Connect with us

Продукти

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Објавено

на

Diners Club Македонија, во пресрет на својот 30-годишен јубилеј, ја наградува вашата доверба и лојалност! По тој повод започна големата наградна игра „Кога повеќе значи повеќе“. 

Доколку сакаш нов автомобил или пак да добиеш вредни парични награди, учествувај во наградната игра која трае од 15.05.2024 до 26.12.2024 година. 

Во наградната игра можат да учествуваат сите полнолетни физички лица, постоечки и нови членови на Diners Club, кои ќе направат трансакција на рати во износ еднаков или поголем од 3.000 денари, а со тоа добиваат неограничен број на шанси за учество во тековниот месец. Доколку едно лице биде добитник на награда во тековниот месец, следниот месец може повторно да учествува со трансакциите од тековниот месец, а сите трансакции од целиот период учествуваат во главното извлекување. 

Покрај главната награда „Peugeot 208“, ќе бидат доделени неделни и месечни парични награди за времетрaење на наградната игра:

• 26 награди по 3.000 денари

• 13 награди по 20.000 денари

• 7 награди по 30.000 денари 

Правилата за учество во наградната игра може да ги погледнете на следниот линк, а доколку сѐ уште немате Diners Club  картичка, можете да аплицирате ТУКА

Добитниците на наградната игра ќе бидат извлечени по електронски пат, преку компјутерска селекција.  Извлекувањето за главната награда ќе се спроведе на 27 декември, во просториите на Diners Club Македонија. Добитниците на наградите ќе бидат објавени во рок од 24 часа од извлекувањето на наградите на нивната контакт имејл адреса и контакт телефон, како и на веб-страницата на организаторот www.diners.mk.

Не пропуштајте ја шансата да станете добитник на една од многуте награди, колку повеќе трансакции, толку повеќе шанси за добивка.

30 години Diners Club Македонија ‒ „Кога повеќе значи повеќе“!

Продукти

НЛБ Банка воведува Garmin Pay: Модерно решение за бесконтактно плаќање, создадено за луѓе кои се секогаш во движење

Објавено

на

Од денеска во НЛБ Банка станува достапна услугата Garmin Pay, иновативно и модерно решение за бесконтактно плаќање само со паметен часовник, создадено за луѓе со активен животен стил кои се секогаш во движење. Со Garmin Pay, тие повеќе не треба да носат готовина, картички или мобилен телефон. Сега може да ги дигитализираат сите НЛБ дебитни и кредитни картички во Garmin Pay на нивниот Garmin часовник и да плаќаат брзо, лесно и сигурно, насекаде во светот, со едноставно допирање на часовникот на кој било терминал кој прифаќа бесконтактно плаќање.

Garmin Pay претставува дигитален паричник овозможен на паметен часовник од производителот Garmin. За да ја користат услугата Garmin Pay, клиентите треба да поседуваат Garmin смарт часовник, а за да може да ја преземат апликацијата Garmin Connect, достапна на Play Store и App Store, би требало да поседуваат оперативен систем Android над 7.0 или iOS над 5.0.

Процесот на дигитализирање на картичките е брз и едноставен. По инсталирање на апликацијата, клиентот треба да ја избере опцијата Garmin Pay за да се поврзе со паметниот часовник Garmin. Потоа со само неколку чекори: внесување на картичните податоци, креирање четири цифрен ПИН за плаќање, како и внесување на ОТП код добиен по СМС порака на телефонскиот број на корисникот, часовникот е подготвен за плаќање.

„Воведувањето на Garmin Pay е чекор повеќе кон дигитална трансформација на нашите банкарски услуги. Во светот на плаќањата кој станува сè подигитален, Garmin Pay е уште една во низата иновативни банкарски услуги кои ги нудиме, одговарајќи на потребите на нашите клиенти кои бараат повеќе флексибилност, мобилност и сигурност во нивните финансиски трансакции.“ – истакнуваат од НЛБ Банка.

Garmin Pay е целосно бесплатна платформа. Корисникот нема трошоци за преземање на апликацијата, нема трошоци за додавање до 10 картички, и нема провизија при плаќање. Повеќе информации за услугата може да се добијат во експозитурите на Банката, преку контакт центарот на телефонскиот број: 02/15 600 или на линкот на веб страницата на Банката.

Продолжи со читање

Банки

„Одиме нагоре“ со ПроКредит Банка – Стартап пакет со 2 години бесплатни банкарски услуги за новоосновани компании

Објавено

на

Со Стартап пакетот на ПроКредит Банка новоотворените бизниси отсега имаат дополнителна поддршка што ќе им овозможи сеопфатно решение за да напредуваат и да го градат својот бизнис на следно ниво. Пакетот содржи сет финансиски и нефинансиски услуги кои го прават вистински избор за сите нови претприемачи.

Уникатниот бенефит на стартап пакетот е 2 години бесплатно одржување на сметка и неограничени бесплатни трансакции во земјата. Пакетот вклучува целосно дигитален пристап до сите банкарски услуги, со што дава можност за брзо и ефикасно работење секаде и во секое време.

Препознавајќи ги потребите на новите претприемачи, клучна компонента на Стартап пакетот е персонализираната поддршка од финансиските советници во банката, кои ги анализираат потребите на секој нов бизнис и обезбедуваат приспособени решенија, вклучувајќи управување со готовинскиот тек и насоки за финансиската стратегија.

Дополнителна предност се автоматизираните приливи од странство кои во рамки на стартап пакетот банката ги обезбедува со 0 денари провизија за спуштање на прилив од странство. Покрај бенефит за приливи, новите бизниси ќе имаат можност да заштедат и со најниски и фиксни провизии за промет со странство.

За новите компании коишто имаат потреба од инвестиции во нивниот бизнис и се подготвени да одат на следното ниво, банката нуди и можност за кредитирање по 12 месеци активност на компанијата.

„За нас, стартап не секогаш подразбира нова, неоткриена идеја. Стартап е секоја нова компанија која има храброст и визија како да излезе и да успее на пазарот, а ние таа храброст ја цениме и сакаме да ја поддржиме на секој начин што е во наш домен.  

Оттаму е и идејата за 2 години бесплатно банкарство, но и целосна поддршка со финансиски советник кој ќе биде покрај клиентите низ целиот процес на раст и стабилизирање на бизнисот.  

Целта на Стартап пакетот е новите бизниси да се уверат дека ПроКредит не е само финансиска институција, туку нивен партнер во растот и успехот, зајакнувајќи ја нивната витална улога во локалната економија“ – изјави Милан Дамчевски, член на Управниот одбор на ПроКредит Банка.

Како дополнување на финансиските услуги, банката оди чекор напред и овозможува пристап до едукативни настани за градење вештини за ефективно водење на бизнисот, како и B2B вмрежување со потенцијални соработници кои се дел од портфолиото на банката.

Во таа насока, новина што ја нуди стартап пакетот е и 3 месеци бесплатна претплата на платформата за бизнис планирање Моделикс, алатка која овозможува изработка на професионален бизнис и финансиски план, следење на резултатите од работењето во споредба со планот и носење правилни и навремени одлуки.

Сите детали за Стартап пакетот се достапни на следниот линк.

Продолжи со читање

Банки

Mastercard Credit Contactless картичка од Халкбанк за брзо и безбедно плаќање со бројни придобивки

Објавено

на

Во современиот свет, кредитните картички станаа незаменлив дел од секојдневниот живот кој им овозможува на корисниците да купуваат сега и да плаќаат подоцна. Без разлика дали се користат за секојдневни купувања, патувања или поголеми инвестиции, или пак, за задоволување на непланирани и итни трошоци, кредитните картички обезбедуваат удобност, безбедност и нудат многу други поволности кои го прават животот полесен и побезгрижен.

Токму такви поволности нуди Mastercard Credit Contactless кредитната картичка од Халкбанк која што претставува идеален избор за сите кои сакаат брзи, безбедни, бесконтактни плаќања и секако дополнителни бенефиции. Како дел од промотивна понуда, Халкбанк за првите 500 клиенти што ќе аплицираат за добивање ваква картичка и ќе направат трансакција со неа, обезбеди дигитален ваучер од 1.200 денари од giftcards.mk.

Клиентите кои ќе ги исполнат условите за добивање на ваучерот, ќе добијат е-пошта со упатства за активирање и користење на ваучерот. Откако на линкот ќе изберат ваучер за еден од понудените трговци, тие ќе добијат баркод кој потоа може да се реализира во продажните места со прикажување на истиот преку телефон или друг уред. Уште една дополнителна придобивка е тоа што корисниците кои ќе направат промет од 45.000 денари се стекнуваат со дополнителен ваучер од giftcards.mk во вредност од 1.800 денари.

Mastercard Contactless кредитната картичка од Халкбанк инаку нуди многу поволности, како купување на рати без камата кај повеќе од 800 партнери на банката, можност за повлекување готовина без провизија во последните седум дена од месецот од банкоматите на Халкбанк и попусти до 10% при купување доброволно осигурување од Халк Осигурување. Корисниците на кредитните картички, Банката ги наградува и со Бонус програма со која со пазарување на одредени продажни места и во одредени периоди, се добива одреден процент на бонус поени. Бидејќи 1 бонус поен вреди 1 денар, со собирање бонус поени се остваруваат средства кои потоа може да се искористат на било кое продажно место каде постои ПОС терминал на Халкбанк.

Mastercard Contactless картичките се дизајнирани со највисоки безбедносни стандарди, вклучувајќи 3D Secure технологија, обезбедувајќи безгрижно и сигурно искуство при плаќање.

Сите заинтересирани можат да аплицираат за Mastercard Contactless кредитната картичка во најблиската филијала или онлајн преку електронско или мобилно банкарство на Халкбанк.

Продолжи со читање

Популарно