Connect with us

Банки

Нова ера за дуалното образование: Хајделберг факултет и НЛБ Банка стануваат стратешки партнери

Објавено

на

Хајделберг факултет и НЛБ Банка АД Скопје официјално ги здружија силите во имплементацијата на германскиот модел на дуално високо образование во Северна Македонија. Партнерството беше официјализирано со потпишување на Меморандум за соработка на 14 април во просториите на банката.

Во име на НЛБ Банка, документот го потпишаа м-р Дејан Маџовски, директор на сектор за човечки ресурси и Елизабета Саздовска, помошник директор, додека Хајделберг Факултет беше претставен од м-р Даниела Стефаноска, директорка и проф. д-р Улрих Цајтел, претседател на Одборот на директори.

Со овој меморандум се отвораат нови можности за студентите, можност за практична настава во рамки на реномирана банка, работа на реални проекти и директно менторство од докажани експерти од финансискиот сектор.

Партнерството со НЛБ Банка е голем чекор напред во визијата за градење на образовен модел кој ги подготвува студентите за реалниот свет. Нашата цел е да креираме генерации подготвени да се вклучат во современиот пазар на труд уште за време на студиите,“ изјави проф. д-р Улрих Цајтел.

Хајделберг факултет е прв во земјата кој системски го воведе концептот на дуално образование – со комбинирање на академско знаење и професионална пракса. Преку оваа соработка, студентите ќе имаат уникатна можност да учат и работат истовремено, градејќи релевантни вештини и искуство во текот на целиот тригодишен циклус.

Како што беше нагласено на настанот, факултетот е под супервизија на Универзитетот Провадис од Франкфурт и веќе е акредитиран како партнер за германски додипломски студии во регионот на Западен Балкан.

Од НЛБ Банка нагласуваат дека ваквото партнерство е дел од нивната долгорочна стратегија за поддршка на младите и развој на талентирани кадри. „Инвестирањето во образованието е инвестиција во иднината – а токму со овој модел, го скратуваме јазот меѓу теоријата и праксата,“ велат од банката.

Соработката предвидува вклучување на студенти во активни проекти, менторирање, како и можност за кариера во рамки на НЛБ уште од прва студиска година.

Банки

Со можното преземање на УНИБанка, Шпаркасе Групацијата цели кон пазарен удел од приближно 17% и вкупна актива вредна 2,8 милијарди евра во Македонија!?

Објавено

на

Денес, 10.09.2026 година, од страна на Штаермеркише Шпаркасе Групацијата беше официјално поднесенo Известување за намера за преземање на сите запишани обични акции издадени од Уни Банка АД Скопје.

Објавувањето на намерата за преземање претставува прв, иницијален чекор во процесот. Самата реализација на трансакцијата и понудата за преземање во претстојниот период подлежат на законски и регулаторни процедури, кои вклучуваат задолжително прибавување на претходни согласности и одобренија од надлежните институции во Република Северна Македонија како и од соодветните меѓународни регулаторни тела.

Во тој контекст, Штаермеркише Шпаркасе Групацијата останува целосно посветена на успешно, транспарентно и одговорно спроведување на сите наредни чекори во согласност со важечките прописи и највисоките професионални стандарди.

„Како една од водечките банкарски групации во Европа, имаме силна доверба во
македонскиот банкарски сектор и неговиот долгорочен потенцијал за раст. Оваа објава ја потврдува нашата континуирана посветеност на пазарот и нашата стратегија за одржлив раст. Со овој чекор имаме цел дополнително да го зајакнеме нашето присуство во Северна Македонија и да ја унапредиме нашата улога како доверлив, стабилен и долгорочен партнер на граѓаните, деловната заедница и економијата во целина“
, изјави Георг Бухер, Претседател на УО на Штаермеркише Шпаркасе и Претседател на Надзорниот Одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје.

Штаермеркише Шпаркасе е застапена во Северна Македонија од 2008, со сегашна вкупна актива од скоро две милијарди евра во земјата. По преземањето на Уни Банка, Штаермеркише Шпаркасе ќе располага со вкупна актива од околу 2,8 милијарди евра во Македонија и пазарен удел од приближно 17 %.

Продолжи со читање

Банки

До 80 години отплата и животно осигурување на трошок на банката – нов кредитен пакет за пензионери од АЛТА банка

Објавено

на

Со можност за отплата до 80 години старост и ризико животно осигурување целосно на трошок на банката, АЛТА банка отвора повеќе простор за личните планови, избори и финансиска сигурност на пензионерите преку новата платформа „ЗА ВАС.“

Некои планови доаѓаат порано. Други подоцна. Да се обнови домот, да се помогне на семејството, да се реализира нешто што долго се одложувало или едноставно да се направи нешто за себе. Пензионирањето не ги прави тие одлуки помалку важни.

