Connect with us

Банки

Средба на Ангеловска-Бежоска и директорката Суперти: СЕПА е историски исчекор, сега банките треба да се подготват

Објавено

на

„Пристапувањето кон СЕПА претставува историски напредок на патот кон Европската Унија и потврда за реформите коишто ги предводеше Народната банка за исполнување на високите европски регулативни барања и стандарди во доменот на плаќањата. Народната банка и натаму посветено ќе работи на одржувањето на макроекономската стабилност, како и на надминувањето на предизвиците во сите области на делување заради овозможување усогласеност со европските стандарди.“ Ова беше посочено на состанокот меѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и директорката за Западен Балкан при Генералниот директорат за проширување и источно соседство при Европската комисија, Валентина Суперти, на кој присуствуваше и Зулфи Исмаили, амбасадор и шеф на Мисијата при ЕУ.

На состанокот се зборуваше и за натамошните активности во доменот на пристапувањето кон СЕПА со што им се овозможува на нашите банки, и покрај тоа што не сме членка на ЕУ, да пристапат до европските платежни системи. Сепак, за користење на придобивките од СЕПА треба да се надминат и сегашните предизвици. Притоа, гувернерката посочи дека централната банка заедно со банкарскиот сектор посветено работи на обезбедување целосна подготвеност за интегрирање во СЕПА до октомври 2025 година, што е првиот можен датум за влез на банките од земјите од Западен Балкан. Во соработка со меѓународните партнери, централната банка и натаму ќе го поттикнува и ќе го олеснува овој премин, обезбедувајќи техничка поддршка и регулаторен надзор за непречен и ефикасен процес на интеграција на банките.

На состанокот, гувернерката Ангеловска-Бежоска ја запозна директорката Суперти со последните макроекономски показатели коишто упатуваат на зајакната макроекономска стабилност, како и зајакната стабилност на банкарскиот систем.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска и директорката Суперти искажаа заемно задоволство од спроведувањето на проектните активности на Народната банка со поддршка од ЕУ за усогласување со највисоките европски стандарди и регулативи и изразија цврсти заложби за продлабочување на соработката.

Банки

Тимот на Комерцијална банка подготвен за штафетниот предизвик од 42 километри

Објавено

на

Тимскиот дух се гради пред трката, а се докажува на патеката. Со оваа порака, Комерцијална банка АД Скопје го претстави својот штафетен тим кој на 4 октомври ќе се соочи со предизвикот да истрча вкупно 42 километри.

Тимот го сочинуваат Искра, Горан, Јована и Мартин, кои велат дека за успешна штафета не се доволни само физичката подготовка и брзината, туку и добра стратегија, меѓусебна поддршка и силен тимски дух.

„Кога се трча штафета, најважно е секој успешно да го заврши својот дел. За нас, успехот не се мери само во секунди и километри, туку во тоа сите да стигнеме на целта здрави, насмеани и задоволни од заедничкиот резултат“, велат членовите на тимот.

Според нив, поддршката започнува многу пред стартната линија, преку заедничките подготовки, мотивацијата и размената на совети.

„На самата трка секој е сам на својата делница. Затоа, најголемата поддршка ја градиме деновите претходно. А на денот на трката доволни се насмевките и аплаузот во моментите на размена на штафетата“, посочуваат тие.

За тимот на Комерцијална банка, штафетата претставува многу повеќе од спортски предизвик – таа значи заедничко планирање, споделување искуства и подготовка за секој следен предизвик.

Од Банката истакнуваат дека нивните колеги уште еднаш покажуваат дека зад секој успех стојат посветеност, добра подготовка и тим кој секогаш е тука еден за друг.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка ја исплати паричната помош за август од социјална, детска и цивилна заштита

Објавено

на

НЛБ Банка информира дека е извршена исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за август 2026 година.

Корисниците на парична помош од социјална и детска заштита средствата можат да ги подигнат од банкоматите во секое време.

Од Банката потсетуваат дека клиентите имаат можност средствата да ги користат и безготовински, односно за плаќање во продажната мрежа, како и преку електронско и мобилно банкарство.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка со „Zipp-тември“: Попусти до 40 отсто, двојни поени и награди за членовите на Zipp Club

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје во текот на септември организира „Zipp-тември“, месец исполнет со дополнителни поволности, попусти, награди и забавни активности за членовите на Zipp Club.

Во рамки на промотивните активности, членовите на Zipp Club можат да користат дополнителни попусти до 40 отсто кај дел од Zipp партнерите.

За корисниците кои плаќаат со Zipp картичката е предвидена и можност преку BonusBox да собираат двојно повеќе поени, кои потоа можат да ги користат за дополнителни поволности и изненадувања.

Од Комерцијална банка најавуваат и цел месец дружења со изненадувања и подароци, како и доделување на наградите од Zipp наградната игра.

Како финале на „Zipp-тември“ е најавен и голем Zipp пикник.

Од Банката посочуваат дека повеќе детали за активностите и поволностите се достапни на веб-страницата kb.mk и на Instagram профилот на Zipp Club, а младите кои сè уште не се членови се повикуваат да се приклучат на клубот.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange