Банки
НЛБ Банка oдбележува две години патронство и поддршка за пациентите со цистична фиброза

НЛБ Банка одбележува две години од своето патронство над Асоцијацијата за цистична фиброза. Преку низа активности за зголемување на свесноста и унапредување на животот на лицата со цистична фиброза во изминативе две години, НЛБ Банка ја потврдува својата посветеност да направи значајна разлика за оние кои живеат со оваа ретка состојба.
Еден од најголемите проекти реализирани во изминативе две години е комплетната реконструкција на Одделот за цистична фиброза при Универзитетска клиника за детски болести во Скопје, за која неодамна со поддршка на НЛБ Банка беше набавен и вибромасажер за физикална терапија во болнички услови, неопходен во третманот на пациентите.

„Ова патронство е многу повеќе од финансиска поддршка. Ние две години стоиме покрај пациентите со цистична фиброза кои се соочуваат со бројни предизвици, искористувајќи ја секоја можност за засилување на нивниот глас. Како патрон и поддржувач на Асоцијацијата, говорејќи за оваа болест, веруваме дека значително ја зголемуваме свесноста за цистичната фиброза, но и за сите лица кои се справуваат со некоја ретка болест.“ – истакнуваат од НЛБ Банка.
Не помалку значајни се и донациите на Банката во медицински помагала кои ги користат пациентите со цистична фиброза во домашни услови – спирометри, инхалатори, стерилизатори и помагала за физикална терапија кои ги користат сите пациенти на возраст над 4 години, а служат за прочистување на белодробието на пациентите од секреција.

„Во име на нашето здружение, би сакале да изразиме искрена благодарност за вашата непоколеблива поддршка и великодушност во изминатите две години. Вашата посветеност како заштитник и патрон на пациентите со цистична фиброза има значително влијание врз животите на многу поединци заболени од оваа ретка болест, како и на нивните семејства. Донациите кои што ги добиваме во континуитет, не само што обезбедуваат основни помагала и медицинска поддршка, туку носат надеж и утеха на сите оние кои се борат со оваа предизвикувачка состојба. Вашата посветеност за подобрување на квалитетот на животот на пациентите со цистична фиброза е длабоко ценета. Ние сме многу благодарни и со нетрпение го очекуваме продолжувањето на нашата соработка. Да направиме заедно позитивна промена во животите на оние кои се засегнати од цистична фиброза.“ – вели Претседателката на Асоцијацијата за цистична фиброза, Ивана Атанасоска.
Инаку, денес се одбележува Интернационалниот ден за подигнување на свесноста за цистична фиброза која претстатвува комплексна, мултисистемска, живото-засегнувачка болест. Лицата заболени со цистична фиброза се во категорија на лица со трајна попреченост поради ретка хронична болест од најтежок облик. Во Македонија од цистична фиброза боледуваат над 140 пациенти.
Асоцијацијата за цистична фиброза е непрофитно здружение на пациенти, родители/старатели на заболени од цистична фиброза чија основна цел се активности за подигнување на свесноста за цистична фиброза како една од најчестите ретки болести во светот и земјата, подобрување на условите и квалитетот на живот на лицата болни од цистична фиброза и помош на пациентите при обезбедување на лекови и медицински помагала.
Банки
Средба Славески–Паолучи: Народната банка е важен фактор за стабилноста

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, оствари прва работна средба со директорот на Светската банка во Северна Македонија, Масимилијано Паолучи.
На средбата беше нагласено дека Народната банка е кредибилна институција и столб на макроекономската и финансиската стабилност во земјата. Двајцата соговорници ја истакнаа важноста на досегашната успешна соработка меѓу двете институции и изразија подготвеност за продлабочување на партнерството, особено во контекст на структурните реформи, дигитализацијата и унапредувањето на сеопфатноста и отпорноста на економијата.
Гувернерот Славески посочи дека Народната банка и во иднина ќе биде отворена за соработка во областа на техничката помош и анализа, особено преку проекти коишто ќе придонесат за натамошно зајакнување на институционалниот капацитет, како и за поддршка на политиките за финансиска вклученост и одржлив развој.
Директорот Паолучи истакна дека Светската банка е свесна за значајната улога на Народната банка во одржувањето на стабилноста и на довербата во економијата и изрази подготвеност за понатамошна поддршка на процесите важни за економскиот напредок на земјата.
Банки
Средба на гувернерот Славески со МБА: Стабилниот и одговорен банкарски сектор како неопходна потпора за економијата

„Во услови на светска неизвесност и постојани економски предизвици, воспоставувањето стабилен, добро капитализиран и одговорен банкарски сектор претставува суштинска потпора за граѓаните и за развојот на домашната економија.“ Ова беше една од централните пораки на средбата помеѓу гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески и раководството на Македонската банкарска асоцијација (МБА) – претседателката, д-р Маја Стевкова Штериева и заменик-претседателот, м-р Бојан Стојаноски.
На средбата беше нагласено дека одржувањето на стабилноста на банкарскиот сектор е заеднички приоритет и предуслов за градење долгорочна доверба кај граѓаните и кај стопанството. Гувернерот Славески истакна дека банкарскиот сектор кај нас е добро капитализиран, со стапка на адекватност на капиталот од 19%, што овозможува отпорност и во услови на евентуални шокови. Воедно, беше потцртано дека Народната банка е активно вклучена во унапредувањето на регулативата преку свој придонес во подготовката на новиот Закон за банките, како и во доследното спроведување на Законот за решавање банки, заради понатамошно зајакнување на стабилноста и усогласеноста со европските стандарди.
„Народната банка преку добро поставените политики обезбедува стабилна и предвидлива средина. Тоа е предуслов за банките да ги исполнат очекувањата на граѓаните и компаниите – со сигурни, достапни и со квалитетни услуги“, рече гувернерот.
Посебен акцент беше ставен на потребата од натамошно унапредување на конкуренцијата во платниот промет, особено преку финтек-иновации и нови технологии. Во таа смисла беше отворено и прашањето за напредокот во пристапувањето на банките кон Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). Беше нагласено дека крајниот рок за поднесување на барањата е 5 октомври оваа година и дека се очекува од банките да ги засилат активностите за навремено исполнување на оваа важна стратегиска цел, со која ќе се подобри интеграцијата и ефикасноста на прекуграничните плаќања.
Во однос на монетарната политика, гувернерот истакна дека Народната банка внимателно ги следи движењата на внатрешните и надворешните фактори на ризик. Секоја идна одлука за основната каматна стапка ќе биде донесена врз основа на детални макроекономски анализи, со цел да се зачува ценовната стабилност и да се поддржи економската активност.
Банки
Вицегувернерката Нацевска на конфереција во Црна Гора: СЕПА – двигател на конвергенцијата со ЕУ

Вицегувернерката на Народната банка, Емилија Нацевска, учествуваше на панел дискусијата „СЕПА и земјите од Западен Балкан: Катализатор за приближување кон ЕУ и пристап до Единствениот европски пазар“, којашто се одржа во рамки на конференцијата „Финансиска и монетарна стабилност на регионот во услови на континуиран слаб економски раст на еврозоната“, во Бечиќи, Црна Гора. Настанот го организираа Министерството за финансии, Управата за јавни приходи и Централната банка на Црна Гора.
Во своето излагање, вицегувернерката Нацевска нагласи дека пристапувањето на земјава во Единствената област за плаќање во евра (СЕПА), претставува стратешки чекор кон економска и финансиска конвергенција со Европската Унија, со значајни импликации за конкурентноста, финансиската вклученост и модернизацијата на домашниот финансиски систем.
„СЕПА не го менува само начинот на кој се вршат плаќањата – таа го менува и прашањето кој ги врши, и под кои услови. Тоа го отвора патот за влез на нови учесници, вклучително и финтек компании, што може суштински да ги променат очекувањата на корисниците и да ја засилат конкуренцијата“, истакна Нацевска.
Таа посочи дека оваа трансформација е резултат на усогласената домашна со европската регулатива, што создава фер и транспарентна основа за делување на банките и финтек компаниите. Во вакво отворено и конкурентно окружување, банките ќе бидат мотивирани да инвестираат во инфраструктура, безбедност, дигитални канали и иновации – што, според Нацевска, е суштинска основа за зголемување на отпорноста и релевантноста на банкарскиот систем во дигиталната ера.

На панелот беше истакната и улогата на СЕПА како механизам за надминување на ограничувањата од традиционалните кореспондентски релации, со што се овозможува побрзо и поевтино извршување на прекугранични плаќања во евра, особено значајно за дијаспората и малите компании.
„Полноправното учество на сите банки – и големи и мали – во СЕПА екосистемот е од суштинско значење за вистинска конвергенција. Затоа е важно да се обезбеди директен пристап за централните банки од земјите од Западен Балкан до платежната инфраструктура на Евросистемот, како TIPS и T2“, рече Нацевска, додавајќи дека токму тука регионалната соработка може да даде дополнителен импулс.
Во заклучок, вицегувернерката подвлече дека СЕПА не треба да се гледа само како техничка или регулаторна интеграција, туку како реален мотор за забрзување на европската конвергенција на Западен Балкан – преку иновации, конкурентност, подобра услуга за граѓаните и компаниите и силна дигитална трансформација.
- Банкипред 1 месец
НЛБ Банка Скопје e првата банка во земјата со формална апликација кон СЕПА, единствената област за плаќање во евра
- Банкипред 2 месеци
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 20,1%!
- Банкипред 2 месеци
Централна кооперативна банка АД Скопје: Известување за исплата на пензиите за април 2025 година
- Банкипред 2 месеци
Стопанска банка АД – Скопје во првиот квартал од 2025 година оствари добивка од 13,5 милиони евра!
- Анализипред 1 месец
АНАЛИЗА: Дали Македонците најмногу пари трошат за време на попусти, одмори или празници?
- Берзапред 2 месеци
Заеднички настан на Македонска берза и EBRD „Финансирајте се пазарно!“
- Банкипред 1 месец
ММФ оценува дека Народната банка успешно се справува со шоковите и ја води политиката претпазливо и професионално
- Банкипред 1 месец
Халкбанк АД Скопје со нова експозитура во Diamond Mall – банкарските услуги поблиску до клиентите