Connect with us
no baners

Осигурување

Во ек на летни одмори, само во јули, 80.000 граѓани вложија 685.000 евра во патничко осигурување

Објавено

на

Во јули граѓани, компании и институции вложија 18,6 милиони евра во неживотно осигурување. Од доброволните осигурувања најголемо учество во продажбата имаат осигурувањето имот, пред каско осигурување моторни возила и доброволното (приватно) здравствено осигурување.

Во ек на сезоната на летни одмори речиси 80.000 граѓани само во текот на јули купиле патничко осигурување. Во овој производ со кој се осигуруваат ризици при патување во странство граѓаните вложиле над 42 милиони денари (685.000 евра),покажуваат податоците кои до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ги доставија сите 11 компании за неживотно осигурување.

Вложувањата во патничко осигурување во јули во споредба со истиот месец минатата година пораснале за над 6 милиони денари (107.000 евра). При тоа бројот на лица кои купиле патничко осигурување е зголемен за 9 отсто.

Во сите 18 класи на неживотно осигурување граѓани, фирми и институции вложиле 1,14 милијарди денари (18,6 мил.евра). Продажбата на осигурување во јули годинава во споредна со претходниот месец е намалена за 6 отсто, но во однос на ланскиот јули е зголемена за 16 отсто.

Од аспект на бројот на склучени договори за осигурување расте интересот за вложувања во неживотни осигурувања. Во јули бројот на склучени договори за осигурување надминал 238.000 и пораснал за 8 отсто во споредба со истиот месец лани.

Од доброволните осигурувања најголемо учество во продажбата има осигурувањето имот и изнесува 154,3 милиони денари (2,5 мил.евра). Следува каско осигурувањето моторни возила во кое се вложени 120,8 милиони денари (2 мил.евра). Во дополнително (приватно) здравствено осигурување за еден месец граѓаните вложиле 82 милиони денари (1,3 мил.евра).

Во вкупното вложување во неживотни осигурувања најголемо е учеството за задолжителното осигурување од автомобилска одговорност (ЗАО). Во јули се купени полиси вредни 631,2 милиони денари (10,3 мил.евра). Од тоа вложувања во зелени карти се вложени 171,7 милиони денари (2,8 мил.евра).

Во продажбата на неживотно осигурување за јули „Кроација осигурување – неживот“ I „Македонија осигурување ВИГ“ учествуваle со po 8,6 отсто. „Еуролинк“ остварил 8,7 отсто, „Евроинс осигурување“ со 9,1 отсто, „Граве неживот“ со 5,6 отсто.

„Сава осигурување“ учествува со 11,1 отсто, „Триглав осигурување“ со 11,9 отсто, „Уника“ со 11,6 отсто, „Винер – ВИГ“ со 12,1 отсто, „Осигурителна полиса„ учествува со 7,1 отсто и „Халк осигурување“ со 5,6 отсто.

Повеќе информации на следниот линк https://aso.mk/category/publikaczii/izveshtai-za-rabotata-na-osiguritelnata-industri-a/drushtva-za-osiguruva-e/

Осигурување

Кроација Осигурување го промовира „Ексклузив осигурување – Живот“

Објавено

на

Кроација Осигурување ги повикува граѓаните да ја обезбедат својата иднина преку производот „Ексклузив осигурување – Живот“, кој нуди животно осигурување, можност за штедење и оплодување на средствата во рамки на едно решение.

Од компанијата посочуваат дека станува збор за производ кој овозможува финансиска сигурност и долгорочно планирање, комбинирајќи осигурителна заштита со можност за акумулација на средства.

Заинтересираните граѓани можат да добијат повеќе информации преку контакт-центарот на Кроација Осигурување на телефонскиот број 15-510 или преку официјалните канали на компанијата.

Производот е наменет за сите кои сакаат истовремено да инвестираат во својата финансиска сигурност и во иднината на своето семејство.

Продолжи со читање

Осигурување

Отворено гласањето за најдобрите тимови во натпреварот Future Finance на Iute Македонија

Објавено

на

Iute Македонија објави дека е отворено гласањето за финалистите во рамки на натпреварот Future Finance, со што започнува завршната и највозбудлива фаза од изборот на најдобрите идеи.

По разгледувањето на сите пристигнати апликации, избрани се осум финалистички тимови кои, според организаторите, се издвоиле со својата храброст, визија и креативност.

Публиката сега има можност да ги запознае финалистите, да гласа за својот фаворит и да даде поддршка на идеите што смета дека заслужуваат признание. Од Iute Македонија посочуваат дека токму гласовите на јавноста ќе бидат клучни во изборот на победниците.

„Секој глас може да направи разлика“, велат од компанијата, повикувајќи ги граѓаните да се вклучат во гласањето и да ги поддржат младите тимови и нивните иновативни решенија.

Гласањето е достапно преку платформата Futurefinance.iute.mk.

Продолжи со читање

Осигурување

Триглав со раст на приходите во првиот квартал, ја задржува прогнозата за 2026 година

Објавено

на

Групација Триглав во првото тримесечје од 2026 година оствари вкупен обем на работење од 633,4 милиони евра, што претставува раст од 14 проценти во однос на истиот период лани. Од компанијата посочуваат дека најголем придонес за растот имаат меѓународните пазари и зголемените премии.

Деловниот резултат пред оданочување достигна 49,3 милиони евра, додека нето добивката изнесува 39,8 милиони евра. И покрај нешто пониските резултати во споредба со минатата година, групацијата останува на ставот дека ќе ја исполни годишната проекција за 2026 година.

Според проценките на компанијата, очекуваниот деловен резултат пред оданочување за целата година треба да се движи меѓу 170 и 190 милиони евра.

Комбинираниот количник на групацијата изнесува 93 проценти, додека профитабилноста на новите договори во сегментот животно осигурување е подобрена на 14,8 проценти.

Од Триглав информираат и дека капиталната адекватност на крајот на кварталот останува во планираниот опсег меѓу 200 и 250 проценти.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange