Connect with us

Банки

ЕБОР ја поддржуваат дигитализација кај македонските МСП преку нов производ

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) одобри ЕУР 4 милиони кредитна линија на Шпаркасе Банка АД Скопје, за натамошно позајмување на македонските малите и средни претпријатија (МСП), за инвестиции во дигитална и автоматска технологија.

Ова е прв кредит од ЕБОР Програмата за дигитализација на Западен Балкан во земјата, преку кој се поддржуваат стимулативни плаќања и техничка помош финансирана од Европската Унија, чија Програма за гаранции за Западен Балкан ги поддржува МСП, преку обезбедување на поголемо финансирање достапно преку комбинација на грантови и кредити.

Програмата за дигитализација на Западен Балкан се стреми кон привлекување на иновација, конкурентност и одржлив развиј во приватниот сектор. Истата вклучува мерки на зајакување во насока на користење нови технологии кои може да овозможат автоматизација и дигитализација, обезбедувајќи услови МСП да останат конкурентни во сė поширокиот дигитален пејсаж, и насочувајќи ги инвестициите кон технологија која ја поддржува Транзицијата кон зелената економија. Оваа иницијатива промовира и инклузивен економски раст, преку обезбедување услови, МСП управувани од жени, да имаат еднаков пристап до финансирање.

Обезбедувањето на финансирање за ваков развој ќе им помогне на бизнисите во регионот подобро да се усогласат со ЕУ стандардите, да го прошират нивниот трговски потенцијал, да го зголемат капацитетот, да се натпреваруваат на глобалната сцена, и да ја поттикнат нивната отпорност и разновидност.

Договорот беше потпишан од господин Фатих Туркменоглу, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија и господин Санел Кустурица, Претседател на Управниот Одбор на Шпаркасе Банка и госпоѓа Златица Цивкароски, Член на Управниот Одбор на Шпаркасе Банка.

Туркменоглу изјави: “Поддршката на МСП во нивната дигитална и зелена транзиција е круцијална за градење на силен приватен сектор. Преку промовирање на иновација и одржливост, обезбедуваме услови бизнисите да добијат пристап до финансирањето и можности за раст. Оваа иницијатива, ги охрабрува МСП да ја поттикнат автоматизацијата и дигитализацијата, да ја зајакнат нивната конкурентност на локалните и глобалните пазари, како и инклузивноста во ланците на глобални вредности.”

Кустурица додаде: “Посветени сме во поддршка на иновациите и одржливиот раст, а оваа соработка ја зајакнува нашата посветеност во обезбедувањето финансиски решенија кои им овозможуваат на малите и средни бизниси да напредуваат. Горди сме што соработуваме со ЕБОР во оваа иновативна иницијатива, која има за цел да ја поттикне дигиталната и зелена трансформација на малите и средни претпријатија во земјата. Со олеснување на пристапот до напредни технологии и промоција на одржливоста, не само што им помагаме на бизнисите да ја подобрат својата ефикасност и продуктивност, туку и придонесуваме за поодржлива и посилна економија.“

ЕБОР има инвестирано повеќе од ЕУР 2.9 милијарди во 198 проекти во Северна Македонија, од почетокот на работењето во земјата.

Банки

Тимот на Комерцијална банка подготвен за штафетниот предизвик од 42 километри

Објавено

на

Тимскиот дух се гради пред трката, а се докажува на патеката. Со оваа порака, Комерцијална банка АД Скопје го претстави својот штафетен тим кој на 4 октомври ќе се соочи со предизвикот да истрча вкупно 42 километри.

Тимот го сочинуваат Искра, Горан, Јована и Мартин, кои велат дека за успешна штафета не се доволни само физичката подготовка и брзината, туку и добра стратегија, меѓусебна поддршка и силен тимски дух.

„Кога се трча штафета, најважно е секој успешно да го заврши својот дел. За нас, успехот не се мери само во секунди и километри, туку во тоа сите да стигнеме на целта здрави, насмеани и задоволни од заедничкиот резултат“, велат членовите на тимот.

Според нив, поддршката започнува многу пред стартната линија, преку заедничките подготовки, мотивацијата и размената на совети.

„На самата трка секој е сам на својата делница. Затоа, најголемата поддршка ја градиме деновите претходно. А на денот на трката доволни се насмевките и аплаузот во моментите на размена на штафетата“, посочуваат тие.

За тимот на Комерцијална банка, штафетата претставува многу повеќе од спортски предизвик – таа значи заедничко планирање, споделување искуства и подготовка за секој следен предизвик.

Од Банката истакнуваат дека нивните колеги уште еднаш покажуваат дека зад секој успех стојат посветеност, добра подготовка и тим кој секогаш е тука еден за друг.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка ја исплати паричната помош за август од социјална, детска и цивилна заштита

Објавено

на

НЛБ Банка информира дека е извршена исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за август 2026 година.

Корисниците на парична помош од социјална и детска заштита средствата можат да ги подигнат од банкоматите во секое време.

Од Банката потсетуваат дека клиентите имаат можност средствата да ги користат и безготовински, односно за плаќање во продажната мрежа, како и преку електронско и мобилно банкарство.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка со „Zipp-тември“: Попусти до 40 отсто, двојни поени и награди за членовите на Zipp Club

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје во текот на септември организира „Zipp-тември“, месец исполнет со дополнителни поволности, попусти, награди и забавни активности за членовите на Zipp Club.

Во рамки на промотивните активности, членовите на Zipp Club можат да користат дополнителни попусти до 40 отсто кај дел од Zipp партнерите.

За корисниците кои плаќаат со Zipp картичката е предвидена и можност преку BonusBox да собираат двојно повеќе поени, кои потоа можат да ги користат за дополнителни поволности и изненадувања.

Од Комерцијална банка најавуваат и цел месец дружења со изненадувања и подароци, како и доделување на наградите од Zipp наградната игра.

Како финале на „Zipp-тември“ е најавен и голем Zipp пикник.

Од Банката посочуваат дека повеќе детали за активностите и поволностите се достапни на веб-страницата kb.mk и на Instagram профилот на Zipp Club, а младите кои сè уште не се членови се повикуваат да се приклучат на клубот.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange