Connect with us

Компании

DINERS CLUB МАКЕДОНИЈА го прославува својот 30-ти роденден

Објавено

на

По 3 децении постоење на пазарот, под мотото „Кога повеќе значи повеќе“, Diners Club денес го претстави своето лого по повод јубилејот и воедно најави многубројни изненадувања, промоции и награди кои следуваат и ќе се случуваат до крајот на годината, а ќе бидат наменети за сите постоечки и нови членови. Во склоп на јубилејната година од компанијата најавија и бројни хуманитарни активности и проекти од општествено одговорен карактер.

Diners Club картичката е првата достапна кредитна, а воедно и платежна картичка во земјата. Уште од 1994 година, кога всушност е основана компанијата Diners Club Македонија, па сѐ до денес, Diners Club постигнува континуиран и стабилен раст. Во Македонија, со Diners Club кредитната картичка може да се плаќа во повеќе од 5 000 продажни места и преку 7 540 POS-терминали. Компанијата нуди богато портфолио на производи и услуги со 24/7 корисничка поддршка за своите членови, а како дел од мрежата на Discover е признаена и прифатена на повеќе од 50 милиони продажни места и повеќе од 1,2 милиони банкомати низ светот. Приказната за Diners Club започнува со заборавен паричник и пионер кој видел непознат свет кој чека да биде истражен, а со тоа Diners Club станува првата повеќенаменска картичка за наплата во светот. Наредната година оваа успешна приказна на интернационално ниво ќе одбележи 75 години од основањето.

„Од првиот склучен договор во 1994 година, и првата издадена картичка во 1996 година, нашата визија беше и сѐ уште е да бидеме прв избор кај потрошувачите, да им понудиме многубројни олеснителни околности при купувањето и плаќањето на предмети и услуги во земјата и во странство. Се стремиме да ја развиваме нашата мрежа на продажни места на глобално ниво, унапредување на картичките во чип-картички, и редовно ажурирање на нашата платформа и апликација за да обезбедиме уште подобро и понепречено искуство на нашите членови. Diners Club е повеќе од само картичка, Diners Club е чувство на сигурност, припадност и емоција, а сите оние кои се со нас во овие 30 јубилејни години знаат дека секогаш се стремиме да понудиме повеќе за нашите партнери и членови. Кога повеќе значи повеќе!“ – изјави Божидар Јанковски, управител на Diners Club Македонија.

Успешната приказна на Diners Club Македонија продолжува да се пишува, со уште поголем мотив за сите идни предизвици, нови искуства, напредок и проширување, а сè во фокус на обезбедување извонредна услуга на партнерите, соработниците и членовите.

Компании

Diners Club – 75 години во светот и 30 години во Македонија!

Објавено

на

Во далечната 1949 година, Diners Club ја создаде првата кредитна картичка, отворајќи врата кон револуција во начинот на плаќање ширум светот. Од тогаш до денес, Diners е синоним за иновација, доверба и привилегии.

Како започна приказната?

Идејата за првата кредитна картичка доаѓа од познатиот американски бизнисмен Frank McNamara, кој се нашол во непријатна ситуација – без паричник во ресторан. Оваа случка довела до создавање на првата Diners Club картичка, која набрзо го промени начинот на плаќање засекогаш.

Од скромниот почеток во 1950 година со 14 ресторани и 2 хотели во Њујорк, Diners Club денес е прифатен во над 55 милиони локации во повеќе од 200 држави.

30 години Diners Club во Македонија

Во 1994 година, Diners Club стигна во Македонија како прва кредитна картичка, која им понуди на своите членови поголема финансиска флексибилност. Денес, Diners е прифатен во над 5.000 продажни места и 400 банкомати низ државата, нудејќи уникатни привилегии:

  • Плаќање до 24 рати – на многу локации и без камата;
  • Ексклузивни попусти и поволности во омилените продавници;
  • Одложено плаќање за поголема слобода и удобност;
  • Пристап до кеш на банкомати и многу повеќе.

Diners Club е повеќе од само картичка – тоа е членство во клуб кој го прави животот полесен и поубав.

75-годишниот јубилеј на Diners Club International не е само значаен момент за овој бренд, ова е прослава за почетокот на една цела индустрија, создадена да одговори на потребите на потрошувачите.

Успешната приказна на Diners Club Македонија продолжува да се пишува, со се поголем мотив за идни предизвици, нови искуства, напредок и проширување, секогаш со фокус на обезбедување извонредна услуга за членовите, партнерите и соработниците.

Уживајте во поголема финансиска слобода и флексибилност во плаќањата со Diners Club – придружете се во клубот и аплицирајте денес!

Продолжи со читање

Компании

MINT Fintech Group: Година исполнета со општествена одговорност и позитивно влијание

Објавено

на

Во изминатата година, MINT Fintech Group докажа дека успехот не се мери само во деловните резултати, туку и во трајното влијание врз заедницата. Како компанија која ги спојува финансиите и технологијата, MINT посветено работи на создавање подобро општество преку серија општествено одговорни активности, насочени кон едукација, спорт, култура, инклузија и одржлив развој.

Поддршка на образованието и младите таленти

Образованието е во срцето на нашите иницијативи. Изминатата година, MINT организираше повеќе финтек работилници за студенти, со цел да ги запознае младите со новите трендови во дигиталните финансии. Преку партнерства со универзитети и иновациски центри, обезбедивме стипендии за перспективни студенти и менторска поддршка за нивниот професионален развој.

Поддршка на спортот

Спортот е основа за здрав и динамичен живот, а ние со гордост ја поддржавме спортската заедница преку соработка со водечки клубови и настани. Со повеќе од 20 спортски настани, ја потврдивме нашата заложба за промоција на здравите навики и спортскиот дух, вклучувајќи:

  • ФК Пелистер, РК Пелистер и КК Пелистер – спортски симболи на Битола
  • Олимпијада, каде што ги поттикнуваме младите спортисти

Културата како инспирација

Со силна верба во значењето на културата, MINT поддржа над 10 културни настани, кои ја збогатуваат уметничката сцена и ја инспирираат заедницата, како што се:

  • Народен Театар Битола (НТБ) – поттик за креативност и уметност;
  • Зимска приказна – празничен фестивал кој го слави духот на заедницата;
  • Колонија на писатели, каде што уметниците добиваат можност за креативен израз
  • Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој ја слави филмската уметност.

Зелената агенда и одржливи практики

MINT Fintech Group ја поддржува зелената агенда преку воведување еколошки практики, како што се:

  • Дигитализација на процесите за намалување на хартијата;
  • Оптимизација на енергетската ефикасност во канцелариите;
  • Соработка со иницијативи за садење дрвја и одржлив урбан развој.

Поддршка на здравството и хуманитарни акции

Нашата заложба за заедницата се манифестира преку конкретни донации за:

  • Клиничка болница Битола, со фокус на гинеколошкиот и детскиот оддел;
  • Поединечни донации, вклучително поддршка за црковни настани и помош на социјално загрозени семејства.

Финтек за подобра иднина

Во духот на иновациите и прогресот, MINT Fintech Group продолжува со својата мисија – да гради финансиски инклузивно општество и да креира одржливи решенија за иднината. Со гордост гледаме на постигнатото и со ентузијазам ги планираме идните проекти што ќе донесат уште поголема вредност за заедницата.

ПР објава

Продолжи со читање

Компании

MINT Fintech Group: Осум години иновации и револуција во финансискиот сектор

Објавено

на

MINT Fintech Group, лидер во финтек индустријата во Македонија, вчера го одбележа својот 8-годишен јубилеј со свечен настан кој привлече истакнати претставници од деловниот свет и финансискиот сектор. Централна тема на вечерта беа ребрендирањето на компанијата и премиерата на нејзината иновативна мобилна апликација.

Новата апликација на MINT Fintech Group претставува интегрирано решение кое обединува клучни финансиски услуги – плаќања, осигурување, програми за лојалност, туристички услуги и менувачки курсеви – сè на едно место. Со современ дизајн и едноставност, апликацијата обезбедува врвно корисничко искуство и високо ниво на транспарентност.

Генералниот директор на MINT Fintech Group, Никола Јошевски, истакна дека компанијата влегува во нова ера со овој значаен проект: „Нашето ребрендирање и новата апликација не се само технологија – тие се визија за иднината на финансиските услуги во Македонија. Со овој чекор, ние создаваме нова платформа која ќе ги задоволи и надмине очекувањата на нашите клиенти, нудејќи им сигурност, брзина и лесен пристап до сите потребни услуги.“

На настанот, покрај промоцијата на апликацијата, беше претставена и изложбата „Патот на парите, од праисторијата до денес“, која ја визуализираше еволуцијата на финансиските услуги низ времето – од првите монети до денешните дигитални решенија.

За MINT Fintech Group

Од своето основање пред осум години, MINT Fintech Group прерасна во симбол на иновации и прогрес во финансискиот сектор во Македонија. Со тим од стручни професионалци и напредни технолошки решенија, компанијата продолжува да воведува стандарди кои го обликуваат пазарот и обезбедуваат иднина ориентирана кон корисниците.

Продолжи со читање

Популарно