Connect with us
no baners

Останато

Економскиот факултет – Скопје со честитка до проф. д-р Трајко Славески по повод изборот за гувернер на Народната банка

Објавено

на

Економскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје упати срдечни честитки до проф. д-р Трајко Славески по повод неговиот избор за гувернер на Народната банка на Република Северна Македонија.

Во честитката, Факултетот истакнува дека изборот на проф. д-р Славески, кој целата своја академска кариера ја посвети на Економскиот факултет – Скопје, претставува силно признание за неговата стручност, посветеност и значајниот придонес во развојот на економската наука и високото образование во земјава.

Ова е големо признание и за нашиот факултет, кој со децении е извор на кадар кој се истакнува со личен интегритет и професионализам. Горди сме што проф. д-р Славески е дел од нашето академско семејство,“ се наведува во соопштението.

Од Економскиот факултет му посакаа многу успех на новоизбраниот гувернер во извршувањето на оваа висока и одговорна функција, со уверување дека со своето искуство и знаење ќе придонесе за стабилен и одржлив економски развој на земјата.

Останато

Македонска берза ја поддржа подготовката на средношколците за Меѓународната економска олимпијада

Објавено

на

Македонска берза и годинава се вклучи во подготовките на националниот тим средношколци кои ќе ја претставуваат државата на Меѓународната економска олимпијада.

На настанот учествуваа и претставници на Комисија за хартии од вредност и Агенција за супервизија на осигурувањето, кои преку интерактивни презентации и практични примери им овозможија на учениците подобро да се запознаат со функционирањето на финансискиот систем.

Во рамки на обуката, учениците имаа можност да научат повеќе за финансиските пазари, институциите во финансискиот систем и нивната улога во економскиот развој, како и за основите на инвестирањето, тргувањето со хартии од вредност и функционирањето на пазарот на капитал.

Од Македонска берза им посакаа успех на младите економисти и ја истакнаа својата поддршка за нивното учество на меѓународниот натпревар. „Со среќа дечки“, порачаа од институцијата.

Продолжи со читање

Бизнис

„Мој ДДВ“ со технички проблеми: Граѓаните повеќе од три дена не можат да скенираат фискални сметки

Објавено

на

Граѓаните веќе неколку дена се соочуваат со потешкотии при користењето на апликацијата „Мој ДДВ“, поради што дел од корисниците не можат да се најават и да скенираат фискални сметки.

Според бројни пријави, при внесување на ПИН-кодот се појавува пораката „Нема конекција од УЈП“, што го оневозможува пристапот до системот. Корисниците посочуваат дека проблемот трае повеќе од 72 часа, предизвикувајќи незадоволство кај граѓаните кои редовно ја користат апликацијата за остварување поврат на ДДВ.

Од Управата за јавни приходи информираа дека апликацијата моментално работи со повремени забавувања и дека стручните тимови активно работат на утврдување на причините и отстранување на техничките проблеми, со цел услугата што поскоро да биде целосно функционална.

Засега, од УЈП не е соопштен конкретен рок кога апликацијата „Мој ДДВ“ повторно ќе функционира без прекини и ограничувања.

Продолжи со читање

Останато

Лидерите на Г-7 се собираат во Франција: Украина, Иран и вештачката интелигенција во центарот на разговорите

Објавено

на

Во францускиот град Евијан-ле-Бен денеска започнува тридневниот Самит на Групата седум најразвиени економии (Г-7), на кој светските лидери ќе разговараат за низа безбедносни, економски и технолошки предизвици.

На состанокот учествуваат претставниците на САД, Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија, а меѓу главните теми се војната во Украина, ситуацијата на Блискиот Исток, глобалните економски текови и развојот на вештачката интелигенција.

Една од клучните цели на европските сојузници е да се одржи заедничкиот пристап кон поддршката за Украина. Се очекува лидерите да разменат ставови за понатамошната воена и финансиска помош за Киев, како и за можните дипломатски иницијативи поврзани со конфликтот со Русија.

На самитот е најавено учество и на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој ќе има средби со дел од лидерите на земјите членки.

Во фокусот ќе биде и неодамнешниот договор меѓу САД и Иран, кој според најавите треба да придонесе за намалување на тензиите во регионот. Лидерите ќе разговараат за неговите потенцијални последици врз безбедноста и енергетските пазари, како и за значењето на повторното отворање на Ормускиот Теснец за глобалната трговија.

Покрај политичките и безбедносните прашања, учесниците ќе дебатираат и за економските нерамнотежи во светот и за потребата од поголема координација во регулирањето и развојот на технологиите базирани на вештачка интелигенција.

На разговорите ќе се приклучат и претставници на Египет, Катар и Обединетите Арапски Емирати, со цел да придонесат кон дискусиите за стабилноста и безбедноста на Блискиот Исток.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange