттаму, се проценува дека деглобализацијата не само што може позначително да го намали вкупниот светски БДП, зависно од интензитетот и каналите на влијание, дури и до 12%, туку може и понеповолно да се одрази на жените.“ Ова го посочи гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска во своето предавање пред студентите од „Американ колеџ“, како почесна членка на „Делта Му Делта Пи Алфа – Скопје“.

„Жените сочинуваат половина од светската популација, но значително помалку се вклучени во економските текови, што е особено важно за земји како нашата со недостиг на работна сила. Според Извештајот на Светскиот економски форум, родовиот јаз и натаму е предизвик во светски рамки, но и во нашиот регион, вклучително и во македонската економија. Притоа, се оценува дека ако и натаму се напредува со сегашната динамика, ќе бидат потребни 131 година за постигнување родова еднаквост“, посочи гувернерката која истакна дека за да се постигне таков напредок, неопходни се суштински реформи: надминување на институционалните, регулативните и културните препреки, политики што ќе ја поттикнат женската вклученост на пазарот на труд, поддршка за изнаоѓање рамнотежа во семејните и работните обврски и еднакви можности за кариерен и лидерски развој.

На предавањето, на кое се обрати и Венера Крлиу, проректорка за образование, се отвори и дискусија со студентите и членовите на „Делта Му Делта Пи Алфа“, кои ѝ поставија прашања на гувернерката, пред сѐ за нејзиниот кариерен развој и предизвиците на функцијата којашто ја извршува, како и најактуелното прашање во моментов коешто се однесува на американските царини и нивниот ефект врз домашната економија и странските директни инвестиции.

Анализи

Загриженост во финансискиот сектор: нов AI модел може да ја промени сајбер-безбедноста, но истовремено да биде и најголема закана!?

Објавено

на

Во индустријата за вештачка интелигенција се појавија информации за нов напреден модел развиен од компанијата „Anthropic“, кој, според интерни проценки, не е јавно објавен поради потенцијални безбедносни ризици.

Министрите за финансии, гувернерите на централните банки и водечките експерти од финансискиот сектор изразија сериозна загриженост поради новиот напреден и исклучително моќен модел на вештачка интелигенција, за кој стравуваат дека би можел да ја загрози безбедноста на глобалните финансиски системи.

Станува збор за модел познат како „Claude Mythos Preview“, за кој се наведува дека има напредни способности за анализа на софтверски системи и откривање на сериозни безбедносни пропусти, вклучително и таканаречените „zero-day“ ранливости.

Според достапните информации, моделот во тест-фази идентификувал повеќе критични слабости во оперативни системи и интернет прелистувачи, а неговите можности опфаќаат и симулација на потенцијални начини на нивна злоупотреба во контролирани услови.

Ова, според експертите, отвора сериозни прашања за иднината на сајбер-безбедноста, бидејќи ваквите системи истовремено можат да се користат и за заштита и за потенцијални напади во дигиталниот простор.

Поради ризиците, „Anthropic“ одлучила моделот да остане во ограничена внатрешна употреба, со пристап само за одредени партнери и големи технолошки компании, меѓу кои се „Amazon“, „Google“ и „Microsoft“.

Канадскиот министер за финансии Франсоа-Филип Шампањ предупреди дека ваквите технологии отвораат ризици поврзани со „непознати непознаници“ и повика на итно зајакнување на глобалните заштитни механизми.

Иако дел од експертите повикуваат на претпазливост, случајот повторно ја отвора дебатата дали вештачката интелигенција ќе биде најсилна алатка за сајбер-заштита или потенцијално најопасна алатка за дигитални напади.

Продолжи со читање

Банки

Грабеж на банка како на филм – крадците ограбиле лични сефови, држеле 25 заложници, носеле маски со ликови од познати актери и на крај избегале низ подземен тунел

Објавено

на

Неколку вооружени лица ограбиле филијала на банка во Неапол, при што држеле околу 25 лица како заложници пред да побегнат преку канализациски тунел, пренесуваат италијанските медиуми.

Инцидентот се случил во четврток околу 10 часот по локално време, кога напаѓачите според првичните информации тројца или четворица – влегле во банката со маски на лицата, дел од нив со ликови на познати актери. Тие упаднале во сефовите и изнеле накит, пари и други вредни предмети.

Според сведоштва на заложници, разбојниците имале силен неаполски акцент и не покажале насилство кон присутните. Напротив, на дел од нив им понудиле вода додека траела ситуацијата.

Видеа објавени на социјалните мрежи прикажуваат пожарникари кои со специјална опрема го кршат прозорецот на објектот за да овозможат евакуација. Никој не е повреден, но неколку лица добиле медицинска помош поради шок.

По неколку часа, специјални единици на карабињерите интервенирале и ги ослободиле заложниците околу 13:30 часот, без сериозни последици, потврдија локалните власти.

Вредноста на украдениот плен сè уште се проценува, бидејќи крадците најмногу ограбиле лични сефови, а не готовина.

Продолжи со читање

Останато

Фокус на фискална дисциплина и стабилни јавни финансии на средбите со ММФ

Објавено

на

Владата останува цврсто насочена кон одржување на макроекономската стабилност и стабилноста на јавните финансии, со паралелно спроведување на фискална консолидација и политики за одржлив економски раст. Ова било нагласено на средбите на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со претставници на Меѓународен монетарен фонд во Вашингтон.

На состаноците со извршниот директор Јерон Клик, заменик-извршниот директор Марникс ван Рај, директорот на Европскиот оддел Алфред Камер и шефот на мисијата Ник Гигинеишвили, било истакнато дека клучен приоритет останува подобрувањето на управувањето со јавните финансии и задржување на високо ниво на капитални инвестиции.

Според министерката, фискалната политика се темели на среднорочна одржливост, дисциплина, транспарентност и отчетност во трошењето, при што капиталните расходи се одржуваат на околу 5 проценти од БДП. Воедно, посебен акцент се става на зголемување на ефикасноста на приходната страна, преку борба со сивата економија и дигитализација, со задржување на ниски даночни стапки.

Во однос на буџетската политика, беше посочено дека фискалната консолидација веќе дава резултати, при што буџетскиот дефицит се намалува – од 4,4 проценти од БДП во 2024 година, на 4 проценти во 2025 година, со проекција да се сведе на 3,5 проценти во 2026 година.

На средбите било нагласено дека институциите внимателно ги следат глобалните економски текови и преземаат мерки за справување со надворешните ризици, особено во услови на раст на цените на енергенсите. Мерките, како што било посочено, се насочени кон поддршка на бизнисите и граѓаните, при што се инсистира на нивна таргетираност за да се зачува стабилноста на јавните финансии.

Од страна на ММФ била потврдена поддршката за реформите во управувањето со јавните финансии и зајакнување на административните капацитети.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange