Connect with us
no baners

Осигурување

Триглав Осигурување Живот АД Скопје со низа привилегии за корисниците на кредит во Халкбанк АД Скопје

Објавено

на

Живеењето во модерно време не наведува на многу компромиси, каква иднина не очекува, дали да се лишиме од посакуваните нешта или пак дали токму сега е вистинското време да инвестираме во нешто кое ни недостасува?

Секој сака нов дом или да си го овозможи она за коешто отсекогаш сонувал. Размислуваме, бараме опции, но секогаш постои страв и несигурност од тоа каква иднина не очекува. Тргнувајќи од ова многу често размислување кај секој од нас Триглав осигурување Живот во својата палета на производи го понуди и осигурувањето на Живот за корисници на кредит производ кој нуди сигурна и безбедна иднина секој корисник на кредит во Халкбанк АД Скопје.

Линијата на осигурување нуди покритие за потрошувачки, хипотекарен или станбен кредит, при што Триглав Живот нуди отплата на преостанатиот дел од кредитот при евентуален несакан штетен настан на корисникот на кредитот. Во тој случај семејството на корисникот на кредит е ослободено од било каква обврска кон преостанатата исплата на кредитното задолжување. Бенефиција плус е што корисникот кој има склучено полиса за осигурување на живот многу поедноставно и побрзо добива одобрување на бараниот износ за кредитирање. Овие производи на Банката се дополнително обезбедени и со полиса за осигурување од незгода која Банката ја издава од Халк Осигурување АД Скопје, со што клиентите добиваат дополнителна заштита во случај на несакан несреќен настан, а со тоа и еден комплетен пакет на осигурување со максимална заштита.

Направивме повеќе модели како можност за уплата на премијата за осигурување па така кај станбените и хипотекарните кредити е понудена можност за еднократна или годишна уплата во зависност од изборот на кредитобарателот, а потрошувачките кредити се со можност за еднократна уплата на премијата за осигурување.

Успешната соработка на Халкбанк АД Скопје и Триглав осигурување Живот е веќе докажана низ годините наназад и многу наши граѓани, корисници на кредит во Банката кои склучиле и полиса за животно осигурување веќе ги почувствувале привилегиите кои ги нуди ова партнерство.

Животот е сега. Преточете ги своите мечти во реалност, а ние ќе се погрижиме да останете безбедни и сигурни.

Сè ќе биде во ред.

Осигурување

Регионална експанзија на АЛТА Група: Со преземањето на ЗОИЛ Македонија АД Битола воспоставен интегриран систем на банкарски и осигурителни услуги

Објавено

на

АЛТА Група продолжува со силно регионално позиционирање како единствен систем на финансиски институции, проширувајќи го својот деловен екосистем и во областа на осигурувањето.

По успешните инвестиции во банкарскиот сектор, нова членка на АЛТА Група станува ЗОИЛ Македонија АД Битола, која во наредниот период, по добивање на сите регулаторни одобренија, ќе работи под името АЛТА Осигурување.

Со овој стратешки чекор, АЛТА Група јасно ги потврдува своите регионални амбиции и намерата да биде еден од клучните финансиски актери на пазарот на Западен Балкан.

Со преземањето на ЗОИЛ Македонија АД Битола, АЛТА Група воспоставува интегриран модел на финансиски услуги во кој банкарството, лизингот, електронските и платните сервиси, како и осигурувањето, се обединети во рамки на еден силен и доверлив систем.

Оваа консолидација на клиентите во Северна Македонија им носи повисоко ниво на достапност и ефикасност, овозможувајќи пристап до широк спектар на банкарски и осигурителни производи на едно место. Во рамки на осигурувањето ќе бидат понудени клучни видови на неживотно осигурување – заштита на возила, имот, домаќинства, патувања и деловни активности, со внимателно креирани пакети прилагодени на потребите на граѓаните, претприемачите и компаниите.

Со воведувањето на осигурувањето во постојната понуда се обезбедуваат дополнителни придобивки за клиентите. Корисниците ќе имаат поедноставени процеси, побрза обработка на барањата и појасен пристап до финансиска и сигурносна заштита во рамки на една институција. Интегрираниот модел „сè на едно место“ е усогласен со европските практики и овозможува поголема ефикасност, заштеда на време и полесно донесување финансиски одлуки.

Овој исчекор во индустријата на осигурување го потврдува долгорочниот стратешки цел на АЛТА Група – создавање модерен, регионално релевантен финансиски систем кој ги поврзува клучните сегменти на пазарот и на клиентите им обезбедува интегрирани финансиски и осигурителни решенија.

АЛТА Група ќе ја предводи модернизацијата на целиот систем преку технолошко унапредување и усогласување на процесите, со цел зајакнување на комерцијалната конкурентност и поставување цврсти темели за понатамошен раст и посилен пазарен настап.

Со проширувањето на портфолиото на осигурување, АЛТА Група дополнително го зајакнува своето присуство во Северна Македонија и ја потврдува визијата за изградба на современ финансиски систем кој промовира одржливо работење и развива долгорочни партнерски односи со клиентите низ целиот регион.

Продолжи со читање

Бизнис

Триглав ќе дели бруто дивиденда од 3 евра по акција

Објавено

на

Управниот одбор и Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав предлагаат распределба на дивиденда во износ од 68,2 милиони евра, што е за 7% повеќе од минатата година.

Управниот одбор и Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав на овогодинешното Годишно собрание на акционери, ќе предложат исплата на дивиденда од 3,00 евра бруто по акција, односно вкупно 68,2 милиони евра. Предложената дивиденда е во согласност со дивидендната политика на Друштвото и претставува распределба на 50% од нето-добивката на Групацијата Триглав за 2025 година.

Се очекува известувањето за свикување на овогодинешното Годишно собрание на акционери на Заваровалница Триглав да биде објавено на 23-ти април 2026 година, а Годишнто собрание е закажано да се одржи на 2-ри јуни 2026 година.

Андреј Слапар, претседател на Управниот одбор на Заваровалница Триглав, изјави: „Наша цел е да обезбедиме акцијата на Триглав да остане стабилна, профитабилна и сигурна инвестиција што ги исполнува очекувањата на акционерите, вклучително и преку нејзиниот дивиденден принос. Оваа година, предложивме распределба на дивиденда во износ еднаков на половина од минатогодишната консолидирана нето-добивка, што е во согласност со дивидендната политика. Во моментов, тоа претставува приближен дивиденден принос од 4,8% на акцијата ZVTG, што е над просекот за европските осигурители. Овој предлог, на избалансиран начин ги зема предвид сите цели на дивидендната политика, вклучително и остварувањето на високите амбиции во однос на развојот и растот на Групацијата Триглав во стратешкиот период. Истовремено, ќе продолжиме да обезбедуваме капиталната адекватност на Групацијата Триглав да остане во рамки на целниот опсег на среден рок, бидејќи таа претставува основа за успешно работење и сигурност на нашите клиенти. Сметаме дека предложената дивиденда овозможува развој на Групацијата Триглав во посакуваната насока, а притоа продолжува да ги исполнува очекувањата на акционерите.“

Предлогот на Управниот одбор и на Надзорниот одбор во однос на овогодинешната дивиденда е во согласност со дивидендната политика и политиката за управување со капиталот на Групацијата Триглав. Тој ѝ овозможува на Заваровалница Триглав да одржува соодветно ниво на капитал потребно за обезбедување на целната среднорочна капитална адекватност, паралелно со континуиран раст на работењето. Воедно, настојува да ги исполни очекувањата на акционерите што произлегуваат од дивидендната политика, остварените деловни резултати и деловниот развој на Заваровалница Триглав. Доколку капиталните барања на Заваровалница Триглав се зголемат во иднина, ќе се постапува во согласност со усвоената политика за управување со капиталот.

Надзорниот одбор го одобри ревидираниот Годишен извештај на Групацијата Триглав и на Заваровалница Триглав за 2025 година, кој, во согласност со финансискиот календар, ќе биде објавен во понеделник, 30-ти март 2026 година. Се очекува Друштвото на 23-ти април 2026 година да го објави свикувањето на редовното Годишното собрание на акционери, кое е закажано да се одржи на 2-ри јуни 2026 година.

Продолжи со читање

Осигурување

Black Friday понуда на Croatia Осигурување: 70% попуст за годишно патничко осигурување

Објавено

на

Croatia Осигурување објави промотивна Black Friday акција со која нуди 70 проценти попуст на годишно патничко осигурување, достапно до 31 март 2026 година.

Според компанијата, осигурувањето опфаќа покриеност до 120 дена во текот на годината и е наменето за сите кои сакаат сигурност при патување, без разлика на дестинацијата.

Понудата вклучува брза и едноставна онлајн регистрација, како и целосна заштита од непредвидени ситуации кои можат да ги нарушат патувањата. Од компанијата посочуваат дека ваквиот тип осигурување овозможува поголема сигурност и мир за корисниците при нивните патувања.

Акцијата важи исклучиво за пријави направени онлајн преку официјалната платформа на Croatia Осигурување.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange