Бизнис
Штедете сигурно, инвестирајте паметно со P2P Safe
Дали некогаш сте се запрашале: „Што ако моето штедење не е доволно за да обезбедам сигурна иднина за моето семејство?“
Во октомври, месецот на штедење, токму ова прашање станува посебно важно. Додека банкарските штедни книшки изгледаат сигурни, тие носат минимална добивка. Сите сакаме да заштедиме повеќе, но и да знаеме дека нашите најблиски се заштитени.
Тука доаѓа решението што ја менува играта: P2P Safe – уникатна понуда која ја комбинира сигурноста на стабилни инвестиции со бесплатно животно осигурување. Со P2P Safe, не само што инвестирате и заработувате, туку истовремено го обезбедувате мирот и сигурноста на вашето семејство.
Зошто P2P Safe е вистинскиот избор за месецот на штедење?
Октомври е совршен потсетник дека штедењето не е само дисциплина, туку и стратегија за иднината. P2P Safe е повеќе од само уште еден начин за инвестирање. Оваа понуда е создадена специјално за сите кои сакаат повеќе од обично штедење:
- Сигурност – вашите инвестиции се стабилни и предвидливи.
- Дополнителна заштита – бесплатно животно осигурување во соработка со Минт Инс Осигурителен Брокер, со покриеност до 10.000 евра.
- Пасивен приход – вашата заштеда расте преку сигурен и структуриран план.
Со други зборови – вашиот капитал не само што е сигурен, туку и работи за вас.
Како функционира P2P Safe?
Со P2P Safe, инвестирате во флексибилни пакети кои се прилагодени на вашите можности и цели:
- Регистрирајте се на P2P.mk – потребни се само неколку минути.
- Одберете ја P2P Safe понудата – дизајнирана за инвеститори кои сакаат сигурност и стабилност.
- Изберете да инвестирате во флексибилни пакети со износи од 2000, 4000 или 6000 МКД месечно.
- Одлучете за период од 36 или 60 месеци – во зависност од тоа колку долгорочно сакате да планирате.
- За целиот период на инвестицијата, автоматски добивате бесплатно животно осигурување со покриеност до 10.000 евра.
Со ова, P2P Safe е повеќе од инвестиција – тоа е план за финансиска стабилност и сигурност на вашите најблиски.
Штедење + Безбедност + Осигурување = Мир на умот
Она што ја прави оваа понуда навистина посебна е комбинацијата од раст на заштедата и заштита на семејството. Многу инвестиции носат заработка, но ретко која нуди и дополнителен слој на сигурност како P2P Safe.
Со секој пакет, вие не само што обезбедувате поврат на вложеното, туку и добивате гаранција дека, без оглед на околностите, вашето семејство ќе биде финансиски заштитено.
Совети за паметно штедење и инвестирање со P2P Safe
- Поставете цел – дали штедите за патување, образование, дом или иднина без грижи?
- Изберете го пакетот што најмногу ви одговара – дури и со минималниот износ од 2000 МКД месечно, градите сигурна основа за иднината.
- Размислувајте долгорочно – 36 или 60 месеци може да изгледаат многу, но вистинската добивка се гледа токму кога инвестицијата има време да расте.
- Комбинирајте штедење и заштита – со P2P Safe добивате двојна корист: раст на пари и семејна сигурност.
- Искористете го месецот на штедење – сега е совршен момент да започнете со нова стратегија за штедење за иднината.
Зошто да го изберете P2P Safe токму сега?
Месецот на штедење е вистинскиот момент да направите чекор кон посигурна иднина. Со P2P Safe, добивате комбинација од сигурност и профитабилност што ретко може да ја најдете на друго место.
- Финансиска стабилност.
- Принос како паметна инвестиција.
- Заштита каква што може да ви даде само животно осигурување.
Овој октомври, подарете си мир на умот и сигурност за иднината.
P2P Safe – Вашата иднина заслужува подобро
Со P2P Safe, не треба да бирате меѓу штедење, инвестиција или заштита. Ги имате сите три во една понуда. Вашите пари растат, вашето семејство е заштитено, а вие уживате во спокојството што го носи финансиската стабилност.
Октомври, месецот на штедење, е совршен момент да го направите овој паметен потег. Изберете P2P Safe – безбедната страна на инвестирањето, со сигурност за вашето семејство и финансиските средства.
Започнете денес на P2P.mk и направете паметен чекор кон иднината.
Бизнис
Грижата кон вработените како традиција: Flex Group и годинава обезбедува превентивни прегледи за жените од Групацијата
За сопственото здравје често наоѓаме време дури кога нешто ќе нè потсети дека треба да застанеме и да се провериме. Токму затоа, во октомври, месецот посветен на женското здравје и подигнувањето на свеста за ракот на дојка, Flex Group и оваа година на жените во својот тим им подарува можност за бесплатен превентивен преглед на дојка.
Она што започна како иницијатива за подигнување на свеста за важноста на превенцијата, денес прерасна во традиција во рамки на Групацијата. Наместо грижата за женското здравје да остане само порака во текот на октомври, Flex Group ја претвора во конкретна можност секоја вработена да одвои време за себе и да направи превентивна проверка.
Групацијата, која ги обединува Flex Credit, продукт Zemi Pari, Flex Broker, Националната агенција за наплата (НАН) и Flex Pay, брои речиси 460 вработени, од кои жените сочинуваат повеќе од 90 проценти од тимот. Токму затоа, темата за женското здравје за Flex Group не е само дел од календарот на општествено одговорни активности, туку тема што директно ги засега луѓето кои секојдневно ја градат компанијата.
„Кога најголемиот дел од вашиот тим го сочинуваат жени, грижата за нивното здравје не може да биде тема само еден месец во годината. Но, октомври е добар потсетник да застанеме и да направиме нешто важно за себе. Нашата цел е овие превентивни прегледи, кои се дел од тадиционалната грижа за вработените во Flex Group, да бидат една причина помалку за одложување на прегледот за ‘некогаш подоцна’. Ако барем една жена навреме одвои време за себе и за своето здравје поради оваа иницијатива, тогаш целта е постигната“, вели Лилјана Бојковска, HR Manager на Flex Group, која го води процесот во рамки на групацијата.
Со оваа иницијатива, Flex Group не останува само на потсетувањето дека превенцијата е важна, туку на своите вработени им овозможува таа проверка навистина да ја направат.
Грижата за вработените започнува со создавање услови тие да се грижат за себе – не само денес, туку и во иднина.
Бизнис
ИОРРСМ одбележува 20 години од основањето: две децении посветеност кон развојот на ревизорската професија
Институтот на овластени ревизори на Република Северна Македонија (ИОРРСМ) годинава одбележува значаен јубилеј – 20 години од своето основање на 27 мај 2006 година.
По повод две децении од своето основање, на 6 октомври 2026 година, ИОРРСМ организираше свечен настан во Филхармонија на Република Северна Македонија, посветен на досегашниот развој на ревизорската професија, нејзината улога во економскиот систем, како и на предизвиците и можностите што ја очекуваат професијата во иднина.
Дваесет години по основањето, јубилејот претставува можност за осврт кон патот кој го помина Институтот, неговиот придонес во развојот и унапредувањето на ревизорската професија, но и кон идните насоки во услови на динамични промени во економијата, технологијата и регулаторното опкружување.
Свечената програма ја отвори претседателот на ИОРРСМ, м-р Ненад Тортевски, со обраќање посветено на значењето на јубилејот и развојот на Институтот во изминатите две децении.

Особено значаен дел од програмата е учеството на г-дин Lee White, Извршен директор на Меѓународната федерација на сметководители (IFAC), кој преку виртуелно обраќање ја презентираше темата Defining forces for the future of the accountancy profession and what IFAC is responding to them, како и г-ѓа Јелена Мисита, претседавач на одборот на IFAC за развој на професионални тела, со презентацијата How a Strong Accountancy Profession Supports Economic Prosperity, посветена на улогата што силната и професионална ревизорска професија ја има во создавањето услови за економски просперитет.

На настанот се одржа панел дискусија на тема Развојот на професијата во Македонија, за да се раскаже приказната што ја создавале различни генерации: генерација која ги поставила темелите, генерација која ја развивала и трансформирала професијата и новата генерација која треба да ја однесе ревизијата во иднината. Се разговараше за развојот на професијата во изминатиот период, актуелните предизвици, како и потребата од понатамошно јакнење на професионалните капацитети и стандарди.

Панел дискусијата ја водеше модераторот проф. д-р. Зорица Божиновска Лазаревска, која што е раководител на катедра за сметководство и ревизија на Економскиот факултет при УКИМ, вклучена од самиот почеток во воспоставувањето на Институтот и професијата, како и претседател на Надзорниот одбор на ИОРРСМ. Како панелисти учетвуваа: г-дин Борислав Атанасовски, кој од самиот почеток е вклучен во воспоставувањето на професијата и Институтот, еден од основачите на едно од првите друштва за ревизија во Македонија Друштво за ревизија “Б и Љ” ДОО Скопје, а сега основач на Друштво за ревизија “Расел Бедфорд Атанасовски” ДОО Скопје и ја извршуваше функцијата претседател на ИОРРСМ во 3 мандати од 2009-2018 година; г-дин Драган Давитков, управувачки партнер во Друштво за ревизија “ПрајсВотерхаусКуперс Ревизија” ДОО Скопје, поранешен член на СУНРРСМ и поранешен член на Управниот одбор на ИОРРСМ и активен учесник во развојот на професијата и развојот на ИОРРСМ; и г-ца Благица Шорева, придружен директор во Друштвото за ревизија “КПМГ Ревизија” ДОО Скопје, претседател на Комисијата за образование, обука и публикации на ИОРРСМ, претставник на помладите членови на ИОРРСМ и зема активно учество во активностите и телата на ИОРРСМ.
Главната порака на панел дискусијата беше да се најде одговор на прашањата: што треба да остане непроменето и да се сочува како наследство кое од претходните генерации ќе се пренесе на следните? Што е она што треба да се менува за да се одговори на предизвиците на новото време?
Во рамки на програмата, 20-годишниот пат на ИОРРСМ беше прикажан и преку видео времеплов, кој ги оживеа значајните моменти од историјата на Институтот и развојот на професијата низ годините. По завршувањето на програмата следуваше свечен коктел.
Јубилејот не е само потсетување на постигнатото, туку и поглед кон иднината. Tехнолошкиот развој, дигитализацијата, вештачката интелигенција, новите регулаторни барања и потребата од континуирано професионално усовршување поставуваат нови предизвици пред професијата и бараат постојано прилагодување и унапредување.
Во изминатите 20 години, ИОРРСМ се развиваше заедно со професијата, градејќи ја својата улога како професионална институција посветена на квалитетот, интегритетот, професионалноста и континуираниот развој на ревизорската професија, рече г-дин Ненад Тортевски.
Одбележувањето на јубилејот беше можност на едно место да се соберат професионалци, претставници на институции, домашни и меѓународни партнери и пријатели на професијата – да се одбележи досегашниот пат, да се споделат искуства и да се испрати порака за заедничка визија за иднината.
ИОРРСМ – 20 години професионализам, интегритет и посветеност кон иднината на ревизорската професија.
Галерија:














Бизнис
Работодавците имаат рок до 31 декември за исплата на регрес за годишен одмор попознат како К-15 – колкав е минимумот што треба да го исплатат?
Вработените во приватниот сектор и во 2026 година имаат право на регрес за годишен одмор, познат како К-15, а работодавачите се должни да го исплатат најдоцна до 31 декември.
Минималниот износ на регресот за оваа година е околу 19.116 денари, односно најмалку 40 проценти од просечната месечна нето-плата по работник во државата, исплатена во последните три месеци пред месецот на исплатата.
Право на К-15 имаат работниците кои кај истиот работодавач работеле најмалку шест месеци непрекинато во текот на календарската година. Работодавачот може да исплати и повисок износ од законскиот минимум.
Висината на регресот, сепак, не е фиксна за сите работници. Таа зависи од просечната нето-плата во периодот релевантен за исплатата, што значи дека износот може да биде повисок доколку и просечната плата е повисока.
Покрај минималниот износ, постои и можност за исплата на повисок регрес, при што висината зависи од условите и можностите на работодавачот и од важечките правила за даночниот третман на исплатата.
Казни за неисплатен или незаконски вратен К-15
Неисплаќањето на регресот во предвидениот рок претставува прекршување на обврските на работодавачот и може да резултира со соодветни санкции.
Особено важно е што работодавачот не смее да бара од работникот да му го врати исплатениот К-15, без оглед дали тоа би се правело директно или во готовина. Ваквото постапување може да има и посериозни правни последици, во зависност од околностите на случајот.
К-15 е право на работникот, а неговата исплата претставува обврска на работодавачот. Затоа, до крајот на годината компаниите треба да обезбедат навремена исплата на регресот и да ги исполнат условите утврдени со важечките прописи.
-
Банкипред 2 месециНОВО: Комерцијална банка воведе штедење на 25 и на 40 месеци со фиксни каматни стапки
-
Банкипред 1 месец10% поврат на средства со Mastercard картичките на Стопанска банка секој први во месецот
-
Анализипред 2 месециМакедонија ќе има два система за инстант плаќања: КИБС Инстант и мобилна апликација „Стрела“ преку КИБС и TIPS Clone преку Народната банка
-
Колумнипред 2 месециКој ќе биде македонскиот Revolut?
-
Банкипред 2 месециКристина Трпезановска: NLB Smart POS им овозможува на малите бизниси полесен пристап до дигитални плаќања
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Групацијата вработува ИТ професионалец – Специјалист за ИТ за независна валидација
-
Банкипред 1 месецНЛБ Банка: Исплатени пензиите за август, средствата се достапни веднаш
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка денеска ги исплаќа августовските пензии

