Connect with us

Продукти

Централна кооперативна банка воведе најповолни промотивни услови на пазарот за девизни дознаки во евра

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје воведе најповолни промотивни услови на пазарот – за девизни дознаки во евра спроведени преку TARGET2 односно за сите клиенти кои дозначуваат средства кон банки учесници во TARGET2 со опција SHA/BEN по тарифа со фиксни 250 МКД за дознаки реализирани преку CCB online/mobile или со фиксни 500 МКД реализирани преку Експозитурите на Банката.

Системот TARGET2 е платен систем на Еврозоната и негови членки се сите земји од Европската Унија и Европската економска област (European Economic Area EEA) – како директни учесници.  Како индиректни учесници вклучени се бројни други банки од Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Кина,Турција, САД и други држави, односно потенцијалот за спроведување плаќања е кон повеќе од 52 илјади банки во светот.

Кои се предности на плаќањата извршени преку системот TARGET2:

  • Тарифата е најниска во однос на сите банки во Македонија – за извршување на EUR плаќања, само кон учесници на TARGET2,
  • Во процесот нема коресподентски банки односно се избегнува подолгото време на процесирање,
  • Плаќањето е брзо – во рок до  5 минути средствата се во банката на корисникот,
  • Веднаш се спроведува порамнување со банката на корисникот, доколку истата е членка на TARGET2,
  • Плаќањето е сигурно – се работи за Европски централизиран и постојан платен систем,
  • Клиентот односно Налогодавачот добива  можност за плаќања преку  најефтин канал бидејќи нема високи дополнителни  трошоци од коресподентни банки врз износот на дознаката,
  • Примачот добива износ намален за минимални  трошоци (3 еур  и трошоци од банката на корисникот – доколку такви  постојат).

Банки

Животните ја обожаваат оваа реклама на Халкбанк!

Објавено

на

За промоција на земјоделски кредит, Халкбанк создаде реклами обложени со четки што добитокот може да ги користи за чешање.

Чешањето е природна потреба кај добитокот и важен дел од неговата благосостојба. Редовното чешање ја подобрува циркулацијата и придонесува животните да бидат поздрави и поспокојни, а подобрата благосостојба на добитокот значи и подобра продуктивност.

Токму од овој едноставен факт произлезе The Scratching Ad ‒ новата кампања за промоција на земјоделски кредит на Халкбанк.

Наместо рекламите само да зборуваат за подобра продуктивност, Халкбанк создаде реклами што директно ги зголемуваат продуктивноста и среќата на добитокот. За таа цел, промотивното возило и рекламните површини беа обложени со специјални четки за чешање и беа однесени директно кај фармерите и нивните животни.

Така, рекламата стана практична демонстрација на она што го нуди земјоделскиот кредит, а тоа е поддршка за подобри услови, поздрав добиток и попродуктивни фарми.

За земјоделскиот кредит може да аплицирате во најблиската филијала на ХАЛКБАНК. Кредитната линија е за индивидуални земјоделци, трговци поединци, микро, мали и средни претпријатија ‒ со износ од 5.000 до 250.000 евра.

ПР објава

Продолжи со читање

Продукти

Нулта толеранција за измами: Владата усвои нова Стратегија за заштита на финансиските интереси на ЕУ во земјава до 2030 година

Објавено

на

Владата на последната седница ја усвои Стратегијата за борба против измами и заштита на финансиските интереси на Европската Унија во земјава за период 2026–2030 година, со цел зајакнување на контролата и транспарентноста во користењето на националните и европските јавни средства.

Стратегијата е подготвена во рамки на обврските од Националната програма за усвојување на правото на ЕУ (НПАА), во Поглавјето 32 – Финансиска контрола, кое ги опфаќа јавната внатрешна финансиска контрола, надворешната ревизија, заштитата на финансиските интереси на ЕУ и заштитата на еврото од фалсификување.

Документот е изработен од АФКОС-одделението при Министерството за финансии, во соработка со институциите од АФКОС-мрежата, органите задолжени за управување со средствата од Европската Унија и Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ).

Стратегијата предвидува мерки за поефикасна превенција, навремено откривање, истрага и санкционирање на неправилности и измами, како и подобрување на механизмите за поврат на неправилно искористени средства. Дополнително, се очекува зајакнување на институционалните капацитети и воведување поефективни алатки за спречување финансиски злоупотреби.

Документот го промовира принципот на „нулта толеранција за измама“ при користењето на европските фондови и претставува продолжување на реформските активности започнати со првата Национална стратегија за борба против измами, усвоена во 2019 година.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка со промотивна камата од 4,9 отсто за Mastercard Platinum картичката

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје нуди промотивна каматна стапка од 4,9 отсто за сите купувања направени со Mastercard Platinum кредитната картичка до крајот на годината.

Картичката е наменета за корисници кои, покрај можноста за плаќање на кредит, бараат и дополнителни поволности при патување.

Меѓу придобивките се бесплатен пристап до повеќе од 1.800 аеродромски деловни салони преку програмата LoungeKey, како и можност за користење дополнителни поволности преку Mastercard Travel Rewards.

Барање за картичката може да се поднесе онлајн преку интернет-страницата на банката, преку услугата 24/7 АлоКредит на телефонскиот број (02) 15 110 или во најблиската филијала на Стопанска банка.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange