Connect with us

Банки

НЛБ Банка започнува со СЕПА плаќања – побрзи трансфери и значајно пониски надоместоци за плаќања во евра

Објавено

на

Од утре (7 октомври), НЛБ Банка официјално започнува со плаќања преку СЕПА – Единствениот европски платен простор, овозможувајќи им на своите клиенти, физички и правни лица, побрзи меѓународни трансфери во евра со сите земји членки на СЕПА, со значајно пониски надоместоци. 

Откако кон крајот на мај годинава, НЛБ Банка ја достави апликацијата до Европскиот платен совет за членство во СЕПА (SEPA – Single Euro Payments Area), со што стана и првата банка во Република С. Македонија која го започна процесот на интеграција во системот, веќе од утре, клиентите на НЛБ Банка ќе можат да вршат и примаат плаќања во евра во над 40 земји-членки на СЕПА, со истата леснотија и ефикасност како и домашните трансфери.

Значајна придобивка за клиентите е новиот тарифник за СЕПА и повеќекратно пониските надоместоци, со посебен фокус на електронските плаќања. Така, за кредитни трансфери преку дигиталните канали за физички лица, НЛБ Банка ќе понуди цени почнувајќи од 1 евро за најниските рангови, односно 5 евра за најголемиот број на кредитни трансфери, додека за приливите продолжува со 0,16 евра за најниските рангови и 3 евра за најголемиот број на приливни транасакции. Примателите на странски плати и пензии во НЛБ Банка продолжуваат да ги реализираат приливите по овие основи без провизија.

И за компаниите, Банката ќе понуди повеќекратно намалени тарифни надоместоци за електронските плаќања.

Повластените надоместоци за плаќањата на физичките лица и компаниите помеѓу банките во рамките на НЛБ Групацијата остануваат непроменети.

Ценовното стимулирање на електронските налози ги поттикнува клиентите да ги извршуваат плаќањата преку дигиталните канали наместо на шалтер, што претставува значаен импулс во севкупната дигитална трансформација, унапредување на клиентското искуство и зајакнување на дигиталната зрелост во банкарскиот систем. Сепак, НЛБ Банка воведе пониски надоместоци и за шалтерските налози, почитувајќи ги префенците и потребите на клиентите.

Повеќе информации за новите услови и начинот на користење на СЕПА плаќањата се достапни на www.nlb.mk, на телефонскиот број на Контакт центарот – 02/15 600, и во сите експозитури на НЛБ Банка.

Банки

HalkEZ пакетот на Халкбанк носи повеќе поволности и дигитални можности за младите

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје го промовира HalkEZ, пакет наменет за млади корисници, кој нуди повеќе дигитални можности и банкарски услуги со намалени трошоци.

Со пакетот, младите добиваат бесплатно одржување на сметка и бесплатно мобилно банкарство, како и можност за повлекување готовина без надоместок во земјата и во странство.

Во рамки на HalkEZ се достапни и услугите SmartCash и Е-касичка, со кои корисниците можат полесно да управуваат со своите финансии преку дигиталните канали на банката.

Од Халкбанк посочуваат дека пакетот е креиран според потребите и навиките на младите, со цел банкарските услуги да им бидат подостапни и секогаш при рака.

Повеќе информации за пакетот и начинот на аплицирање се достапни на официјалната веб-страница на Халкбанк.

Продолжи со читање

Банки

„Монте деи Паски“ тргна во голема банкарска офанзива вредна речиси 40 милијарди долари

Објавено

на

Италијанската банка „Монте деи Паски ди Сиена“ поднесе понуди за преземање на конкурентските банки „Банко БПМ“ и „Банка Џенерали“, чија заедничка вредност се проценува на речиси 40 милијарди долари, објави „Волстрит журнал“.

Понудите се целосно во акции и претставуваат ново поглавје во процесот на консолидација на италијанскиот банкарски сектор, во кој во последните години се интензивираа спојувањата и преземањата.

„Монте деи Паски“, која се смета за најстарата банка во светот што сè уште работи, истовремено се обидува да ја зачува својата независност.

Банката во моментов се соочува и со понуда за преземање од поголемиот италијански ривал „Интеза Санпаоло“.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка со премиум кредитна картичка нуди пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ја промовира својата премиум кредитна картичка наменета за корисници кои често патуваат, со повеќе поволности поврзани со патувањата и плаќањат

Корисниците на картичката имаат бесплатен пристап до повеќе од 1.800 деловни зони на аеродроми ширум светот.

Картичката овозможува и купување на до 36 рати без камата, како и вклучено патничко осигурување за секое патување.

Понудата е наменета за корисници кои сакаат дополнителни погодности и поголема удобност при патувањата.

Повеќе информации за условите и поволностите се достапни на официјалната веб-страница на Стопанска банка.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange