Банки
Несовршено совршен – HalkEZ пакет за млади. И во ред е да не е совршено.
Започнувањето на студентскиот живот е мешавина од возбуда и хаос. За некои значи нов град и барање сместување, за сите – поголеми трошоци за секојдневни потреби и адаптација на нова средина, бескрајни редици за упис, изгубени моменти во потрага по вистинската предавална, навикнување на новите професори, или трка по документи и уплатници. Овие почетоци не наликуваат на совршена сцена од филм – но тоа е реалноста со која ќе се соочи секој студент. А, токму таа несовршеност го прави искуството автентично.
Халкбанк ја препознава токму таа реалност и со кампањата „Несовршено совршен –HalkEZ пакет за млади“ испраќа порака дека е во ред да се греши, да се лута низ ходници, да не се добие 10-ка на испит и да се учи во движење. Несовршеноста е дел од патот кон самостојноста, а HalkEZ е тука да го олесни оној дел од приказната што се однесува на првите банкарски искуства, бидејќи за многу студенти, банкарството е исто толку ново колку и почетокот на студентскиот живот. Отворањето на платежна сметка, користењето на картичка или онлајн трансакциите се чекори што ја означуваат нивната нова самостојност…
Во оваа реалност се вклучува и HalkEZ пакетот за млади, дизајниран за генерацијата што живее брзо, дигитално, динамично и несовршено. Пакетот наменет за млади на возраст од 16 до 24 години, сигурно не е совршен, но нуди:
- Подигнување готовина од банкомати во земјата и во странство со Виза дебитна картичка за млади.
- Без надомест за водење на трансакциска сметка.
- Бесплатен пристап до електронско и мобилно банкарство.
- SmartSend – брзо и едноставно префрлање средства со еден клик на контактите од телефонскиот именик.
- SmartCash – подигање готовина од банкомати на Халкбанк без употреба на картичка.
- Е-касичка – можност за автоматско штедење на „кусурот“ при секое плаќање со картичка.
- Можност за бесконтактно плаќање со Garmin часовници.
- Низа дополнителни промоции и поволности специјално наменети за младите.
А за да го одбележи стартот на оваа иницијатива, Халкбанк подготви изненадување за првите 50 студенти кои до 3 октомври ќе отворат HalkEZ пакет. Овие лица ќе добијат кредит од 600 денари преку платформата „Корпа“ како мал знак дека несовршениот почеток може да биде и охрабрувачки.
„Младите растат преку несовршените моменти. Затоа, сакаме да им кажеме дека е во ред да се соочуваат со гафови и хаос, зашто токму тие моменти, во иднина ќе ги изградат во силни личности што ќе знаат да се справат со секакви ситуации. А HalkEZ е тука да им го олесни првиот чекор во светот на банкарството и да им даде поддршка што се вклопува во нивниот стил на живот“, велат од Халкбанк.
Со HalkEZ банкарскиот пакет за млади на возраст од 16 до 24 години, тие добиваат партнер што ќе ги следи во секојдневните предизвици, средношколските денови и првиот ден на факултет, па сè до моментите кога ќе се чувствуваат самостојни. Несовршено совршено, како и нивното секојдневие.
Банки
АЛТА Банка Белград го зголеми уделот во АЛТА банка Битола на 95,266%
АЛТА БАНКА АД Белград дополнително ја зацврсти својата сопственичка позиција во АЛТА банка АД Битола, откако се стекна со уште 60 обични акции од македонската банка.
По последната трансакција, белградската банка располага со вкупно 372.468 обични акции, односно со 95,266 отсто од вкупниот број издадени обични акции на АЛТА банка АД Битола.
Известувањето е објавено согласно Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје, кои предвидуваат објавување на промени кај акционери со значителни удели.
Банки
Комерцијална банка: Исплатата на пензиите за септември започнува на 1 октомври
Комерцијална банка АД Скопје информира дека исплатата на септемвриските пензии ќе започне од четврток, 1 октомври.
Пензионерите кои користат дебитна картичка ќе можат да располагаат со својата пензија истиот ден. Од банката препорачуваат средствата да се користат безбедно и удобно, преку безготовинско плаќање во продавници или онлајн, како и преку подигнување готовина од банкомат.
За пензионерите кои сакаат да ја подигнат пензијата во филијала или експозитура, исплатата ќе биде достапна од 1 октомври и во секој работен ден после тоа.
Од Комерцијална банка посочуваат дека мапата со локациите на филијалите и експозитурите е достапна на следниот линк: https://www.kb.mk/lokacii-kb.nspx?type=branch
Банки
Базелскиот комитет предупредува: Финансиските ризици стануваат сè поповрзани
Ризиците во глобалниот финансиски систем стануваат сè поповрзани, додека меѓународната соработка меѓу банкарските супервизори слабее, предупреди претседателот на Базелскиот комитет за банкарска супервизија, Ерик Тедеен.
Говорејќи на Меѓународната конференција на банкарски супервизори во Бали, Тедеен посочи дека фрагментацијата на глобалната супервизија може да го отежне навременото препознавање и управување со ризиците кои лесно се пренесуваат од една земја и финансиски пазар на друг.
Според него, послабата меѓународна координација може да создаде и поголем простор за таканаречена регулаторна арбитража, односно финансиските институции да ги насочуваат активностите кон пазари каде што правилата и надзорот се поблаги.
Посебен предизвик претставуваат новите технологии, вклучително и вештачката интелигенција, кои можат да создадат нови видови ризици и да ја зголемат меѓусебната поврзаност на финансиските институции.
Базелскиот комитет истовремено продолжува да инсистира на целосна примена на реформите познати како Базел III, воведени по глобалната финансиска криза со цел банките да располагаат со поголем капитал и подобра заштита од идни финансиски шокови.
Пораката до банкарскиот сектор е дека во услови на геополитички тензии, технолошки промени и сè поголема поврзаност на финансиските пазари, националниот надзор сам по себе не е доволен и дека прекуграничната соработка останува клучна за финансиската стабилност.
-
Банкипред 2 месециПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Кариерапред 2 месециНародната банка вработува седум лица: Плати до 91.385 денари
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Групацијата вработува специјалист за Управување со ризици/финансии
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја исплати паричната помош за корисниците на социјална, детска и цивилна заштита
-
Банкипред 1 месецНОВО: Комерцијална банка воведе штедење на 25 и на 40 месеци со фиксни каматни стапки
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
-
Банкипред 1 месец10% поврат на средства со Mastercard картичките на Стопанска банка секој први во месецот





