Connect with us

Банки

Поддршка од Комерцијална банка и за 20-та јубилејна награда „Новите“ за дебитантски прозен ракопис

Објавено

на

Со поддршка од Комерцијална банка, беше доделена и 20-та јубилејна награда „Новите“ за најдобар дебитантски прозен ракопис. Јубилејното издание на оваа значајна награда беше збогатено со вечер на 20-те досегашни победници, а Комерцијална банка е особено горда што ја поддржува оваа литературна манифестација од самиот нејзин почеток.

Оваа година, наградата „Новите“ ѝ беше доделена на Мила Митевска за нејзиниот ракопис „Фиока”. Наградата традиционално ја доделува книгоиздателството „Темплум“.

Комерцијална банка како ексклузивен спонзор обезбедува парична награда за лауреатот и средства за печатење и објавување на награденото дело.

„Со особено задоволство го одбележуваме јубилејното 20-то издание на наградата „Новите“, затоа што оваа година е јубилејна и за Комерцијална банка, која одбележува 70 години постоење. Нашиот мотив за поддршката на овој конкурс останува непроменет и по сиве овие години, а тоа е дадеме поттик на новите автори да го направат првиот чекор во личното творештво, со што ја збогатуваат и ризницата на македонската книжевност“, изјави Андреј Јовковски, директор на Самостојната дирекција за маркетинг во Комерцијална банка.

Со континуираната поддршка на наградата „Новите“, Комерцијална банка ја потврдува својата посветеност на развојот на културата и на литературата и поттикнување на талентираните автори. Вложувањето во креативноста и во уметноста е дел од нашата поширока мисија, која значи придонес за создавање општество што ќе расте преку знаење, инспирација и вредности што траат.

Банки

Халкбанк им овозможува на граѓаните онлајн отворање платежна сметка

Објавено

на

Граѓаните сега можат брзо и едноставно да отворат платежна сметка онлајн, без посета на филијала. Процесот се одвива дигитално и вклучува електронска идентификација, пополнување на потребните податоци и електронско потпишување на документите.

За користење на услугата, корисникот најпрво треба да креира електронска идентификација преку апликацијата OneID, по што може да продолжи со чекорите за отворање платежна сметка.

Услугата е достапна за полнолетни физички лица кои се резиденти на Република Северна Македонија.

Дигитално отворање платежна сметка не е овозможено за малолетни лица, лица без електронска идентификација преку OneID, лица со одземена деловна способност, неписмени лица и лица кои во документот за лична идентификација имаат ознака „ХХХ“ наместо потпис.

Услугата не е достапна ниту за лица со индиција поврзана со САД, политички изложени лица и странски државјани.

По успешно отворање на платежната сметка, клиентот може да продолжи и со процесот за активирање онлајн електронско банкарство.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка со промотивна понуда за потрошувачки кредити до 2,5 милиони денари

Објавено

на

НЛБ Банка објави промотивна понуда за потрошувачки кредити во износ до 2.500.000 денари, со фиксни каматни стапки и брзо одобрување.

Според понудата, клиентите кои ќе аплицираат преку мобилната апликација мКлик можат да добијат кредит со фиксна каматна стапка од 5,6 проценти, додека за апликациите поднесени во експозитурите на банката е предвидена фиксна каматна стапка од 5,7 проценти.

Од НЛБ Банка информираат дека процесот на одобрување трае само неколку минути, а промотивната понуда ќе биде достапна до 31 август.

Продолжи со читање

Банки

Славески им посака успешна пракса на студентите во Народната банка

Објавено

на

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, ги пречека студентите кои ова лето ќе ја извршуваат својата практична работа во институцијата, охрабрувајќи ги максимално да ја искористат можноста за професионален развој и стекнување практични знаења.

На средбата, одржана во Музејот на Народната банка, Славески истакна дека младите се важен дел од иднината на централното банкарство и ги повика активно да учат, да поставуваат прашања и да бидат отворени за нови идеи.

Настанот се организира во годината кога Народната банка одбележува 80 години од развојот на централното банкарство, јубилеј што ја нагласува улогата на институцијата во зачувувањето на довербата во националната валута и одржувањето на макроекономската стабилност.

Во текот на практичната работа, студентите ќе имаат можност да се запознаат со функционирањето на повеќе организациски единици во Народната банка, меѓу кои секторите за монетарна политика и истражување, финансиски пазари, статистика, информатичка технологија, правни работи и трезорско работење, со цел да добијат поширок увид во работата на современа централна банка.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange