Банки
ЕБОР овозможува 4 милиони евра за кредитирање на домаќинствата во Македонија преку НЛБ Банка
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Европската Унија (ЕУ) и Јапонија го подржуваат зеленото финансирање во С. Македонија со нови средства за НЛБ Банка АД Скопје.
Кредитот на ЕБОР од 4 милиони евра доделен на НЛБ Банка АД Скопје, ќе ги поддржи инвестициите во енергетска – ефикасност за домаќинствата, станбените заедници, производителите и давателите на услуги. Покрај кредитите, клиентите ќе добијат и поврат на средствата од грантот доделен од Европската Унија (ЕУ) и Јапонија, во износ до 20 отсто од целата инвестиција.
Договорот за кредит беше потпишан од Матео Колангели, Регионален Директор за Западен Балкан на ЕБОР, и Тони Стојановски, Главен и извршен директор, Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје.
Матео Колангели изјави: ,, Овој кредит ќе ја овозможи транзицијата кон зелена енергија преку финансирање на надградбите на енергетска ефикасност во станбените згради, кои се најголеми потрошувачи на енергија во земјата. Партнерството со локалните финансиски институции како НЛБ Банка АД Скопје, е основа за успех на ваквите иницијативи, бидејќи ги зајакнува локалните финансиски еко-системи и обезбедува услови финансирањето да стигне до населението на поефикасен начин. Овој проект не само што промовира зелена и одржлива иднина на С. Македонија, туку носи и директни бенефити на граѓаните, преку намалување на сметките за електрична енергија и подобрување на животите на сопствениците на домовите.”
Тони Стојановски, Главен извршен директор и Претседател на Управниот Одбор на НЛБ Банка Скопје изјави: „ Среќни сме што ја продолжуваме соработката со Европската банка за обнова и развој и што партнерски го унапредуваме зеленото кредитирање, овозможувајќи полесен пристап на домаќинствата до поволни средства за финансирање на проекти кои придонесуваат за енергетска ефикасност и заштита на животната средина, а кои пак се значаен столб на нашата политика за одговорно кредитирање. Оваа соработка ја нагласува нашата заедничка визија за одржлива иднина и поттикнување на зелената транзиција во финансискиот сектор“.
Овој кредит на НЛБ Банка е под Програмата за финансирање на зелената економија за Западен Балкан на ЕБОР (EBRD’s Western Balkans Green Economy Financing Facility – GEFF), и ќе ги поддржи со високите перформанси на зелените технологии, материјалите и решенијата за станбените објекти и згради во приватна сопственост. Инвестициите во опрема која заштедува енергија, како што е изолацијата, прозорците, топлотните пумпи и соларните панели, ќе ги намалат емисиите на стакленички гасови, ќе ги намалат трошоците за енергија и ќе го подобрат квалитетот на живеење на станарите. Исто така, ќе помогнат во справување со високата потрошувачка на енергија и емисиите на јаглерод на станбениот сектор во земјата.
Кредитот ќе го олесни пристапот за транзиција на зелената енергија на Банката, со поддршка на Фондот за соработка Јапонија-ЕБОР и ЕУ, преку Инвестициската рамка за Западен Балкан .
Во помалку од седум години, над 18,000 домаќинства од Западен Балкан инвестираа над ЕУР 100 милиони во мерки за заштеда на енергијата, како изолација, топлотни пумпи, нови прозорци и соларни панели, благодарение на Програмата за финансирање на зелената економија за Западен Балкан на ЕБОР (EBRD’s Western Balkans Green Economy Financing Facility – GEFF), која беше промовирана во 2017 година.
Оваа Програма е поддржана од ЕУ преку Заедничкиот европски фонд за Западен Балкан (European Western Balkans Joint Fund – EWBJF) преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (Western Balkans Investment Framework-WBIF), а како дел од Програмата за регионална енергетска ефикасност (Regional Energy Efficiency Programme), како и билатералната донаторска поддршка.
НЛБ Банка АД Скопје е универзална комерцијална банка и е третата банка по големина на пазарот во земјата.
ЕБОР е главниот институционален инвеститор во Северна Македонија. До денес има инвестирано над ЕУР 2,9 милијарди во 196 проекти во земјата.
Банки
Централна кооперативна банка: Исплатени пензиите за февруари
Централна кооперативна банка АД Скопје ги информира своите клиенти – пензионери дека средствата по основ на пензии за месец февруари 2026 година се префрлени на сметките на корисниците.
Пензионерите кои располагаат со дебитни картички можат да ги подигнат средствата на банкоматите на ЦКБ или да ги користат за безготовински плаќања во трговијата, почнувајќи од денес (2 март 2026 година).
Банки
Нето-добивката на Erste Групација лани достигна 249 милиони евра
Нето-добивката на „Erste&Steiermärkische Bank“ (ESB) на ниво на групација, по одбивање на малцинските интереси, во 2025 година изнесува 249 милиони евра, што претставува раст од 0,8 проценти во однос на претходната година.
Нето-приходот од камати на ESB групата достигнал 442 милиони евра, што е зголемување од 1,8 проценти во споредба со 2024 година. Истовремено, нето-приходот од провизии и надоместоци изнесувал 144 милиони евра, што претставува значителен раст од 7,5 проценти на годишно ниво.
Вкупната актива на групата на крајот на декември 2025 година достигнала 17,6 милијарди евра, што е за 6,8 проценти повеќе во однос на крајот на 2024 година, кога изнесувала 16,5 милијарди евра. Кредитите кон клиентите на крајот на минатата година изнесувале 10,5 милијарди евра, бележејќи раст од 8,5 проценти. Истовремено, депозитите на клиентите достигнале 13,6 милијарди евра, што претставува зголемување од 8,3 проценти во однос на претходната година.
„Во текот на 2025 година ги задржавме стабилните и позитивни оперативни трендови, што резултираше со солидни финансиски резултати на банката и локалната групација. Забележавме раст на кредитирањето и во сегментот на населението и во сегментот на корпоративните клиенти, додека депозитите продолжија со стабилен пораст. Истовремено, користењето на нашите дигитални канали бележи силен и континуиран раст“, изјави претседателот на Управата на „Erste&Steiermärkische Bank“, Кристоф Шефбек.
Според неревидираниот неконсолидиран финансиски извештај, кој ги опфаќа резултатите на банката без зависните друштва, нето-добивката на Erste банката во 2025 година изнесува 230 милиони евра, што е зголемување од 1,8 проценти во однос на претходната година.
Во истиот период, нето-приходот од камати е зголемен за 5,9 проценти и достигнал 397 милиони евра, додека нето-приходот од провизии и надоместоци пораснал за 15,3 проценти, на 113 милиони евра. Најголем дел од овој раст се должи на интеграцијата на сегментот за издавање кредитни картички од Erste Card Club во рамки на Erste банката, се наведува во соопштението.
Банки
Народната банка ја зајакнува заштитата на готовинскиот платен промет со нова напредна технологија
Дирекцијата за трезорско работење при Народната банка ја унапреди својата техничка опременост со современ уред за спектрална анализа од типот „Regula“, со цел дополнително зајакнување на сигурноста на готовинскиот платен промет и заштитата на граѓаните од фалсификувани банкноти.

Со примената на оваа напредна технологија се овозможува брзо, прецизно и детално откривање на најсуптилните разлики меѓу оригиналните и фалсификуваните банкноти, без разлика дали станува збор за денари или за други валути што циркулираат во оптек. Новиот систем овозможува и засилена контрола на квалитетот на новите изданија на банкноти, што дополнително ја зголемува безбедноста и довербата во готовинските плаќања.
Со ова се очекува:
- Поголема заштита од фалсификати
- Побрза и поточна анализа на сомнителни банкноти
- Засилена контрола на квалитетот кај новите изданија банкноти
Од Народната банка истакнуваат дека ваквите инвестиции значат директна заштита на финансиските средства на граѓаните и компаниите и претставуваат дел од континуираните напори за примена на највисоки стандарди и современи технологии во функција на стабилен и безбеден финансиски систем.





-
Продуктипред 2 месециАЛТА Банка со нов потрошувачки кредит со најповолни услови на македонскиот пазар
-
Банкипред 2 месециПредности и поволности на новата Халки картичка за деца
-
Продуктипред 1 месецШтедењето како резолуција за 2026 – Промо депозитот на Халкбанк како прв чекор
-
Продуктипред 1 месецКомерцијална банка: Воведуваме ново ниво на сигурност при интернет плаќања со картичка и трансакции преку мБанка
-
Бизниспред 4 неделиУЈП започна со исплата на повратот од „Мој ДДВ“ за четвртиот квартал 2025
-
Банкипред 2 месециНародна банка: Натамошен динамичен раст на дигиталните плаќања
-
Останатопред 4 неделиАЛТА банка АД Битола со стабилна капитална позиција, но значителен пад на профитабилноста во транзициската 2025 година
-
Банкипред 1 месецДобра вест за акционерите: Комерцијална банка со 8% повисока дивиденда за 2025 година

