Connect with us

Банки

Промотивно со НЛБ Visa кредитните картички, 5,9% фиксна каматна стапка

Објавено

на

Вашите трошоци под контрола, со помала камата и поголема сигурност!

НЛБ Банка ја намалува каматата – вие ги намалувате трошоците! Од почетокот на месец септември до 31 октомври 2025 година, сите корисници на НЛБ Visa кредитните картички – Visa Classic и Visa Gold – имаат можност да ги реализираат своите планови и секојдневни потреби со исклучително поволна фиксна каматна стапка од само 5,9% на сите безготовински трансакции направени во овој период. Оваа понуда е директен одговор на потребата од поголема финансиска сигурност и стабилност во време на зголемени сезонски трошоци.

Намалената камата се однесува исклучиво на трансакции направени во рамки на промотивниот период, но ќе остане фиксна и непроменета за целиот рок на отплата – без оглед на бројот на рати или нивната висина. На тој начин, клиентите добиваат можност за долгорочна заштеда, подобра контрола и поголема предвидливост во управувањето со личните финансии.

Со оваа понуда, НЛБ Банка обезбедува реална поддршка за граѓаните – без разлика дали се работи за подготовка за новата учебна година, есенски патувања, уредување на домот или секојдневни трошоци – сега сето тоа е подостапно и поекономично со пониска камата и флексибилни услови на отплата.

НЛБ Visa Classic и Visa Gold се револвинг кредитни картички кои овозможуваат одложено плаќање, самостојно управување со отплатата и минимална месечна отплата од само 5% од вкупниот долг.

За повеќе информации, посетете ги експозитурите на Банката, јавете се во Контакт центарот на 02/15 600 или проверете ја веб страницата на Банката: https://nlb.mk

Банки

Пад на добивката на УНИ Банка во првото полугодие

Објавено

на

УНИ Банка во првите шест месеци од 2026 година остварила нето-добивка од 114,5 милиони денари, што е значително помалку во однос на 203 милиони денари во истиот период минатата година.

Според податоците објавени на Македонската берза, нето-приходите од камати се намалиле за 1,21 отсто, на 592,6 милиони денари.

Нето-приходите од провизии и надоместоци се намалиле за пет отсто и изнесувале 109,7 милиони денари.

Вкупната актива на банката на крајот од јуни изнесувала 30,5 милијарди денари, што претставува намалување од 2,5 отсто во споредба со крајот на минатата година.

Кредитите и побарувањата од клиенти, без банки, се зголемиле за 3,5 отсто и достигнале 21,5 милијарди денари. Депозитите, пак, се намалиле за 0,8 отсто, на 23,5 милијарди денари.

Акциите на УНИ Банка последен пат се тргувале по цена од 6.526 денари на Македонската берза.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка ја почнува исплатата на јулските пензии на 31 јули

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје информира дека исплатата на пензиите за јули ќе започне утре, 31 јули 2026 година.

Корисниците ќе можат да располагаат со средствата преку своите сметки во банката.

Продолжи со читање

Банки

Апликацијата за дигиталното евро ќе има напредни функции за пристапност

Објавено

на

Европската централна банка ги претстави планираните функции за пристапност на апликацијата за дигиталното евро, преку која корисниците ќе можат да ги користат основните услуги поврзани со новата дигитална валута.

Според ЕЦБ, апликацијата ќе биде дизајнирана според највисоките стандарди за пристапност и ќе ги надминува барањата утврдени со Европскиот акт за пристапност.

Предвидени се подобрен визуелен приказ, целосна навигација преку тастатура, поддршка за читачи на екран, предупредувања пред истекување на времето, поедноставен јазик, спречување грешки и можност за намалување на анимациите и движењата на екранот.

Целта е дигиталното евро да биде достапно за сите граѓани, без оглед на нивните потреби, способности или нивото на дигитални вештини.

Членот на Извршниот одбор на ЕЦБ, Пјеро Чиполоне, изјави дека дигиталното евро, слично како готовината, треба да претставува јавно добро достапно за секој Европеец под еднакви услови.

Предлогот е изработен во соработка со потрошувачки организации, експерти за пристапност и националните централни банки.

Апликацијата моментално се развива, а тестирањето на нејзината употребливост и пристапност треба да започне во рамките на пилот-проектот за дигиталното евро во 2027 година.

Корисниците, покрај преку апликацијата на Евросистемот, ќе можат да пристапуваат до услугите за дигиталното евро и преку каналите на своите банки и други даватели на платежни услуги.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange