Connect with us
no baners

Осигурување

Триглав осигурување Живот се приклучи кон иницијативата на АСО – стипендија за дванаесеете најдобри студенти од Економскиот Факултет при УКИМ

Објавено

на

Успешно е реализирана иницијативата на Агенцијата за супервизија во осигурувањето за стипендирање на најдобрите дванаесет студенти од четврта година на Економскиот Факултет при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје, од страна на осигурителните компании.

Со огромно задоволство во оваа иницијатива зеде учество и Триглав осигурување Живот и овозможи да се помогне во градењето на знаење и создавање на нови млади експерти.

Стипендистот на Триглав осигурување Живот, Александар Николовски е студент од четврта година на студиите со висок просек и актуелен Претседател на Студентското факултетско собрание на Економскиот Факултет што е јасен показател за неговиот интерес кон областа која ја одбрал како негова понатамошна професија.

Триглав осигурување Живот е општоодговорна компанија која дава безрезевна поддршка на вакви проекти и се надеваме дека во иднина ќе имаме можност овие студенти да ги надградиме и со практична работа во нашето осигурително друштво и со нив да ги споделиме реалните работни процеси кои ќе им помогнат во градењето на идната работна кариера што ќе ги направи конкуретни на пазарот на трудот.”  – изјавија од Триглав осигурување Живот АД Скопје.

Бизнис

Средба со европски експерти од осигурителниот сектор

Објавено

на

Ни беше голема чест да бидеме дел од овогодишната средба на европските експерти од осигурителниот сектор. Оваа средба беше организирана во Македонија, Охрид, каде што можевме да слушнеме стручни мислења од врвни експерти.

Темите за кои се дискутираше на средбата беа од укажувањето на Агенцијата за супервизија на осигурувањето и тоа: анализа на ризик, објавување на стапки за брокеража, нееднаква положба на осигурително-брокерските и другите посредници во осигурувањето, примена на ИДД, за финансиски омбдусман, учество на брокери во јавните набавки, размена на искуства од повеќе земји и најновите трендови во осигурувањето.

Целта беше да се добие поширока слика за проблемите со кои се соочува пред сѐ осигурително-брокерското работење во Македонија, но и пошироки теми, кои се однесуваат на усогласувањето на работењето со европските стандарди и директиви.

Претставници од земјите-членки на ЕУ

  • Nic De Maesschalck – претседател на БИПАР и член на Insurance and Reinsurance Stakeholder Group – EIOPA
  • Karel Van Hulle – креатор на директивата Solvency II
  • Raminta-Zimkute-Pinele– претставник на Литванската асоцијација на брокерски друштва.

Учесници што ги споделија своите искуства на работењето во осигурителниот сектор во Македонија беа:

  • Александар Атески – Флекс Брокер
  • Никола Шарковски – Минт – инс
  • Д-р Оливера Клинчарова – Делта ИНС Брокер АД Скопје, која воедно е и претседателка на Асоцијацијата на брокерски друштва.

ПР објава

Продолжи со читање

Бизнис

Климе Попоски поднесе оставка од Управниот одбор на Македонија Осигурување АД Скопје – ВИГ

Објавено

на

Експертот за управување со ризик и осигурување, проф. д-р Климе Попоски, поднесе оставка од функцијата член и потпретседател на Управниот одбор на Македонија Осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп.

Оставката е доставена на 24 април 2025 година, а е констатирана истиот ден на седница на Надзорниот одбор на компанијата. Според официјалното соопштение објавено преку Македонска берза, Попоски ќе остане активен во своите извршни обврски сè до 31 мај 2025, додека оставката ќе стапи на сила од 1 јуни 2025 година.

„Ве известуваме дека на 24.04.2025 година г-дин Климе Попоски поднесе оставка од функцијата член и потпретседател на Управниот одбор на МАКЕДОНИЈА Осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп. Оставката на г-дин Климе Попоски е констатирана на седницата на Надзорниот одбор одржана на 24.04.2025 година. Оставката на г-дин  Климе Попоски е со важност од 01.06.2025 година. Г-дин Климе Попоски ќе ги извршува своите обврски како член и потпретседател на Управниот одбор заклучно со 31.05.2025 година“, соопштија од компанијата преку Македонска берза.

Професорот Попоски беше именуван во Управниот одбор во ноември 2024 година. И покрај краткиот мандат, неговото присуство внесе значајна експертиза во областа на осигурителната регулатива, управување со ризик и супервизија.

Кој е Климе Попоски?

Климе Попоски е долгогодишен универзитетски професор на Катедрата за осигурување при Факултетот за економија – Прилеп, дел од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Тој е еден од водечките експерти за осигурување во земјата, со богато искуство во јавниот и академскиот сектор.

Попоски е и основач и прв претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), институција која ја водеше цели 10 години, поставувајќи темели на современа регулатива и надзор во осигурителниот сектор во Северна Македонија.

Македонија Осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп

Како дел од Vienna Insurance Group (VIG), Македонија Осигурување АД Скопје е една од водечките осигурителни компании на македонскиот пазар, со силна позиција во сегментот на неживотно осигурување. Промената во Управниот одбор доаѓа во време кога индустријата се соочува со нови регулативни предизвици и сè поголема потреба од дигитализација и прилагодување на европските стандарди.

Продолжи со читање

Банки

Триглав Oсигурување Живот и Халкбанк со нови атрактивни можности за осигурување на живот за корисници на станбен кредит

Објавено

на

Станбениот кредит е одлична можност за решавање на значајната животна потреба за сопствен дом, кој пропратен со осигурување на живот за корисникот на кредитот е вистинското решение за финансиската сигурност и стабилност на целото семејство.

Атрактивната комбинација на банкарски и осигурителни производи овозможува кредит со вклучена полиса за осигурување на живот за кредитобарателот, која има за цел да обезбеди финансиска сигурност за неговото семејство во услови кога тоа се задолжува со висок износ и на долг временски период полн со неизвесности.

Триглав Осигурување Живот во соработка со Халкбанк креираше нови продукти за осигурување за сите корисници на станбен кредит, кои обезбедуваат месечно плаќање на премијата вклучена во амортизациониот план на кредитот.

Со овој новитет корисниците на станбен кредит во Халкбанк добија можност да склучат полиса која им обезбедува сигурна отплата на кредитот од страна на Триглав Осигурување Живот АД Скопје во случај на неочекуван немил настан (смрт) на кредитобарателот, при што полисата е вклучена и во амортизациониот план на кредитот.

“Овозможуваме уникатни производи креирани според потребите на клиентите кои се корисници на станбен кредит во Халкбанк. Тие имаат можност да изберат помеѓу три вида продукти за осигурување, кои им овозможуваат премијата да ја плаќаат месечно заедно со ануитетот за кредитот се до отплата на станбениот кредит, а им обезбедуваат и осигурување во случај на смрт од болест или незгода. Со ова на корисниците на станбен кредит им понудивме навистина квалитетна и максимално корисна понуда за осигурување при долгорочно кредитирање”, велат од Триглав Осигурување Живот АД Скопје.

Полисата за осигурување на живот на корисник на кредит е полиса со осигурена сума која го следи амортизациониот план на кредитот, а има за цел да обезбеди отплата на кредитот од страна на Триглав Осигурување Живот АД Скопје во случај на ненадеен немил настан (смрт) на кредитобарателот. Оваа полиса има можност и за вклучување две осигурени лица на една полиса, со што обезбедува отплата на кредитот во случај на неочекувана смрт на кој било од двајцата осигуреници.

За уште поголеми бенефити за клиентите, Халкбанк за корисниците на станбен кредит нуди и осигурителни полиси вклучени во амортизациониот план на кредитот, кои имаат и штедна компонента. Полисата за Ризико осигурување со 30% поврат на премија и Полисата за Осигурување на живот со штедење со двојна осигурена сума во случај на смрт се со фиксна осигурена сума во случај на неочекувана смрт за цело времетраење на осигурувањето, која е во висина на износот на станбениот кредит. Овие полиси примарно гарантираат отплата на кредитот во случај на неочекуван немил настан (смрт) на кредитобарателот, а можниот вишок на средства се исплаќа кон корисникот кој го одредил самиот кредитобарател, со што се обезбедува и дополнителна финансиска сигурност за најблиските. Штедната компонента, пак, гарантира поврат на вложените средства при доживеан истек на осигурувањето.

Со оваа заедничка понуда на Триглав Осигурување Живот и Халкбанк корисниците на станбен кредит добиваат ефикасно и персонализирано финансиско решение за остварување на една од најголемите животни желби без финансиски грижи и потешкотии.

За дополнителни информации за понудата, како и за да ви помогнеме да изберете најдобро решение за вашата финансиска сигурност, посетете ја најблиската филијала на Халкбанк АД Скопје.

Продолжи со читање

Популарно

no baners