Connect with us

Банки

ЕБОР и ЕУ ја промовираа Програмата за дигитализација на МСП во Западен Балкан вредна 377 милиони евра

Објавено

на

Кредитната линија Дигитализација на Западен Балкан има за цел да ја поттикне иновативноста и растот на приватниот сектор.

Малите и средни претпријатија (МСП) во регионот на Западен Балкан ќе имаат пристап до нови можности за финансирање преку програмата Дигитализација на Западен Балкан (Go Digital in the Western Balkans) коja комбинира кредити, грантови и техничка помош за инвестиции во дигитализација, автоматизација и зелени технологии.

Програмата која е развиена од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) со поддршка од Европската Унија (ЕУ) има за цел да ја поттикнува иновативноста, конкурентноста и одржливиот раст кај приватниот сектор во Западен Балкан.

Како дел од програмата, ЕБОР ќе пласира до 350 милиони евра на партнерските финансиски институции во регионот на Западен Балкан за натамошно кредитирање на МСП. Ентитетите кои ќе подигнат кредит, ќе  имаат корист од грантовите во износ до 10 проценти од вредноста на кредитот, кои се финансирани од ЕУ.  ЕУ обезбедува вкупно27,6 милиони евра грантови и техничка помош за програмата, обезбедени преку Инвестициската рамка за Западен Балкан –Western Balkans Investment Framework (WBIF).

Програмата се надоврзува на успешната пилот програма Дигитализација во Босна и Херцеговина, која поддржа инвестиции во скоро 200 локални компании. На презентацијата која се одржа на 10 април 2025 година, во Сараево, Босна и Херцеговина, имаше претставници од партнерските финансиски институции и бизнис секторот во регионот, а истото е голем чекор во зголемување на отпорноста на приватниот сектор и конкурентноста на Западен Балкан.

Франсис МалижГенерален Директор на Одделот финансиските институции во ЕБОР, рече: „Програмата Дигитализација на Западен Балкан  има за цел значајно да ја унапреди дигитализацијата помеѓу МСП, зајакнувајќи ги за да станат иновативни, продуктивни и конкурентни на глобално ниво. Програмата ќе го пополни финансирањето на јазовите во усвојување на технологијата од страна на МСП во регионот. Заедно со нашите партнерски финансиски институции и нашите донатори остваруваме системско влијание во регионот со зајакнување на иновативноста во секторот на МСП за развој на конкурентни и робусни економии на иднината”.

Адебајо БабаџидеЗаменикот шеф на ЕУ Делегацијата во Босна и Херцеговина изјави: „Со денешното презентирање на регионалната иницијатива Дигитализација на Западен Балкан, Европската Унија ја потврдува силната поддршка на малите и средни претпријатија ,  ’рбетот на економијата во регионот. Преку оваа програма, околу 750 претпријатија ќе добијат витална поддршка за иновации, дигитализација и имплементирање на зелени технологии. Во Босна и Херцеговина иницијативата се надоврзува на успехот на нашиот пилот проект во вредност од 11,5 милиони евра, кој веќе им помогна на над 200 претпријатија во унапредување на продуктивноста и конкурентноста. ЕУ грантовите, не само што овозможуваат техничка експертиза и грантови, туку го прават подостапно финансирањето за МСП, со акцент на  МСП управувани од жени. Заедно со тековните реформи за подобрување на деловното опкружување, оваа програма отвара пат кон повисок економски раст, отпорност и подлабока интеграција на регионот во единствениот европски пазар. “

Програмата Дигитализација на Заападен Балкан се залага за зајакнување на приватниот сектор како клучен за унапредување на социо-економските состојби во регионот и зајакнување на врските со Европската Унија. Од 2009 година,ЕУ има обезбедено поддршка за раст на приватниот сектор во Западен Балкан во вредност од 628 милиони евра, преку Програмата за поддршка на Западен Балкан во грантови, гаранции и комбинирано финансирање, помагајќи во развојот на поиновативни екосистеми поволни за деловната заедница. 

ЕБОР е клучен институционален инвеститор во регионот на Западен Балкан кој има инвестирано над 20 милијарди евра од почетокот на работењето во регионот од средината на 1990-тите години. Приватниот сектор и особено малите и средни претпријатија остануваат клучните области за инвестирање на ЕБОР. Поттикнување на нивната иновативност и дигитализацијата, зелената транзиција и инклузивниот раст се стратешки приоритети на Банката.

 

За програмата и за секторот

МСП претставуваат 99 проценти од сите бизниси на Западен Балкан и играат клучна улога во постигнување на целите за дигитализација и зелената транзиција, нагласувајќи ја потребата за одржливи деловни практики. Автоматизација и дигитализација  носат продуктивност, а претпријатијата кои ги усвојуваат овие технологии остваруваат пораст на ефикасноста од 20 проценти. Многу МСП на Западен Балкан имаат потешкотии во усвојување на дигиталните технологии и трансформацијата: основните нивоа на дигитализација се 20 процентни поени пониско во споредба со МСП во ЕУ, само една петтина од МСП продаваат онлај, а помалку од 10 проценти користат поиновативни дигитални решенија како клауд компјутинг, обемни податоци и виртуелна интелигенција. 

Со оглед дека МСП се соочуваат со предизвици да обезбедат соодветни средства за дигитализација и понатаму останува значаен неискористениот потенцијал за вложување во ИКТ на бизнисите, со цел да се поедностави  работењето, да се автоматизираат процесите, да се зголеми ефикасност, зголеми продажбата, подобри  корисничкото искуство и зголеми пазарното учество,  сите двигатели на конкурентноста. Оваа програма настојува да ги реши овие недостатоци на начин кој ќе делува во зајакнување на дигиталната свест и на пристапот до финансии.

МСП ќе може да се пријават за финансирање за широк  избор на технологии и инвестициски продукти, од едноставно усвојување решенија за автоматизација и роботизација во индустријата, до сложени дигитални алатки за одлучување и алатки за собирање и анализа на податоци, со што истото придонесуваат во декарбонизација и ефикасност на ресурсите. 

Кредитната линија ќе биде достапна во повеќе од 10 финансиски институции со кои ЕБОР ќе влезе во партнерство, вклучувајќи банки и лизинг компании во регионот.

Забрзување на дигиталната транзиција е еден од стратешките приоритети на ЕБОР. Повеќе информации за оваа  понуда на ЕБОР може да пронајдете на  линкот:https://www.ebrd.com/home/what-we-do/focus-areas/digitalisation.html

Банки

ЕБОР и ЕУ со 233 милиони евра за зелени инвестиции на компаниите од Западен Балкан

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), со поддршка од Европската Унија, ја проширува програмата „SME Go Green“ на Западен Балкан, со што дополнителни можности за зелено финансирање ќе добијат и малите и средни претпријатија во Северна Македонија.

Програмата, која се спроведува со поддршка на ЕУ преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF), ги опфаќа Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.

Во втората фаза се очекува да бидат обезбедени до 233 милиони евра кредитни линии од ЕБОР преку партнерски финансиски институции. Дополнително, предвидени се до 23,3 милиони евра инвестициски стимулации за компаниите што ги исполнуваат условите, како и 5,6 милиони евра за техничка помош.

Средствата треба да им помогнат на малите и средни компании да инвестираат во технологии и решенија со кои ќе го намалат влијанието врз животната средина, ќе ја подобрат енергетската и ресурсната ефикасност и ќе ја зголемат отпорноста на климатските промени и конкурентноста.

Програмата функционира преку локални партнерски финансиски институции, кои средствата од ЕБОР ги пласираат до компаниите. Инвестициските стимулации поддржани од ЕУ треба да ги намалат трошоците за зелените инвестиции, додека техничката помош е наменета за подготовка и проверка на проектите, подигнување на свеста и градење капацитети.

Посебен акцент е ставен на земјоделството и агробизнисот, обновливите извори на енергија и компаниите предводени од жени. Целта е истовремено да им се помогне на компаниите да се усогласат со стандардите на ЕУ и полесно да пристапат до нови пазари.

Програмата „SME Go Green“ беше започната во 2023 година. До средината на 2025 година ЕБОР веќе имаше пласирано 110 милиони евра преку 15 партнерски финансиски институции за поддршка на зелени инвестиции на малите и средните претпријатија низ регионот.

Продолжи со читање

Банки

„BACK TO YOU“ со NLB Next: Есенски попусти и поволности за враќање во форма

Објавено

на

NLB Banka Скопје ја продолжува кампањата „BACK TO YOU“, преку која корисниците на NLB Next можат да искористат есенски попусти и поволности поврзани со фитнес, активен живот и грижа за себе.

Кампањата е насочена кон враќање на здравите навики и мотивацијата за физичка активност, а банката преку своите канали ги претстави поволностите кај повеќе партнери.

Меѓу нив се FitActive, Natura Therapy, Magnus Fitness, Hardcore и FitHub, со понуди поврзани со тренинг, физичка активност, енергија и грижа за себе.

„Уште малку мотивација да продолжиш таму каде што застана. Врати се во форма, наполни се со енергија и направи нешто добро за себе“, порачуваат од NLB Banka.

Новите есенски попусти и поволности се достапни во рамки на NLB Next, како дел од кампањата „BACK TO YOU“.

Продолжи со читање

Банки

Комерцбанк бара договор меѓу УниКредит и германската влада за можната аквизиција

Објавено

на

Извршната директорка на Комерцбанк, Бетина Орлоп, ја нагласи важноста германската влада да биде вклучена во разговорите за евентуалното преземање на банката од страна на италијанската УниКредит.

„Важно е да има разговори меѓу двата големи акционери“, изјави Орлоп на конференција на Barclays, осврнувајќи се на средбата меѓу германскиот министер за финансии и првиот човек на УниКредит.

Според неа, евентуалната трансакција може непречено да се реализира само доколку постои договор и со вториот по големина акционер во Комерцбанк.

Орлоп и извршниот директор на УниКредит, Андреа Орчел, веќе водат формални разговори, додека можноста за преземање на германската банка станува сè поактуелна. Сепак, првите разговори покажале дека договор нема лесно да се постигне, бидејќи двете страни и натаму ги бранат сопствените стратегии.

Германската влада поседува околу 13 проценти од Комерцбанк, удел кој го задржа по спасувањето на банката за време на финансиската криза, и досега ѝ даваше поддршка на Орлоп.

Во понеделникот се одржаа и првите директни разговори меѓу Орчел и германскиот министер за финансии Ларс Клингбајл за можната трансакција.

„Очекуваме Комерцбанк да остане берзанска компанија со седиште во Франкфурт и да продолжи со своето силно работење со средните компании, и во Германија и на меѓународно ниво“, изјави Клингбајл по средбата.

УниКредит веќе обезбеди удел од речиси 50 проценти во Комерцбанк. Доколку ги добие потребните регулаторни одобренија за целосно преземање на понудените акции, италијанската банка би можела да располага со мнозинство од гласовите на акционерските собранија.

Орчел претходно најави дека по евентуалното преземање би можел да го промени Надзорниот одбор на Комерцбанк, а потоа и највисокото раководство. Тој планира и намалување на меѓународната мрежа на германската банка, предлог на кој Орлоп се спротивставува.

Орлоп, пак, посочи дека Комерцбанк мора јасно да знае во која насока ќе се движи и каква стратегија ќе следи во иднина.

Извор: De.yahoo.com

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange