Connect with us
no baners

Останато

Избрани тројца членови на Одборот на директори на АмЧам и доделени признанија за најдобри практики на општествена одговорност

Објавено

на

Американската Стопанска Комора во Северна Македонија (АмЧам), во вторникот, на 26-ти ноември, го одржа своето 24-то Генерално Собрание на кое беа избрани тројца членови на Одборот на директори, се доделија признанија за најдобрите практики на општествена одговорност (CSR) на компаниите-членки и беше направен преглед на најзначајните постигнувања за годината што изминува.

Собранието беше отворено со поздравни говори на Иван Костиќ, Претседателот на Одборот на директори на АмЧам, и  Н.Е. Ангела П. Агелер, Амбасадор на САД во Република Северна Македонија, кои изразија благодарност за АмЧам за спроведените активности во изминатата година и ги споделија своите очекувања за успешна имплементација на многуте иницијативи и проекти од кои се очекува да го зајакнат домашниот деловен екосистем и да поттикнат регионална соработка, планирани за годината што доаѓа.

Во работниот дел, покрај тековните одлуки, беше направен и избор на тројца членови во Одборот на директори на АмЧам. Андреј Петрески (Cisco), Славко Пројкоски (Македонски Телеком) и Бојан Стојаноски (Стопанска Банка) беа избрани и добија двегодишен мандат во Одборот на директори.

На Генералното собрание беше одбележан и клучен момент во проектот „Партнерства за донирање“, поддржан од УСАИД, а имплементиран од АмЧам во партнерство со Асоцијација Конект. Во рамки на настанот беа доделени признанија за највлијателните општествено одговорни практики на компаниите. Меѓу наградените компании за 2024 година се најдоа:

  • Халкбанк за проектот „Фустани со џебови“;
  • Битолска Млекара за проектот „Растеме заедно“;
  • Стопанска Банка АД Скопје за проектот „Вози право – вози здраво“;
  • ТИТАН Цементарница Усје за проектот „ Вклучување на вработените, развој и добросостојба“;
  • Зегин за проектот „ЗЕГИН Спектратон – Трка на херои во сите бои“.

Пред членките беа претставени и извештаи за тековното работење на АмЧам, а претседателите на комитетите ги презентираа најзначајните постигнувања за 2024 година. Исто така, беа најавени и дел од приоритетните проекти за периодот што следува, во согласност со стратегијата на АмЧам за периодот 2024-2028. Во фокусот на овие иницијативи ќе бидат економскиот развој, предвидливоста на деловното опкружување, дигитализацијата, здравствениот систем, човечкиот капитал и одржливоста.

Останато

Изготвувањето на потрошувачката кошничка е при крај, треба да биде донесена до 30 јуни

Објавено

на

Изготвувањето на просечната потрошувачка кошничка е во завршна фаза, а крајниот рок за нејзино усвојување останува 30 јуни, соопшти министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.

Тој информираше дека документот веќе бил разгледан од членовите на Економско-социјалниот совет (ЕСС), кои доставиле забелешки и предлози што моментално се обработуваат.

Според Дурмиши, потрошувачката кошничка повторно ќе се најде на дневен ред на наредната седница на ЕСС, по што ќе се утврди дали се потребни дополнителни измени. Доколку сите страни постигнат согласност, кошничката ќе биде официјално објавена и достапна за јавноста.

Министерот посочи дека Министерството во моментов е целосно фокусирано на исполнување на обврските од реформската агенда.

– Работните групи активно работат на сите потребни чекори, а техничките детали околу потрошувачката кошничка се при самиот крај. Забелешките и критиките од членовите на ЕСС се разгледуваат и дел од нив ќе бидат вклучени во финалната верзија – изјави Дурмиши.

Тој нагласи дека по завршување на обврските поврзани со реформската агенда, институциите дополнително ќе се посветат на финализирање на документот.

Продолжи со читање

Останато

Интегритетот како темел на довербата: УЈП и ДКСК преку обуки кон зајакнување на етичките стандарди

Објавено

на

Управата за јавни приходи, во соработка со Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), на 12 мај во Клуб на пратеници во Скопје одржаа обука на тема „Етика и интегритет на вработените во Управата за јавни приходи“. Целта на обуката беше препознавање и спречување на непрофесионално, неетичко и коруптивно однесување.

На настанот воведно обраќање имаа директорката на УЈП, м-р Елена Петрова и претседателот на ДКСК, Адем Чучуљ. Во своето обраќање директорката Петрова истакна дека интегритетот не е само лична вредност, туку и институционална обврска, врз која се гради довербата на граѓаните и деловната заедница во системот.

Таа посочи дека, по донесувањето на Декларацијата за даночна етика, Управата за јавни приходи активно работи и на подготовка на Стратегија за интегритет и анти-корупција, со која се воспоставуваат јасни принципи, стандарди и механизми за професионално, одговорно и транспарентно постапување.

„Се обврзуваме на систем во кој нема „брзи ленти“, нема „тивки интервенции“ и нема различни правила за различни луѓе. Корупцијата не започнува со големи афери. Таа започнува тогаш кога правилата почнуваат да зависат од лични контакти, неформални барања и услуги „да се провери“, „да се забрза“, „да се среди“ или „да се премолчи“, истакна директорката на УЈП, Елена Петрова.

Претставниците на ДКСК истакнаа дека особено е значајна заложбата на УЈП за развивање интерни политики, етички стандарди и механизми за превенција на корупцијата, како и градење институционална култура заснована на одговорност, транспарентност и законито постапување.

Во контекст на работата на УЈП, беше истакнато дека институцијата постапува со чувствителни податоци, носи одлуки со директно влијание врз граѓаните и деловниот сектор и работи во средина во која е особено важно да се препознаваат и навремено да се управуваат ризиците од притисоци, неформални влијанија, судир на интереси и злоупотреба на службени информации.

Целта на ваквите едукативни активности е службените лица навремено да ги препознаат ризичните ситуации, да знаат како правилно да постапат, кога да побараат совет, кога да пријават приватен интерес и кога да се изземат од постапување. На тој начин, како што беше истакнато, се заштитуваат и институцијата и вработените, а се јакне довербата на граѓаните и правните лица во јавниот сектор.

Директорката Петрова пред присутните порача дека градењето институција со висок интегритет подразбира доследна примена на правилата, транспарентност во постапувањето и професионален однос во секојдневната работа. Особен акцент беше ставен и на личната одговорност на секој вработен во создавањето институционална култура во која чесноста, отчетноста и еднаквиот третман се вредности што се живеат секојдневно, а не само формално пропишани принципи. Додаде и дека довербата на граѓаните се гради преку доследност, предвидливост и професионално постапување, но и преку подготвеноста институциите отворено да ги препознаваат ризиците и континуирано да работат на нивно надминување и зајакнување на довербата во даночните службеници и УЈП.

„Довербата во УЈП ќе ја зајакнеме со интегритет, транспарентност и доследност секој ден, во секој предмет, за секој рок, во секој контакт со даночен обврзник и во секоја одлука што ја носиме“, порача Петрова.

Таа додаде дека Управата за јавни приходи останува посветена на унапредување на етичките стандарди, јакнење на професионалниот интегритет и создавање институционална култура заснована на одговорност, еднаквост, професионализам и владеење на правилата.

Обуката „Етика и интегритет на вработените во Управата за јавни приходи“ е дел од континуираната соработка меѓу ДКСК и институциите од јавниот сектор за зајакнување на системот на интегритет, унапредување на професионалните стандарди и развивање култура на одговорно, законито и непристрасно постапување. На обуката учествуваа 46 вработени.

Продолжи со читање

Бизнис

Отворен е повикот за Western Balkans Startup Accelerator – една од највозбудливите можности за стартапи во рана фаза од регионот!

Објавено

на

Стартапи од Македонија и регионот добиваат нова можност за забрзан раст и излез на интернационалната сцена преку „Western Balkans Startup Accelerator“ програмата креирана од еден од најреномираните топ светски акцелератор и инвеститор „Startup Wise Guys“ и поддржана од Zephyr Angels како нивен инвестициски партнер од Македонија.

Стартапите ќе добијат практична поддршка за раст, развој на продукт, fundraising и излез на интернационални пазари преку хибриден формат што комбинира online и onsite сесии низ регионот и Европа.

Дополнително, стартапите добиваат можност за инвестиција од 50.000€, а најдобрите тимови ќе можат да аплицираат и за дополнителна follow-on инвестиција до 250.000€.

Ова не е класична едукативна програма, туку hands-on искуство за founders кои сакаат брзо да учат, да градат релевантни контакти и да го позиционираат својот стартап на следното ниво.

Апликациите се отворени до 18 мај.

Повеќе информации и аплицирање: Western Balkans Startup

Western Balkans Startup Accelerator

ПР објава

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange