Connect with us

Бизнис

Diners е прва финансиска компанија во Македонија со SAP Service Cloud – Што значи ова за членовите?

Објавено

на


Diners Македонија уште еднаш постави нови стандарди во финансискиот сектор, станувајќи првата компанија во земјата што го имплементира SAP Service Cloud – напредно технолошко решение кое има за цел да го подобри искуството на корисниците и оперативната ефикасност. Овој значаен чекор доаѓа во време кога Diners го слави и големото признание, добивајќи ја престижната награда за „Најдобро кориснично задоволство и среќа на корисниците“ за 2024 година од Global Banking & Finance Review.

Со имплементацијата на SAP Service Cloud решението, членовите на Diners ќе искусат побрзи одговори, оптимизирана комуникација и побрзо решавање на нивните барања. Дополнително, оваа платформа ја подобрува внатрешната организација преку автоматизирање на рутинските задачи, што резултира со попрецизно и побрзо искуство за секој член на Diners.

Оваа претставува значаен чекор во нашата дигитална трансформација,“ изјави Тони Јанковски, Директор за развој и иновации во Diners Македонија. „Постојано се стремиме да ја понудиме најдобрата услуга за нашите членови, а SAP Service Cloud ќе ни го овозможи токму тоа. Во комбинација со неодамнешното признание од Global Banking & Finance Review за најдобро задоволство на корисниците, сметам дека оваа надградба само ја потврдува нашата максимална посветеност кон членовите и нивните потреби.

Како прва кредитна картичка во Македонија, Diners е лидер во иновациите веќе 30 години, постојано нудејќи уникатни поволности и супериорни услуги за своите членови. Со 24/7 персонализирана поддршка и финансиски совети преку MyDiners мобилната апликација и личните советници, лесно е да се каже дека Diners обезбедува своите членови да не бидат само клиенти, туку дел од пошироко семејство.

Бизнис

Андоновски: Ќе се појасни законската рамка за инфлуенсерите, ЕУ прави јасна разлика меѓу платформи и креатори на содржини

Објавено

на

Министерството за дигитална трансформација е во завршна фаза на усогласување на домашната регулатива со европските правила за воведување на моделот „Роаминг како дома“ со Европската Унија, а паралелно се отвора и прашањето за појасна законска рамка за инфлуенсерите и креаторите на дигитални содржини.

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, информираше дека Европската комисија пред две недели официјално го започнала процесот за сите земји од Западен Балкан, вклучително и Северна Македонија. Според него, секоја држава ќе мора поединечно да ги исполни условите пред да започнат билатералните преговори.

Тој посочи дека државата веќе ги доставила измените и дополнувањата на Законот за електронски комуникации до Европската комисија, со кои се врши целосно усогласување со европските барања во делот на безбедноста, фер користењето на роаминг услугите, како и утврдувањето на прекуграничните цени. По добивањето на коментарите од Европската комисија, предлог-законот ќе биде испратен во Собранието.

Андоновски изрази очекување дека Северна Македонија ќе биде првата земја од регионот што ќе ги исполни сите критериуми за воведување на „роаминг како дома“. Потоа, како што појасни, ќе следуваат преговори со Европската комисија, која ќе биде посредник меѓу земјата и европските телекомуникациски оператори. Според неговите очекувања, договорите би можеле да се постигнат во текот на 2026 година, но динамиката ќе зависи од Европската комисија.

Во меѓувреме, институциите разгледуваат и можности за регулирање на статусот на инфлуенсерите и креаторите на содржини. Министерот соопшти дека веќе се одржала средба со претставници на Здружението на инфлуенсери, а планиран е и состанок со директорот на Агенцијата за аудио-визуелни медиумски услуги.

Според него, во постојната законска рамка постои недореченост, бидејќи Законот за аудио-визуелни медиумски услуги не прави јасна разлика меѓу платформите и креаторите на содржина. Во Европската Унија, како што нагласи, јасно се прави дистинкција меѓу платформи како Инстаграм, Фејсбук или Јутјуб и поединечните креатори кои ги користат тие платформи за објавување содржини.

Во наредниот период ќе се разгледува дали ова прашање ќе се решава со измени на правилниците или ќе биде потребна законска измена за целосно усогласување со европските стандарди.

Продолжи со читање

Бизнис

Во Владата денеска ќе се одржи панел дискусија посветена на економскиот раст и економската сигурност на граѓаните

Објавено

на

На панелот ќе учествуваат вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Дискусијата ќе ја модерира портпаролката на Владата, Марија Митева.

Настанот ќе се одржи во Медија центарот на Владата и ќе може да се следи во живо преку официјалниот Јутјуб канал на Владата.

По завршувањето на панел дискусијата е предвидена и сесија за прашања од новинарите.

Продолжи со читање

Бизнис

Македонија е меѓу 10-те земји каде најлесно може да се добие државјанство

Објавено

на

Северна Македонија е меѓу земјите во светот што нудат релативно едноставни и транспарентни услови за добивање државјанство, покажува најновиот извештај на „Интернешнал ливинг“, кој ги анализира програмите за стекнување државјанство во 2026 година.

Покрај традиционалните механизми како државјанство по потекло или таканаречените „златни визи“, сè поголемо внимание привлекуваат програмите за државјанство преку инвестиција. Иако во јавноста често се нарекуваат „купување пасош“, овие модели подразбираат исполнување на јасно дефинирани инвестициски критериуми, по што следува постапка за стекнување државјанство.

Во изминатите години, ваквите програми беа под засилен надзор. Кипар ја укина својата шема во 2020 година по низа скандали, додека Малта ја затвори програмата по правна постапка со Европската Унија. Брисел сигнализира дека може да преземе мерки против земји кои нудат државјанство со безвизен пристап до Шенген зоната без доволно строги проверки.

Оттука, актуелните програми во 2026 година се карактеризираат со значително построги процедури за проверка на потеклото на капиталот и безбедносниот профил на апликантите.

За инвеститорите, второто државјанство претставува инструмент за диверзификација на ризик и проширување на опциите во услови на зголемена глобална неизвесност. Во европски контекст, покрај Северна Македонија, како релевантна дестинација се издвојува и Турција.

Трендот укажува дека побарувачката за алтернативни правни и резиденцијални опции ќе остане висока, но во рамки на построги регулаторни стандарди и зголемена меѓународна контрола.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange