Connect with us
no baners

Бизнис

За прв пат во Македонија, Иуте воведе целосно автоматизиран систем за обработка на кредитни апликации, достапен 24/7

Објавено

на

no baners

Македонскaта финансиска сцена го доби првото целосно автоматизирано решение за одобрување на потрошувачки и наменски кредити за апликации поднесени преку кој било канал.

Овој модел кој пионерски го воведе Иуте Македонија овозможува целиот циклус на анализа и одобрување да се врши 100% автоматски и дигитално, во реално време и преку мобилната апликација Myiute, пришто целата процедура се скратува од досегашните 15 на само 3 минути. 

Автоматизираното носење на одлуки се базира наминимална или никаква човечка интервенција поткрепенаод ВИ (вештачка интелигенција) и машинско учење, додека системите се дизајнирани со максималнатранспарентност, одговорно кредитирање, усогласеностсо регулативи и заштита на приватноста на податоците.

Иуте веќе неколку години користи напредна технологија и модели базирани на наука на податоци, машинско учење, ВИ бизнис анализа и автоматизирани секвенци, но со овој модел се прави заокружување на целиот процес на автоматизација. 

Говориме за прв модел од ваков тип на пазарот кој работи врз база на напредни алгоритми за проценка, модел којправи анализа во реално време на поднесување и разгледување на апликацијата на клиентот, со комбинирање на официјални институционални податоци (Агенција за вработување, Управа за јавни приходи, Фонд за пензиско и инвалидско осигурување и МКБ) и интегрирани модели за  сегментација и проценка на ризиците, пришто апликацијата MyIute комуницира со Македонското Кредитно Биро преку API интеграции. Се прави моментално вчитување на податоци преку софистицирана клиентска платформа (new core), на сите барања за кредит, без оглед на каналот преку кој се поднесени: мобилна апликација, експозитура или контакт центар – овозможувајќи персонализирано и унапредено корисничко искуство. Ако досега за целиот процес – од поднесување, до разгледување, анализа и одобрување биле потребни 15 минути, со новиот модел се добива инстант одговор и процесот се заокружува за 3 минути, пришто системот автоматски генерира персонализиранапонуда која е најсоодветна според профилот наклиентот.”-вели Александар Тишовски, Директор на сектор технологија и оперативно работење.

Развојот на решението беше од страна на мултидисциплинарен развоен тим од групацијата ИутеЕстонија, во партнерство и локална имплементација со тимот на Иуте Македонија.

Иуте го гради финтек моделот на иднината, преку брза и напредна технологија во служба на иновацијата, но сигурноста, довербата и заштитата на личните податоци секогаш останува на прво место.

Целиот процес се одвива преку мобилната апликација Myiute, додека процесот на идентификација се одвива преку регистрирана шема за електронска идентификација, во партнерство со Евротруст, којагарантира највисоко ниво на сигурност и усогласеност со законската регулатива. Сите верификации се вршат преку високо енкриптирани канали. Податоците не се складираат локално – се користи пристап во реално времена таканаречен облак за дополнителна сигурност како најнова технологија.

Автоматизирањето на процесите е во служба на поголема безбедност, каде што напредната технологија освен што во секунди анализира илјадници податоци, овозможува иавтоматско блокирање на сомнителни однесувања на клиентите.

Со користење на овие напредни модели за машинско учење и автоматизирани процеси, може прецизно да се процени кредитоспособноста на клиентите, кредитниотризик и историјата на (не)навремено исполнување наобврските на клиентот, и да се носат издржани етички одлуки при одобрувањето на изложеностите. Сето оварезултира со ниска стапка на нередовност во исполнувањена обврските на клиентите и подобрување на севкупните перформанси на портфолиото.

Со персонализација на понудата и воведување на модел базиран на машинско учење кој го предвидува ризикот за исполнување на обврската на клиентот, успеавме да го намалиме кредитниот ризик, односно значително да го подобриме квалитетот на кредитното портфолио. Во моментов, кредитното портфолио кое се отплаќа до 30 дена надмина 97%.”, посочуваат од Иуте.