Токму од таа идеја тргнува АЛТА банка со новиот Кредитен пакет за пензионери, чија најпрепознатлива предност е можноста кредитот да се отплаќа до 80 години старост, односно максималната возраст на клиентот на денот на целосната отплата да изнесува 80 години.

Посебна вредност на пакетот е ризико животното осигурување, кое АЛТА банка го обезбедува на свој трошок за целиот период на отплата на кредитот, без дополнителен трошок за клиентот. На тој начин, во случај на непредвиден животен настан покриен со полисата, се обезбедува заштита на преостанатата кредитна обврска и дополнителна финансиска сигурност за семејството.

Новиот кредитен пакет овозможува износ до 600.000 денари, со рок на отплата до 120 месеци и фиксна каматна стапка од 7,50%.

Но, зад бројките стои едноставна идеја: финансиските производи имаат најголема вредност кога го следат животот на луѓето и им оставаат простор самите да одлучат што им е важно.

„За вас. За сè што ве радува.“

„ЗА ВАС.“ е повеќе од порака за еден кредитен производ. Тоа е пристап со кој АЛТА банка сака уште подобро да одговори на реалните потреби на пензионерите – преку производи, услуги и погодности што им носат поголем избор, едноставност и вредност во секојдневието.

„Со овој пакет сакавме да понудиме повеќе од кредит – решение што носи и поголема сигурност за клиентите и нивните семејства. Затоа овозможивме отплата до 80 години старост, а АЛТА банка во целост го презема трошокот за ризико животното осигурување за целиот период на отплата, без дополнителен трошок за клиентот. Веруваме дека токму ваквите услови создаваат вистинска вредност за пензионерите – поголем простор за нивните планови и дополнителна финансиска сигурност“, велат од АЛТА банка.

Новиот Кредитен пакет за пензионери е достапен преку експозитурите на АЛТА банка, а повеќе информации за производот и условите се достапни на altabanka.com.mk.

ПР објава

Продолжи со читање

Банки

По Охридска банка, Шпаркасе ја купува и УНИБанка?

Објавено

на

На македонскиот банкарски пазар се подготвува уште една голема трансакција. Steiermärkische Bank und Sparkassen AG, банкарската групација во чиј состав е Шпаркасе Банка АД Скопје, има намера да достави понуда за преземање на 100% од обичните акции на УНИ Банка АД Скопје.

Според известувањето доставено до УНИ Банка на 10 септември 2026 година, австриската банкарска групација планира да понуди 126,3766353 евра за една акција, во денарска противвредност.

УНИБанка има вкупно 545.987 издадени акции, а доколку понудата изнесува 126,3766353 евра по акција, вкупната вредност за преземање на 100% од акциите би изнесувала 69 милиони евра.  Со тоа, потенцијалната трансакција би ја вреднувала целата УНИБанка на околу 69 милиони евра.

Станува збор за намера за целосно преземање и понудата треба да се однесува на сите запишани обични акции кои претставуваат 100% од запишаниот акционерски капитал и гласачките права во УНИ Банка.

Сепак, во оваа фаза не станува збор за завршена аквизиција. Реализацијата е условена со добивање повеќе регулаторни одобренија во земјава и странство. Меѓу нив се одобренија од надлежните тела за заштита на конкуренцијата во Црна Гора и Србија, како и од Европската централна банка. Потоа преземачот треба да побара дозвола за понудата за преземање од Комисијата за хартии од вредност.

Доколку некое од потребните странски одобренија не биде добиено, намерата за преземање ќе се смета за повлечена. Истото важи и доколку надлежните институции не ги издадат потребните одобренија во предвидените рокови.

Шпаркасе продолжува со консолидација на македонскиот банкарски пазар

Потенцијалното преземање е особено интересно ако се погледне претходната експанзија на Шпаркасе во Македонија.

Во 2021 година официјално заврши присоединувањето на Охридска банка кон Шпаркасе Банка Македонија, откако процесот претходно ги доби потребните регулаторни одобренија. Со интеграцијата, Шпаркасе значително ја зајакна својата позиција и влезе во групата на големи банки на македонскиот пазар. 

Сега, пет години подоцна, групацијата прави чекор кон уште една значајна аквизиција.

УНИ Банка е профитабилна банка со 31,25 милијарди денари вкупни средства на крајот на 2025 година, капитал од околу 4,28 милијарди денари и нето-добивка од 492,5 милиони денари. Според податоците на Македонската берза, пазарната капитализација за 2025 година е наведена на околу 4,04 милијарди денари. 

Токму затоа, евентуалното преземање на УНИ Банка би претставувало нова значајна консолидација на банкарскиот сектор во Македонија и дополнително би ја засилило позицијата на Шпаркасе групацијата.

Засега клучниот збор е намера. Следниот чекор е добивањето на потребните регулаторни одобренија, по што ќе стане појасно дали УНИ Банка навистина ќе стане следната македонска банка што ќе влезе во групацијата на Шпаркасе.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange