Банки
Бесплатна работилница за фотографија за деца – уште еден предизвик за “Халки шарено лето”
Бесплатна работилница за фотографија наменета за деца од 8 до 14 години утре среда (30 август) во 18 часот ќе се одржи во Музејот на град Скопје. Ова е претпоследната од едукативните работилници што летово беа организирани во рамките на иницијативата „Халки шарено лето“ поддржана од Халкбанк АД Скопје. На работилницата „Халки фотоавантура“ учесниците ќе можат да дознаат повеќе за тајните на фотографијата и да ги направат своите први фотографии со помош на искусна фотографка, а заедно ќе создадат креативна Халки фотогалерија. На оваа работилница децата треба да ги понесат своите мобилни телефони, затоа што со нивна помош ќе учат како се прават суперкул фотографии.

Заинтересираните можат да се пријават на следниот линк https://bit.ly/Halkifotoavantura
Ова е петта од редицата креативни работилници што летово ги организиравме обединети под „Халки шарено лето“. Средите станаа денови што децата ги очекуваат со желба да го разладат топлото скопско време, да научат нешто ново, но и многу да се дружат.
Последната работилница беше посветена на изработката на мозаици, кога децата со помош на природни материјали – лисја, зрна, песок и друго создаваа уметнички дела.

Халки-работилниците за деца станаа вистинска оаза на креативност, забава и дружење.
–Низ тимска работа децата учеа за повторна употреба на материјалите, важноста на рециклирањето, но и да се почитуваат меѓусебно. Дечињата беа љубопитни и вредни, си помагаа меѓу себе и ја развиваа нивната креативност. Организирајќи ги овие работилници во изминатите неколку недели, сфативме колку всушност на децата им треба само малку поттик за да бидат вистински уметници и дека работењето во група заедно со свои врсници и под менторство на искусни уметници-ментори, кај нив се раѓаа прекрасни дела – велат од Центарот за визуелна комуникација „Ефектива“, кои ги спроведуваат работилниците во организација на Халкбанк АД Скопје.

Халкбанк АД Скопје се погрижи најмладите и за време на летниот распуст да имаат интересни активности што ќе придонесат за развој на нивните креативни вештини и знаења. За создавање образована публика за културни настани, потребна е стратегија и имплементација на која ќе се работи секојдневно. Халкбанк АД Скопје со поддршка на ваквите активности покажуваат посветеност и одговорност во овој исклучително значаен процес за децата.
Банки
НЛБ Банка ја исплати септемвриската пензија
НЛБ Банка информира дека е извршена исплатата на пензиите за месец септември, а средствата веќе им се достапни на пензионерите.
Од Банката посочуваат дека корисниците можат веднаш да располагаат со средствата и ги охрабруваат пензионерите да ги користат достапните дигитални и безготовински канали за плаќање.
„Ве советуваме вашето ценето време да го заштедите преку користење на мрежата на банкомати, поголемо користење на безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство“, наведуваат од НЛБ Банка.

Со ова, пензионерите кои својата пензија ја примаат преку НЛБ Банка можат да ги користат средствата уште веднаш, без потреба од чекање на шалтер.
Банки
НЛБ Банка ја отвора новата NLB Next зона со „AFTER CLASS“ за студентите
НЛБ Банка Скопје на 1 октомври ќе ја отвори новата NLB Next зона со „AFTER CLASS“ настан во Паркчето Кино Карпош.
Настанот е најавен како неформален почеток на новата академска година и е наменет пред сè за студентите и младите.
Програмата ќе трае од 14:00 до 16:00 часот, а за атмосферата ќе се погрижи DJ THE AFT3R. Предвидени се и street food понуда и коктели.
Од НЛБ Банка ги повикуваат младите по првите предавања да се соберат во Паркчето Кино Карпош и заедно да го одбележат стартот на академската година.

Со отворањето на новата NLB Next зона, Банката продолжува со активности насочени кон помладата генерација и создавање простор за дружење, комуникација и современо банкарско искуство.
Банки
Фич: Кредибилната монетарна политика и стабилниот банкарски систем се клучни фактори за економската стабилност
Во својот најнов извештај за нашата земја, меѓународната рејтинг-агенција „Фич“ ги нагласува кредибилноста и континуитетот на монетарната политика на Народната банка, како и стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор. Агенцијата оценува дека долгорочната посветеност за одржување стабилна монетарна политика, поддржана од фиксниот курс на денарот кон еврото, претставува важен фактор за макроекономската стабилност. Фич воедно оценува дека девизните резерви остануваат стабилни и обезбедуваат соодветна покриеност на идните надворешни плаќања.
Во извештајот, „Фич“ наведува дека кредибилната и конзистентна монетарна политика придонесува за стабилноста на економијата. Во услови на повисоки инфлациски притисоци, Народната банка, во јуни 2026 година, ја зголеми основната каматна стапка за 25 базични поени на 4,25%. Според „Фич“, просечната инфлација во периодот јануари – август 2026 година изнесува 3,7%, при што повисоките цени на енергијата и растот на трошоците за труд и кредитната активност се меѓу факторите што влијаат врз ценовните движења.
Во однос на банкарскиот сектор, извештајот потврдува дека тој останува стабилен и добро капитализиран, со солидна ликвидност и отпорност. Во вториот квартал од 2026 година банките имаат висока адекватност на капиталот од 19,5%. Квалитетот на активата останува солиден, со нефункционални кредити од околу 2%.
Народната банка и натаму е посветена на одржувањето на ценовната и финансиската стабилност. Во услови на променливи глобални економски услови и присутни инфлациски и надворешни ризици, централната банка внимателно ги следи инфлациските движења, кредитната активност и состојбата на финансискиот систем и соодветно ја приспособува монетарната политика.
Наодите на „Фич“ се потврда за важноста на кредибилната и соодветно водена монетарна политика, како и на стабилниот и добро капитализиран банкарски сектор, за одржување на макроекономската и финансиската стабилност.
-
Банкипред 2 месециПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Кариерапред 2 месециНародната банка вработува седум лица: Плати до 91.385 денари
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Групацијата вработува специјалист за Управување со ризици/финансии
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја исплати паричната помош за корисниците на социјална, детска и цивилна заштита
-
Банкипред 1 месецНОВО: Комерцијална банка воведе штедење на 25 и на 40 месеци со фиксни каматни стапки
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
-
Банкипред 1 месец10% поврат на средства со Mastercard картичките на Стопанска банка секој први во месецот





