Банки
Шпаркасе Банка домаќин на германската делегација од Франкфурт и Хајделберг
Домаќин на работната средба со германската делегација од Франкфурт и Хајделберг беше Претседателот на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје, Санел Кустурица.
Во присуство на претседателот на Бордот на директори на Хајделберг Факултет во Скопје, проф. д-р Улрих Цајтел, претседателката на УО на Франкфуртскиот универзитет Провадис, проф. д-р Уршула Ото и директорот за развој Лукас Рудериш, беше одржана работна средба со раководството на една од најголемите и најпрофитабилни банки во македонскиот банкарски систем, Шпаркасе Банка.
На средбата, од страна на германската делегација беше презентиран Франкфуртскиот дуален модел на високо образование, како прва фаза од стратегијата за трансфер на студиите во македонскиот образовен систем. Имено, Хајделберг Факултет во Скопје беше акредитиран и признаен како нов партнер за изведување на додипломски германски студии.
Ова, како што кажа проф. д-р Цајтел, претставува одлична можност за банките, да влезат во проектот, особено оние со странски капитал (од земјите со германско-австриско јазично подрачје – членки на ЕУ), затоа што, тие, одлично го разбираат концептот на дуалното високо образование, и заедно со нас, како уникатна високообразовна установа Хајделбер, да креираме нови и идни банкари, уште од најраната возраст, на пример од 21 или 22 години. Практично, тоа е уникатноста на нашиот образовен модел во Хајделберг факултет во Скопје. Да се креираат кадри заедно со нашите дуални партнери во текот на студиите, во сите три години од циклусот, дополни директорот за развој, г-дин Лукас.
Имено, како што беше нагласено, една од најважните елементи на успехот на тамошната економија е вложувањето и развојот на млади кадри, веднаш после завршување на средното училиште. За таа цел, делегацијата од Германија, го презентираше начинот и стратегијата за работа во новата германска високообразовна установа Хајделберг Факултет во Скопје, како и условите за студирање во петтиот семестар во Франкфурт за сите идни и млади студенти – банкари, кои ќе бидат дел од наставата во првата генерација.
Претседателот на Управниот одбор на Шпаркасе Банката изрази интерес да се оди во наредна фаза од процесот, а тоа ќе значи формирање на работна група за целите на проектот, составена од двете институции.
Како што заклучија сите учесници на состанокот, Шпаркасе Банка е пример за општествена одговорност, а за тоа сведочи платформата за општествена одговорност „Sparkasse Life“, преку која, Банката продолжува да поддржува проекти и иницијативи од различни области, како спорт, култура, образование, уметност, финансиската едукација. За таа цел, Претседателот на Управниот одбор на Шпаркасе Банка, Санел Кустурица ја претстави петгодишната стратегија на Банката, во која е ставен фокус на: растот и развојот на бројот на клиенти, раст на кредитното портфолио и раст на депозитното портфолио, како и вложувања во заедницата преку платформата за општествена одговорност „Sparkasse Life“ и континуирано вложување во задоволството и професионалниот развој на вработените кои се движечка сила на банката.
Банки
НЛБ Банка со информација за исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за февруари 2026 година
Исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за месец февруари 2026 година е реализирана, информираат од НЛБ Банка.
Корисниците на оваа помош средствата можат да ги подигнат од банкоматите во секое време, без ограничување на работното време на банките.
Воедно, клиентите се потсетуваат дека средствата можат да ги користат и безготовински, односно за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, што овозможува побрзо и поедноставно користење на средствата.
Банки
Комерцијална банка: Потпишувањето налози преку Интернет банка сега со само еден чекор
Комерцијална банка АД Скопје информира дека со користење на услугата Интернет банка потпишувањето налози може да се извршува на многу поедноставен начин. Банката посочува дека новата функционалност овозможува едноставна политика за потпишување денарски налози, при што плаќањето се реализира со само еден чекор.
Со ова решение, корисниците добиваат помалку административни процедури и поголема ефикасност во секојдневното работење, што значително го олеснува управувањето со финансиските трансакции.
Од Комерцијална банка објаснуваат дека преку Интернет банка клиентите можат побрзо и поедноставно да ги извршуваат своите плаќања, а дополнителни информации за начинот на користење се достапни во видео туторијалот објавен на официјалниот линк на банката.
Банки
Стопанска банка нуди брзи и сигурни трансакции со картичките и лесно следење на трошоците преку телефон
Со картичките на Стопанска банка клиентите добиваат брзи и сигурни трансакции, како и практична контрола врз своите финансии. Банката им овозможува на корисниците преку современи дигитални услуги лесно да ги следат своите трошоци директно од мобилниот телефон.
Со ова решение, клиентите можат во секое време да имаат увид во направените плаќања, состојбата на сметката и тековните трансакции, што овозможува подобро управување со личниот буџет. Дигиталните алатки на Стопанска банка се наменети да обезбедат поголема удобност, безбедност и контрола во секојдневното користење на банкарските услуги.
-
Продуктипред 2 месециАЛТА Банка со нов потрошувачки кредит со најповолни услови на македонскиот пазар
-
Банкипред 2 месециПредности и поволности на новата Халки картичка за деца
-
Продуктипред 2 месециШтедењето како резолуција за 2026 – Промо депозитот на Халкбанк како прв чекор
-
Продуктипред 1 месецКомерцијална банка: Воведуваме ново ниво на сигурност при интернет плаќања со картичка и трансакции преку мБанка
-
Бизниспред 1 месецУЈП започна со исплата на повратот од „Мој ДДВ“ за четвртиот квартал 2025
-
Банкипред 1 месецДобра вест за акционерите: Комерцијална банка со 8% повисока дивиденда за 2025 година
-
Останатопред 1 месецАЛТА банка АД Битола со стабилна капитална позиција, но значителен пад на профитабилноста во транзициската 2025 година
-
Продуктипред 1 месецОтворете сметка во Халкбанк онлајн и добијте ваучер за гориво од Макпетрол



