Продукти
Максимизирајте го вашето студентско искуство: Студентскиот пакет на Халкбанк нуди бројни бенефиции
Стекнувањето високо образование најчесто може да претставува значителен финансиски товар. Затоа, секоја можна бенефиција за идните академски граѓани, треба да се препознае и искористи со цел да се добие позитивно влијание врз овој нивен образовен пат.
Како банка што постојано води грижа за потребите и барањата на различните категории граѓани, Халкбанк го креираше специјалниот студентски пакет на производи наречен „За чиста 10-ка“, овојпат наменет за студенти. Станува збор за специјален пакет услуги што нуди низа поволности, со цел да им овозможи блескава иднина на сите сегашни и идни студенти. Производот е наменет за млади на возраст од 18 до 24 години, а секој студент може да аплицира онлајн или во најблиската филијала на банката. Сè што е потребно е да се поседува важечки индекс и лична карта.
Со студентскиот пакет „За чиста 10-ка“, секој студент добива Visa PayWave дебитна картичка со која што може да повлекува готовина без надомест од сите банкомати на која било банка во земјата и во странство. Валидноста на картичката изнесува три години со можност за реиздавање. Со овој пакет секој студент добива и бесплатно електронско банкарство, бесплатна мобилна апликација, а нема трошоци ни за водење трансакциска сметка. Со станување корисник на електронското банкарство на Халкбанк достапни се и услугите SmartSend – за лесно префрлање средства, со еден клик, на контакт од телефонскиот именик во мобилниот телефон, SmartCash – за повлекување готовина од банкомат на Халкбанк без употреба на картичка, како и HalkPay – за лесно и безбедно плаќање со паметен телефон преку дигитализација на платежните картички.
Покрај тоа, на сите љубители на динамичниот животен стил, на луѓето кои се постојано во движење, кои спортуваат, практикуваат прошетки во природа и истовремено поседуваат паметен часовник Garmin, на располагање им е и совршеното модерно решение за бесконтактно плаќање GarminPay, со кое се врши брзо, едноставно и лесно плаќање со паметен часовник преку дигитализација на платежните картички од брендовите Visa и Mastercard.
Информации за банката
Халкбанк, чие основно мото е „Важни се луѓето“е препознатлива на пазарот како општествено одговорна компанија посветена кон зголемување на општото добро, за луѓето и природата. Поддршката на низа културни и спортски активности, едукација на децата од училишна и предучилишна возраст, подигнување на свеста и поддршката за инклузија на лицата со попреченост во секојдневниот живот се на листата на приоритети на Банката. Политиката на банката – да одговара на потребите на клиентите, да биде предводник во дигитализацијата и воведувањето иновативни производи во духот на денешното модерно време, како и перманентната грижа за заедницата и животната средина ја прави Халкбанк вистински партнер на иднината.
Продукти
iute Macedonia со 54% попуст на POWERHEALTH трака за трчање преку iuteMarket
iute Macedonia објави нова понуда преку платформата iuteMarket, во рамки на која POWERHEALTH трака за трчање е достапна со 54% попуст.
Како што информира компанијата, станува збор за практично решение за домашен тренинг, наменето за корисници кои сакаат да ја одржуваат својата фитнес рутина без посета на теретана.
Промотивната цена на траката изнесува 22.999 денари, а достапна е и можност за плаќање на рати, при што наведениот износ на рата е 5.750 денари.

Купувањето може да се реализира преку iuteMarket во рамки на Myiute апликацијата.
Со оваа понуда, iute Macedonia продолжува да ја проширува достапноста на производи преку својата дигитална платформа, овозможувајќи им на корисниците поедноставен пристап до купување и финансирање преку мобилната апликација.
Банки
НОВО: Повисоки каматни стапки за штедење во Комерцијална банка
Комерцијална банка од 1 октомври ги зголеми фиксните каматни стапки за орочено штедење во денари и евра, со што на штедачите им нуди повисок гарантиран принос во рамки на новата промотивна понуда.
Промотивниот период трае од 1 октомври до 31 декември 2026 година, а највисоката фиксна каматна стапка достигнува 3,60%.
Кај денарските депозити, за рок на орочување од 25 месеци фиксната каматна стапка изнесува 2,90%, додека за 40 месеци достигнува 3,60%.
За депозитите во евра, фиксната каматна стапка за 25 месеци изнесува 1,70%, а за орочување на 40 месеци 2,30%.
Со новата понуда, штедачите имаат можност однапред да го знаат фиксниот принос за периодот на орочување, што овозможува полесно финансиско планирање.
Од Банката посочуваат дека понудата е дел од активностите поврзани со Месецот на штедењето, период во кој традиционално се промовира значењето на долгорочното и одговорно управување со личните финансии.
Повеќе информации за новите орочени депозити се достапни на веб-страницата kb.mk, како и во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка.
Банки
Промоцијата продолжува – Станбен кредит од Комерцијална банка без трошоци за одобрување и процена до 31 декември
Комерцијална банка ја продолжува промоцијата за станбениот кредит, овозможувајќи им на клиентите до 31 декември 2026 година да аплицираат за кредит без трошоци за одобрување и процена на имотот.
Во рамки на промотивната понуда, станбениот кредит се одобрува со фиксна годишна каматна стапка од 3% за првите пет години, со рок на отплата до 30 години и можност за грејс-период до 12 месеци.
Кредитот може да се користи за купување, изградба, доградба или реконструкција на стан, куќа или деловен простор, како и за купување градежно земјиште или недвижен имот во странство.
За дополнителна финансиска сигурност, клиентите имаат можност да го комбинираат кредитот со животно осигурување од Триглав Осигурување Живот АД Скопје.
Со продолжувањето на промотивниот период, Комерцијална банка им овозможува на заинтересираните клиенти да ги намалат почетните трошоци поврзани со реализацијата на станбениот кредит и полесно да го реализираат планот за нов дом.
Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање се достапни на веб-страницата на Комерцијална банка или во најблиската експозитура на Банката.
-
Банкипред 2 месециНОВО: Комерцијална банка воведе штедење на 25 и на 40 месеци со фиксни каматни стапки
-
Банкипред 1 месец10% поврат на средства со Mastercard картичките на Стопанска банка секој први во месецот
-
Анализипред 2 месециМакедонија ќе има два система за инстант плаќања: КИБС Инстант и мобилна апликација „Стрела“ преку КИБС и TIPS Clone преку Народната банка
-
Колумнипред 2 месециКој ќе биде македонскиот Revolut?
-
Банкипред 2 месециКристина Трпезановска: NLB Smart POS им овозможува на малите бизниси полесен пристап до дигитални плаќања
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Групацијата вработува ИТ професионалец – Специјалист за ИТ за независна валидација
-
Банкипред 1 месецНЛБ Банка: Исплатени пензиите за август, средствата се достапни веднаш
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка денеска ги исплаќа августовските пензии