Вештачката интелигенција не заменува луѓе – туку создава ново ниво на доверба

New core real-time клиентската платформа е моќна алатка и за вработените и компанијата, но пред се за корисниците, на кои им се овозможува напредно и персонализирано корисничко искуство.

Улогата на технологијата, особено во финтек секторот, не е да ги елиминира човечките позиции, туку да ги надгради процесите. Автоматизацијата не ја намалува важноста на човечкиот фактор, туку овозможува поголема прецизност, доследност и објективност во донесувањето на одлуки. Бројот на вработени не се намалува со автоматизацијата, туку се врши доквалификација на позициите преку изучување на алатките на вештачката интелигенција, воедно се моделира улогата на финансиски и дигитален советник за клиентите, градејќи високо ниво на доверба.

no baners
no baners

Бизнис

Kave Home официјално влегува на македонскиот пазар преку Flex Group

Објавено

на

Flex Group го проширува своето портфолио со уште еден меѓународен бренд. Компанијата го најави официјалното пристигнување на шпанскиот бренд за мебел и ентериер Kave Home на македонскиот пазар.

Kave Home е светски познат бренд со потекло од Шпанија, присутен во повеќе од 80 земји. Препознатлив е по современиот медитерански стил, функционалниот дизајн и употребата на природни материјали, со производи наменети за модерни домови, деловни простори, дворови и градини.

Со влезот на Kave Home во Македонија, потрошувачите ќе добијат пристап до широк избор мебел, осветлување, декоративни елементи и решенија за уредување на внатрешни и надворешни простори.

Од Flex Group истакнуваат дека производите на брендот се создадени со фокус на квалитет, долготрајност и одржливост, а секое парче мебел е дизајнирано да спои практичност, удобност и современа естетика.

Според компанијата, Kave Home не претставува само понуда на мебел, туку концепт за уредување автентични и пријатни простори, во кои дизајнот и функционалноста се надополнуваат.

Со ова партнерство, Flex Group продолжува со стратегијата за внесување меѓународно признати брендови на домашниот пазар и проширување на изборот за македонските потрошувачи.

Повеќе информации за брендот и неговата понуда ќе бидат достапни преку официјалните канали на Kave Home на социјалните мрежи.

Продолжи со читање

Бизнис

Visa претстави нови AI и stablecoin решенија за иднината на дигиталната трговија

Објавено

на

Visa претстави нови решенија базирани на вештачка интелигенција, токени и стабилни дигитални валути, со кои компанијата најавува нова фаза во развојот на дигиталната трговија и платните услуги.

Новитетите беа претставени во пресрет на Visa Payments Forum во Париз, а се насочени кон клиентите во регионот на Централна и Источна Европа, Блискиот Исток и Африка. Според компанијата, две големи технолошки промени, вештачката интелигенција и stablecoin решенијата, веќе го менуваат начинот на кој се одвиваат трговијата и трансферот на средства.

„Трговијата влегува во нова фаза во која станува сè поинтелигентна, програмбилна и целосно интегрирана во секојдневниот живот“, изјави Тарек Махмуд, регионален претседател на Visa за регионот CEMEA.

Компанијата посочува дека вештачката интелигенција сè повеќе ќе има улога во иницирањето, одобрувањето и заштитата на трансакциите. Преку платформата Visa Intelligent Commerce, Visa развива системи што ќе им овозможат на AI агентите безбедно да пребаруваат производи, да иницираат и да завршуваат трансакции во име на корисниците и компаниите.

Во рамки на овие решенија е претставен и Agent Score, развиен во соработка со New Generation, кој треба да им помогне на трговците да проценат дали нивните веб-страници се подготвени за продажба преку AI агенти. Visa го претстави и Agentic Directory, база во која ќе бидат вклучени проверени AI агенти и трговци, со цел да се обезбеди поголема доверба во автоматизираната трговија.

Значаен дел од новата стратегија на Visa е и токенизацијата. Во регионот CEMEA уделот на токенизираните трансакции пораснал од 26 проценти во 2023 година на 70 проценти во 2026 година. Од компанијата оценуваат дека токените стануваат основа за побезбедни дигитални и мобилни плаќања, особено во услови кога трансакциите сè повеќе се автоматизираат.

Visa најавува и дополнително унапредување на сигурноста преку нов сигнал за доверливост на токените, кој ќе се формира врз основа на начинот на нивно издавање и историјата на користење. На тој начин клиентите ќе добиваат повеќе информации за нивото на сигурност на секоја трансакција.

Компанијата работи и на модернизација на трансферот на средства преку stablecoin и blockchain инфраструктура. Со решението Tokenized Deposits, Visa развива технолошки слој што ќе им овозможи на банките традиционалните депозити да ги претвораат во програмбилни дигитални средства, достапни во секое време.

Од воведувањето на порамнување преку stablecoin во регионот CEMEA пред една година, обемот на ваквите трансакции се зголемил речиси 60 пати. Преку мрежата VisaNet веќе е реализиран промет со stablecoin во вредност од повеќе милијарди долари, а компанијата најавува проширување на моделот на повеќе региони, blockchain мрежи и валути.

Visa продолжува и со развој на картички поврзани со stablecoin средства, со цел корисниците да можат да ги користат своите дигитални средства на продажни места што прифаќаат Visa картички. Повеќе од 160 вакви програми во светот веќе се активни или се во фаза на развој.

Како дел од новите решенија, компанијата го претставува и Visa Trip Intelligence, алатка базирана на вештачка интелигенција, наменета за банките. Таа ги комбинира податоците од VisaNet со информации од независни извори за да препознае кога корисникот планира патување и да им овозможи на банките навремено да понудат релевантни услуги, поддршка и поволности.

Од Visa велат дека целта е да се создаде посигурна, побрза и поинтелигентна платна инфраструктура, која ќе им помогне на банките, трговците и корисниците полесно да се приспособат на новата ера на дигиталната економија.

Продолжи со читање

Бизнис

Компаниите што отпуштаа работници поради вештачка интелигенција веќе се каат

Објавено

на

Сè повеќе компании кои отпуштаа работници со образложение дека вештачката интелигенција може да ги замени нивните задачи, сега почнуваат повторно да вработуваат луѓе, откако се покажало дека автоматизираните системи не можат целосно да ги покријат потребите на бизнисот, пишува CNBC.

Еден од најновите примери е Ford, кој, според извештаите, повторно ангажира стотици искусни инженери за да работат на проблеми со квалитетот што автоматизираните системи не успеале да ги решат. Од компанијата посочуваат дека вештачката интелигенција е корисна алатка, но дека нејзината ефикасност зависи од податоците со кои се обучува.

Слични примери има и кај Commonwealth Bank of Australia и IBM. Австралиската банка минатата година отпуштила повеќе од 40 вработени во корисничка поддршка и ги заменила со AI гласовен бот. Но, системот не успеал да се справи со обемот на работа, па бројот на повици се зголемил, по што банката ги повлекла отпуштањата.

IBM, пак, користел вештачка интелигенција за дел од HR функциите, при што системот можел да обработи околу 94 проценти од рутинските барања, но не и посложените случаи, вклучително и етички дилеми. Компанијата потоа најавила дека во 2026 година ќе го зголеми бројот на почетни вработувања во САД.

Аналитичарите предупредуваат дека отпуштањето работници само поради воведување AI не е секогаш најдобар пат до раст. Според податоци на Orgvue, 39 проценти од бизнис-лидерите отпуштиле работници поради воведување вештачка интелигенција, но повеќе од половина од нив подоцна признале дека одлуките биле погрешни.

Истражување на Robert Half, доставено до CNBC, покажува дека 32 проценти од менаџерите за вработување во САД укинале работно место главно поради AI, а потоа повторно вработиле лице за иста или слична позиција.

Пораката од овие примери е дека вештачката интелигенција го менува пазарот на труд, но сè повеќе компании сфаќаат дека најголема вредност не носи целосната замена на луѓето, туку соработката меѓу човечкото знаење и новите технологии.

Продолжи со читање
no baners

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange