Connect with us

Осигурување

Промени во Одборот на директори на Триглав Осигурување Живот АД Скопје

Објавено

на

На 17-тата седница на Собранието на акционери на Триглав Осигурување Живот АД Скопје, одржана на ден 14.07.2023 година, донесена е Одлука за избор на Г-ѓа Вилма Учета Дузлевска за неизвршен член на Одборот на директори на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје.

Учета Дузлевска замина од позицијата Генерален директор и извршен член на Одборот на директори преземајќи меѓународна позиција во рамки на Групацијата Триглав.

Останати членови на Одборот на директори на Триглав Осигурување Живот АД Скопје се: Г-дин Тедо Дјекановиќ, неизвршен член и Претседател на Одоборот на директори, Г-дин Владимир Мишо Чеплак, независен-неизвршен член на Одборот на директори, Г-дин Иван Сотошек, неизвршен член на Одборот на директори, Г-дин Ѓорги Јанчевски независен-неизвршен член на Одборот на директори и Г-ѓа Христина Џамбазовска Анастасов, Извршен член на Одборот на директори.

Бизнис

Групација Триглав повторно доби висок кредитен рејтинг „А“

Објавено

на

Агенцијата за кредитен рејтинг AM бест (АМ Best) ги потврди кредитните рејтинзи на заваровалница Триглав и позаваровалница Триглав Ре за финансиска моќ „А“ (одлично) и долгорочен кредитен рејтинг на издавач „А“ (одлично) во текот на редовниот годишен преглед. Сите елементи од овогодинешните оценки се на исто ниво како и претходната година, и двете оценки ја задржаа стабилната среднорочна прогноза.

Агенцијата повторно ја оцени финансиската состојба на Триглав како многу солидна, а неговите оперативни перформанси како солидни, при што влијанието на деловниот профил и мнозинската државна сопственост врз кредитниот рејтинг на компанијата останува неутрално. Притоа, наведува дека Триглав има добро развиен систем за управување со ризик, кој што е соодветен за профилот на ризик и делокругот на деловното работење. Во потврдувањето на високиот кредитен рејтинг на позаваровалница Триглав Ре, агенцијата го истакна нејзиното стратешко значење за групацијата Триглав и изјави дека таа е добро интегрирана во неа.

Според AM Best, капитализацијата на Триглав достигнува највисоко ниво и е соодветно приспособена на ризиците, додека Триглав покажува и добра финансиска флексибилност со пристап до пазарите на акции и обврзници. Како позитивен фактор го споменува и тоа што во последните години Триглав постојано ја намалува изложеноста на производи со гарантиран принос во портфолиото на животното осигурување, а нивното влијание сега е ублажено со повисоките приноси од инвестициите како резултат на зголемувањето на каматните стапки.

Во текот на годините, Триглав постигна добри деловни резултати, а во своето работење има придобивки од конкурентни предности, кои вклучуваат водечка позиција во Словенија и регионот Адриа и добро диверзифицирана понуда. Во 2023 година, работењето на групацијата Триглав беше негативно, под влијание на еднократни настани. Во 2024 година, агенцијата очекува Групацијата да работи успешно, во согласност со нивото од последните години. Тоа го потврдуваат и добрите полугодишни резултати.

Продолжи со читање

Осигурување

Еуролинк360 доби награда од GRAWE групацијата за својата иновативност и ефикасност

Објавено

на

Новото решение “Еуролинк360” кое за своите клиенти обезбедува целосен пристап до нивното осигурително портфолио и самостојно управување со сите осигурителни потреби доби награда од GRAWE групацијата.

Со задоволство објавуваме дека дигиталната платформа Еуролинк360 доби награда од GRAWE групацијата за својата иновативност и ефикасност! Ова признание се доделува во рамки на редовната годишна средба на менаџментот на компаниите во GRAWE мрежата. Голема благодарност до нашиот одличен тим за нивната посветеност и иновативност! Уверени сме дека Еуролинк360 ќе придонесе кон подобро корисничко искуство за нашите клиенти!” – се вели во објавата.

Продолжи со читање

Осигурување

Над 200.000 граѓани ова лето купиле патничко осигурување за годишен одмор во странство

Објавено

на

Вложувањата на граѓаните во патничко осигурување за патување во странство во јуни, јули и август достигнале 2 милиони евра, што е за 6% повеќе од истиот период лани. Истовремено износот на исплати за штети покриени со патничко осигурување, за овој период, е зголемен за 89% и достигнал 560.000 евра.

Над 220.000 граѓани купиле патничко осигурување во летните месеци (јуни, јули и август), а најголем дел од нив го користеле за годишен одмор во странство. Вкупниот број на издадени осигурувања за патување во странство во овие три месеци изнесува 220.860, а во нив осигурениците вложиле 125,65 милиони денари (2 милиони евра).

Вкупните вложувања во патничко осигурување во летниот период годинава се за 6 отсто повисоки од истиот период лани, покажуваат официјалните податоци кои сите осигурителни компании ги доставуваат до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).

Вредно за истакнување е тоа што во овој период граѓани кои имаат патничко осигурување од компаниите за осигурување наплатиле 34,46 милиони денари (560.000 евра). Со тие пари осигурителните компании им надоместувале медицински трошоци настанати за време на престојот во странство, изгубен багаж или некој друг од ризиците што го покрива патничкото осигурување.

Годинава во трите летни месеци (јуни, јули и август) осигурениците наплатиле 89 отсто повеќе средства за покривање штети настанати при патување во странство, во споредба со истиот период лани кога осигурителните компании исплатиле 18,23 милиони денари (296.000 евра).

Сите 11 осигурителни компании за трите летни месеци исплатиле штети покриени со патничко осигурување на повеќе од 35.300 граѓани кои патувале во странство. Бројот на исплатени штети во месеците јуни, јули и август годинава е за 14,5 отсто повисок од бројот на штети во истиот период 2023 година.

Што се однесува на продажбата на месечно ниво од податоците е евидентно дека најголема била побарувачката за патничко осигурување во јули. Тој месец граѓаните вложиле 44,79 милиони денари (над 728.000 евра) за да купат патничко осигурување. 

Соодветно на тоа во јули најголем е и бројот и износот на исплатени штети. Така во јули 14.460 осигуреници наплатиле 14,9 милиони денари (над 242.000 евра).

Продолжи со читање

Популарно