Connect with us

Осигурување

За само еден месец граѓани наплатија еден милион евра од осигурување живот

Објавено

на

Во првите седум месеци годинава компаниите за осигурување живот исплатиле 494 милиони денари (8 мил.евра) на осигуреници или на лица кои биле носители на правата од полисите за осигурување живот.

Петте компании за осигурување живот само за јули годинава исплатија 62,4 милиони денари (1 мил.евра) на свои осигуреници или на носители на правото за обештетување. Износот на исплатените средства за штети покриени со осигурување живот во јули е за 19 отсто повисок од истиот месец минатата година. Средствата се исплатени заради: смрт на осигуреник, доживување или за прекин на договор за осигурување со штедна или со инвестициска компонента, покажуваат прелиминарните податоци кои до Агенцијата за супервизија на осигурување ги доставија осигурителните друштва.

Најголемо учество во исплатените средства во јули имаат договорите за осигурување живот со штедна компонента. Во јули осигуреници наплатиле 50,3 милиони денари (818.000 евра) од овој тип на осигурување. Овој осигурителен производ покрај осигурување живот нуди можност по истек на рокот на договорот осигуреникот да ги добие вложените средства зголемени за камата. Овој осигурителен производ овозможува дел од каматата на средствата кои осигурителната компанија, ги прибира од осигуреницитеги вложува во безризични инвестициски инструменти како што се депозити или обврзници, да се вратат како принос на осигурениците. Заради тоа и овој тип на осигурување живот се нарекува осигурување со учество во добивката.

Осигурителните компании во јули исплатиле 6,3 милиони денари (102.000 евра) на семејства или носители на правото за исплата на штета во смртни случаи на лица кои го осигурале својот живот. Овој тип на осигурување не вклучува учество во добивка што значи дека е осигуран само ризикот смрт и доколку не се случи во договорениот временски период за кој важи осигурувањето, вложените средства ги задржува осигурителната компанија со која е склучен договорот.

Кај најновиот тип на осигурување живот на нашиот пазар популарно познат под називот јунит-линкд осигурување компаниите во јули исплатиле 5,56 милиони денари (90.000 евра). Овој производ покрај осигурување живот нуди и вложување на дел од парите во хартии од вредност со кои се тргува на светските берзи. Токму заради тоа што осигуреникот избира во какви хартии од вредност ќе се вложат неговите средства кај овој тип на осигурување ризикот од вложувањето е на товар на осигуреникот.

Во сите типови на осигурување живот во јули граѓаните вложиле вкупно 64,5 милиони денари (1,05 мил.евра). Повеќе од половина од вкупниот износ на вложени средства се однесуваат на полиси со кои е осигуран само ризикот смрт и кои не носат право на учество во добивката. Во првите седум месеци годинава граѓаните во осигурување живот вложиле 1,21 милијарди денари 20 милиони евра).

АСО во рамки на своите надлежности се грижи да обезбеди проверка на усогласеноста на применетите деловни политики на вреднување на обврските, како и видовите на вложувања и вреднувањето на средствата на друштвата за осигурување. Друштвата за осигурување во континуитет се усогласени со овие законски барања.

Повеќе детални податоци за работата на компаниите за осигурување живот на следниот линк https://aso.mk/category/publikaczii/izveshtai-za-rabotata-na-osiguritelnata-industri-a/drushtva-za-osiguruva-e/

Осигурување

Агенцијата за супервизија на осигурувањето го оцени како неоправдан чекор зголемувањето на цените на полисите за автоодговорност на осигурителните компании

Објавено

на

Агенцијата за супервизија на осигурување ја известува јавноста дека зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување е неоправдан чекор на осигурителните компании.

По добиените известувања од осигурителните компании дека ќе ја зголемат цената направени се актуарски пресметки за проверка.  По извршените актуарски пресметки утврдено е дека зголемувањето на цената, со дадените образложенија, не е оправдано.

Поради тоа АСО го информираше и достави предлог до Министерството за финансии, во рамки на неговите законски надлежности, да иницира изготвување и донесување нова тарифа на премии за задолжително осигурување од автомобилска одговорност. И со тоа да го ограничи износот на режискиот додаток што ќе овозможи намалување на цената на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност.

Продолжи со читање

Осигурување

Бројот на осигурани возила достигна 700.000, секое трето возило има зелена карта

Објавено

на

Сопствениците на возила во 2023 година вложиле 87 милиони евра во oсигурување од автомобилска одговорност. Во вкупните вложувања зелената карта учествува со 21 милиони евра. Сите цени за задолжителното автомобилско осигурување и за зелена карта ги регулира државата. АСО, Министерството за финансии и осигурителната индустрија работат на подготовките на процесот за либерализација на цените што е и еден од условите во пристапните преговори за членство во ЕУ.(повеќе…)

Продолжи со читање

Осигурување

Очекувања на менаџментот на Групација Триглав за 2024 година

Објавено

на

Групацијата Триглав очекува умерени макроекономски услови во 2024 година, а нејзиното работење ќе зависи од случувањата на финансиските пазари, влијанието на укинувањето на дополнителното здравствено осигурување, реосигурувањето и пазарниот потенцијал на пазарите, каде што е присутна. Во 2024 година, Групацијата планира да има вкупен обем на работа од околу 1,6 милијарди евра и деловен резултат пред оданочување помеѓу 100 и 120 милиони евра. Групацијата ќе се стреми да обезбеди високо ниво на профитабилност на осигурителниот дел од бизнисот, преку постигнување комбиниран количник на имотно и здравствено осигурување од околу 95 проценти.(повеќе…)

Продолжи со читање

Популарно