Банки
ММФ и Светска банка ги почнаа есенските состаноци во Вашингтон
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка денеска ги отворија своите годишни есенски состаноци во Вашингтон, во услови на забавен глобален раст, трговски тензии и зголемена неизвесност во економските политики.
На состаноците учествуваат министри за финансии, гувернери на централни банки и претставници на развојни институции од целиот свет.
Главниот настан оваа недела ќе биде утрешното објавување на ажурираниот глобален економски извештај на ММФ. Во јулската прогноза Фондот предвиде глобален раст од 3 отсто за оваа година и 3,1 отсто за 2026 година.
Особено внимание ќе биде насочено кон влијанието на новите трговски мерки на американскиот претседател Доналд Трамп. Генералната директорка на ММФ, Кристалина Георгиева, предупреди дека „целосниот ефект на новите царини сè уште не е познат“.
„Неизвесноста стана новата нормалност и ќе остане со нас“, изјави Георгиева минатата недела.
Меѓу темите на состанокот ќе биде и влијанието на вештачката интелигенција врз глобалната економија. Банката на Англија неодамна предупреди на можен „меур“ на пазарите поврзан со инвестиции во вештачка интелигенција, кој би можел да предизвика „нагло коригирање“ на финансиските пазари во случај на промена на инвеститорските очекувања.
Банки
Бесплатно патничко осигурување со Debit Mastercard Business од Комерцијална банка
Корисниците на Debit Mastercard Business картичката од Комерцијална банка добиваат бесплатно патничко осигурување преку Триглав Осигурување Македонија.
Осигурувањето обезбедува заштита при патување во времетраење од 15 дена во текот на годината и важи на територијата на цела Европа, вклучувајќи ги Турција и Русија.
Полисите се обновуваат секоја година за сите активни картички, со што деловните корисници добиваат дополнителна сигурност и практична поддршка за време на службените и приватните патувања.

Повеќе информации за условите и поволностите се достапни на официјалната веб-страница на Комерцијална банка.
Банки
Културата е важна: Халкбанк ја продолжува посветената поддршка на македонската културна сцена
Халкбанк, банката што посветено и постојано ја поддржува културната и музичка сцена на нашите простори, ова лето ја продолжува својата поддршка и партнерство со многубројни културни настани и иницијативи. Официјално, оваа музичка и културна програма Халкбанк ја започнува со поддршката на филмскиот фестивал Ohrid Beach Film Fest, кој ќе започне на 22 јули, а во текот на летото ќе следуваат и голем број партнерства со различни културни и музички настани.
Дел од широката листа на настани што во претстојниот период ќе бидат дел од платформата за поддршка „Важна е културата“ се:
- Ohrid Beach Film Fest, 22–26 јули, Охрид
- Галичник Филм Фест, 31 јули – 3 август, Галичник
- Македокс, 20–27 август, Скопје
- 30 години Фолтин, 29 август, Хераклеја, Битола
- Ѕирни, филмски и музички фестивал, 28 септември – 5 октомври, Скопје
- Skopje Vinyl Convention, септември, Скопје
- Култиватор Фестивал, септември/октомври, Скопје
Како дел од партнерството со овие настани и иницијативи, корисниците на услугите на Халкбанк ќе можат да користат и ексклузивни придобивки, изненадувања и подароци.
„Културата е важна, неопходна и клучна. Кога зборуваме за култура, всушност зборуваме за нишка што ги поврзува луѓето, идеите и вредностите што траат и остануваат. Нашата цел е да ја поддржиме културата и културниот живот во време кога поддршката на иницијативите, настаните и фестивалите е клучна. Оваа наша поддршка не почнува сега, ниту, пак, завршува со оваа платформа. Веќе традиционално, повеќе од пет години
поддржуваме голем дел од овие иницијативи, а добредојдени се и други што имаат потенцијал и на кои им е потребна поддршка“, вели Маја Наумовска Савеска, директорка за маркетинг и корпоративни комуникации во Халкбанк.
Со платформата за поддршка „Важна е културата“, Халкбанк ја продолжува својата определба да поддржува проекти што создаваат вредност за заедницата и ја прават културата повидлива и подостапна за сите.
Банки
Халкбанк подарува ваучери за гориво за првите 50 нови онлајн платежни сметки
Халкбанк АД Скопје објави промотивна понуда за отворање онлајн платежна сметка.
Првите 50 корисници што ќе отворат сметка преку дигиталниот канал на банката ќе добијат ваучер за гориво во вредност од 1.000 денари.
Од банката ги повикуваат заинтересираните да ја искористат понудата и да ја завршат постапката за отворање сметка онлајн.
Дополнителни информации за условите и начинот на аплицирање се достапни преку официјалните канали на Халкбанк.
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка со зголемен максимален износ на станбените кредити и нова промоција – Без манипулативни трошоци и трошоци за проценка
-
Банкипред 2 месециХалкбанк АД Скопје информираше дека пензиите за месец мај се веќе исплатени и достапни за корисниците
-
Банкипред 2 месециАЛТА Банка: Денеска започнува исплатата на мајските пензии
-
Советипред 2 месеци
УЈП: За користење на „МојДДВ“ задолжителна е регистрација во е-Даночни услуги
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка АД Скопје: Исплатата на пензиите почнува од 1 јуни
-
Колумнипред 2 месеци
Најважни менаџерски вештини во дигиталното деловно опкружување
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Тортевски: Само половина од овластените ревизори во Македонија работат во ревизија
-
Кариерапред 2 месециАЛТА банка АД Битола објави оглас за вработување



