Connect with us

Компании

Матеј Нарат предложен за нов член на Одборот на директори на Триглав Осигурување АД Скопје

Објавено

на

Одборот на директори на Триглав Осигурување АД Скопје го предложи г-дин Матеј Нарат за нов независен неизвршен член на Одборот на директори на Триглав Осигурување АД Скопје, по професија магистер по економија.

Доколку г-динот Матеј Нарат биде избран за нов член на Одборот на директори на Триглав Осигурување АД Скопје, неговиот мандат како независен неизвршен член на Одборот на директори ќе трае четири години, почнувајќи од 29.10.2024 година.

Другите членови на Одборот на директори продолжуваат со својата работа во Одборот на директори со постојниот мандат.

Одборот на директори на Триглав Осигурување АД Скопје во моментов го сочинуваат 7 членови.

Компании

Штедилница Можности се вклучи во кампањата „Научете мудро да позајмувате“

Објавено

на

Штедилница Можности годинава одбележува јубилеј – 25 години од основањето, а со тоа и 25 години од спроведувањето на својата мисија,  да обезбеди можности луѓето да добијат поддршка за своите добри деловни идеи и со резултатите од своите мали бизниси да си помогнат себеси, на своите семејства и на заедницата.

Овој 25-годишен јубилеј штедилницата го посветува на покренување на свесноста за одговорното кредитирање и против презадолженоста на населението. Во сиот период, а и отсега, штедилницата останува посветена на финансиската едукација и на финансиската инклузија во општеството. Во таа насока, „Можности“ се вклучи во 10-тото издание на кампањата „Научете мудро да позајмувате” која е организирана од Центарот за микрофинансирање (MFC) и неговите партнери.

Кампањата има за цел да промовира одговорни практики за задолжување и стандарди за заштита на клиентите во сферата на микрофинансирањето, но ја нагласува и културата на одговорно кредитирање.

Со учеството во кампањата, Штедилница Можности ја покажува својата посветеност на одговорното кредитирање и грижата за клиентите. Одговорните практики на задолжување не само што ги штитат клиентите, туку придонесуваат и за целокупната репутација на микрофинансиските институции. Како учесник, „Можности“ уште еднаш докажува дека е доверлив и етички заемодавач.

„Големо е задоволството што Штедилница Можности учествува во кампањата за паметно позајмување. Штедилницата е посветена на одговорното кредитирање и финансиската вклученост, процеси кои се важни сојузници во нашата мисија. Во овие времиња со многу предизвици, соработката е од суштинско значење, и заедно со Штедилница Можности можеме да направиме позначајно влијание во промовирањето на одговорни практики за задолжување“, изјави Ева Банковска, заменик-директор на MFC.

За дополнителни информации, прочитајте го нашиот блог на нашата веб-страница или
контактирајте нè во која било од нашите експозитури.

ПР Објава

Продолжи со читање

Компании

Штедилница Можности на 20-то издание на Скопскиот маратон!

Објавено

на

Штедилница Можности беше дел од 20-то јубилејно издание на големата спортска манифестација Скопски маратон 2024 година којшто се одржа во неделата, на 6-ти октомври. На јубилејниот 20-ти Скопски Виз Ер маратон учествуваа рекордни 13.400 маратонци од целиот свет кои ги исполнија скопските улици со спортска атмосфера, натпреварувачки дух и многу ведри и задоволни лица.

Традиционално и оваа година Штедилница Можности ги поддржа колегите кои покажаа интерес да земат учество на овој настан во дисциплината полумаратон.

Штедилница Можности ги поздравува своите вработени Раде Филиповски и Бранко Николовски од дирекција Скопје, кои успешно го завршија полумаратонот и истрчаа 21 километри.

Продолжи со читање

Компании

АЛКАЛОИД АД Скопје вложува во истражувачко-развојна компанија во Јужна Кореја

Објавено

на

АЛКАЛОИД АД Скопје како интернационална генеричка фармацевтска компанија тежнее да биде присутен во сите сегменти на овој бизнис и да им понуди на здравствените системи и на пациентите достапност до што поголемо портфолио и типови на лекови по прифатлива цена. Покрај вообичаените генерички лекови, АЛКАЛОИД АД Скопје има стратешка цел да настапи на пазарот и со биослични лекови.

За навреме да настапи во овој растечки бизнис-сегмент во фармацевтската индустрија, АЛКАЛОИД АД, преку докапитализација на своето новоформирано друштво ALKALOID Pharma International од Хрватска, се одлучи за вложување преку купување малцински удел во јужнокорејската компанијата Rophibio. Преку ова вложување во Јужна Кореја, во противвредност од 1 милион американски долари, АЛКАЛОИД АД, покрај сопственичкиот удел во компанијата, ќе добие и право на првенство при лиценцирање на производите за регионите во кои има свои операции.

Земајќи го предвид потенцијалот на пазарот, како и искуството на тимот кој ја предводи компанијата Rophibio, АЛКАЛОИД АД донесе одлука за инвестиција во оваа истражувачко-развојна компанија, која во моментов е во напредна фаза на развој на биослични лекови

Продолжи со читање

Популарно