Connect with us

Продукти

ProActive – сметка што води сметка за вас и за сѐ околу вас

Објавено

на

Неодамна ПроКредит Банка ја лансираше новата, уникатна банкарска услуга за физички лица – ProActive сметка што носи многу поволности за корисниците, меѓу кои е и одговорно општествено влијание. Од банката велат дека ова решение е креирано за поединци кои сакаат нивните секојдневни финансиски одлуки да имаат поголемо значење.

Корисниците на ProActive сметката, за фиксен месечен надомест добиваат сеопфатен пакет: денарска и девизна сметка, премиум дебитна Mastercard World биоразградлива картичка и неограничен пристап до дигитални банкарски услуги.

ProActive сметката овозможува неограничени бесплатни повлекувања на готовина од сите банкомати низ државата, како и бесплатно повлекување на евра директно од банкоматите на ПроКредит, во било кое време, обезбедувајќи флексибилност и заштеда за оние кои се постојано во движење. Отворањето сметка е брзо и лесно, преку целосно дигитализиран онлајн процес со кој не е потребна посета на експозитура.

Mastercard World премиум дебитната картичка што им следува на корисниците на овој пакет, овозможува низа дополнителни поволности:

  • Екслузивен пристап за користење на Mastercard Lounge Key на над 1.500 аеродроми во светот
  • Поволности за роаминг со Mastercard® Global Data Roaming by Flexiroam во повеќе од 200 земји
  • Пристап до Mastercard® Travel Experiences и Fast Track услуга, овозможена од Dragon Pass на повеќе од 70 аеродроми низ светот – можност да го прескокнете редот и да добиете попуст во одредени ресторани

Самата картичка е изработена од биоразградливи материјали, што ја одразува посветеноста на ПроКредит Банка кон намалување на штетното влијание врз животната средина и промовирање на зелени практики во секој сегмент од своето работење.

Но, она што навистина ја издвојува ProActive сметката од сите други банкарски решенија на нашиот пазар е вклучувањето на корисниците во општествено одговорните активности на банката.

Од секоја сметка, ПроКредит Банка издвојува 30мкд од месечната провизија, средства кои одат во фондот за донации со кој се поддржуваат локални проекти насочени кон позитивен ефект врз животната средина, општественото и економско влијание.

Корисниците на оваа сметка, како дел од активна и транспарентна заедница, ќе добиваат редовни информации за влијанието од нивниот придонес и имаат можност да учествуваат во споделувањето на идеи кои иницијативи би сакале бидат поддржани.

ProActive сметката е суштински дел од пошироката ProActive платформа, која ги обединува иновативните банкарски производи, едукативните ресурси и активната заедница на истомисленици кои заедно работат на создавање подобра иднина.

Сите информации за ProActive пакетот се достапни на веб страницата на ПроКредит Банка.

Банки

Халкбанк со нов дизајн на електронското банкарство за правни лица

Објавено

на

Халкбанк А.Д. Скопје воведува нов и модерен дизајн на платформата за електронско банкарство за правни лица, со цел подобро корисничко искуство и полесно користење на услугите.

Редизајнираната платформа од 2 септември 2026 година е достапна во првата фаза за клиентите кои пристапуваат преку WEB.

За корисниците кои се најавуваат преку десктоп апликацијата, редизајнот ќе се имплементира автоматски во текот на наредниот месец.

По имплементацијата, за користење на платформата преку десктоп апликацијата ќе биде потребен оперативен систем Windows 10 или понов, додека најавата со USB токен ќе се врши исклучиво преку десктоп апликацијата.

Актуелниот дизајн ќе остане достапен паралелно до 6 октомври 2026 година, по што корисниците автоматски ќе бидат пренасочени кон новата верзија.

Од Халкбанк информираат дека со новиот изглед се воведуваат и унапредувања во функционалностите, а на клиентите им е достапно и корисничко упатство со дополнителни информации.

Продолжи со читање

Банки

Кристина Трпезановска: NLB Smart POS им овозможува на малите бизниси полесен пристап до дигитални плаќања

Објавено

на

Преку проектот „Вредноста на безготовинското плаќање – Битола“, локалните претприемачи добиваат можност полесно да ја модернизираат наплатата и да се приклучат кон дигиталната економија.

Дигиталните плаќања сè повеќе стануваат секојдневна потреба за малите и средните претпријатија. Брзината, едноставноста и безбедноста при наплатата денес се важни не само за корисничкото искуство, туку и за конкурентноста и растот на компаниите.

Во таа насока, проектот „Вредноста на безготовинското плаќање – Битола“, реализиран во соработка меѓу Министерството за дигитална трансформација, НЛБ Банка, ХалкБанк и Visa, носи конкретна поддршка за локалните бизниси. Преку проектот, 100 одбрани компании ќе добијат бесплатно Soft POS решение, од кои 50 ќе бидат обезбедени од НЛБ Банка.

Со NLB Smart POS, трговците можат да прифаќаат безготовински плаќања директно преку мобилен телефон, без потреба од дополнителна ПОС опрема. Решението е едноставно за користење, овозможува поголема мобилност и им помага на малите бизниси да ја модернизираат наплатата без високи почетни трошоци.

„Дигитализацијата денес е составен дел од современото деловно работење. Со NLB Smart POS, современата технологија станува подостапна за поширок круг трговци, особено за малите и микро бизниси, кои на овој начин добиваат практична алатка за побрза, побезбедна и поефикасна наплата“, вели Кристина Трпезановска, директор на Секторот за управување со клиенти, продукти и дигитални сервиси во НЛБ Банка во интервју за „Економија и Бизнис“.

NLB Smart POS е првата сертифицирана tap-on-phone Android апликација во земјата, која го претвора мобилниот телефон во ПОС терминал. Апликацијата бесплатно се презема од Play Store, брзо се инсталира и не бара дополнителен хардвер, што ја прави особено погодна за малите трговци, доставувачи, услужни дејности и бизниси кои работат и надвор од класична продажна локација.

Интересот за ова решение континуирано расте. Во изминатата година бројот на инсталирани NLB Smart POS решенија е зголемен за 46%, а прометот реализиран преку нив е зголемен за 100% во однос на претходната година. Овие резултати покажуваат дека безготовинските плаќања се реална потреба и важен дел од модерното работење на компаниите.

Покрај бесплатниот Soft POS, проектот обезбедува и дополнителни поволности за бизнисите – без трошоци за одржување и без провизија за трансакции во првите три месеци, како и Visa Business Debit картичка без годишна членарина во првата година. Пријавувањето трае до 31 август, во најблиската експозитура на НЛБ Банка.

Проектот е дел од пошироката заложба за развој на дигиталната економија и проширување на мрежата на трговци кои прифаќаат безготовински плаќања. Со вакви иницијативи, НЛБ Банка ја потврдува својата улога како партнер на бизнисите во нивниот раст, дигитална трансформација и приспособување кон современите потреби на пазарот.

Битола и битолскиот регион, препознатливи по претприемачкиот дух и локалните брендови, преку овој проект добиваат дополнителен поттик за модернизација на наплатата и ширење на дигиталните платежни навики.

Продолжи со читање

Банки

НОВО: Комерцијална банка воведе штедење на 25 и на 40 месеци со фиксни каматни стапки

Објавено

на

Нови можности за сигурно и исплатливо вложување на заштедите нуди Комерцијална банка со новите орочени денарски и девизни депозити и детско штедење „Верверичка“ на 25 и на 40 месеци.

Покрај, стабилен принос, предвидливост и долгорочна финансиска сигурност, новите депозити нудат и фиксни каматни стапки.  

Со новите орочени депозити, клиентите можат да изберат рок кој најдобро одговара на нивните финансиски планови, а притоа да уживаат во гарантиран принос во текот на целиот период на штедење. Дополнителна предност е што можат да изберат исплата каматата да се исплаќа месечно или по истекот на рокот на орочување, со што добиваат поголема флексибилност и прилагодување на личните потреби.

Минималниот износ за орочување е 100.000 денари за денарските депозити и 5.000 евра за девизните депозити.

„Веруваме дека доброто штедење треба да биде едноставно, сигурно и исплатливо. Новите орочени депозити на 25 и на 40 месеци се наш одговор на потребите на клиентите за долгорочно вложување со атрактивен и гарантиран принос и со целосна предвидливост и сигурност гарантирана од банка со над 70 годишно постоење“, вели Габриела Миленковиќ, директор на Секторот за работа со население во Комерцијална банка.

Новитетот е дел од континуираните заложби на Комерцијална банка за развој на современи финансиски решенија кои ги следат потребите на клиентите и им помагаат поефикасно да ги планираат личните и семејните финансии.

Повеќе информации за новите орочени депозити се достапни на веб-страницата kb.mk, како и во сите филијали и експозитури на Банката.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange