Connect with us

Банки

ProYOUng – Со бесплатниот пакет за млади на ПроКредит банка добиј 6-месечна претплата на Spotify Premium

Објавено

на

ПроКредит Банка го лансираше новиот бесплатен банкарски пакет за млади, ProYOUng, кој во промотивниот период нуди единствена можност на пазарот што вклучува 6-месечна претплата на најпознатата музичка платформа во светот.

Пакетот е дизајниран за динамични и прогресивни млади луѓе на возраст од 15 до 25 години, нуди уникатни поволности со фокус на модерните навики на младите и претставува единствена можност за нив да го искусат најдоброто од дигиталното банкарско работење и да уживаат во бесплатна музика цело лето.

Освен бесплатна мобилна апликација и е-банкарство, дебитната картичка Mastercard и 6 месечниот бесплатенпристап до премиум услугите на најпопуларната музичка платформа во светот, корисниците на ProYOUng пакетот ќе уживаат и во други бројни бенефити на пакетот,  како бесплатни повлекувања на денари на банкомати на сите банки во земјата, бесплатни плаќања кон сите банки, бесплатни уплати и исплати во денари и евра на банкомати на ПроКредит Банка во Зони 24/7, како и Flexsave штедна сметка за флексибилно менаџирање на заштедите во секое време.

Од ПроКредит најавуваат дека под слоганот #BankLikeAPro ќе следуваат бројни едукативни иницијативи кои ќе го редефинираат начинот на кој младите пристапуваат кон банкарството и генерално, кон управувањето со личните финансии.

Аплицирај за бесплатниот пакет за млади на ПроКредит банка, остани секогаш онлајн со твојата банка, раководи лесно и брзо со твоите средства каде и да си и добиј 6-месечна претплата на Spotify Premium! Сите информации за бесплатниот ProYOUng пакет се достапни на веб страницата на банката.

Промоцијата трае од 15.05.2024 до завршување на количините. Бројот на гратис претплати на музичката платформа е ограничен. 

Банки

НЛБ Банка ја отвора новата NLB Next зона со „AFTER CLASS“ за студентите

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје на 1 октомври ќе ја отвори новата NLB Next зона со „AFTER CLASS“ настан во Паркчето Кино Карпош.

Настанот е најавен како неформален почеток на новата академска година и е наменет пред сè за студентите и младите.

Програмата ќе трае од 14:00 до 16:00 часот, а за атмосферата ќе се погрижи DJ THE AFT3R. Предвидени се и street food понуда и коктели.

Од НЛБ Банка ги повикуваат младите по првите предавања да се соберат во Паркчето Кино Карпош и заедно да го одбележат стартот на академската година.

Со отворањето на новата NLB Next зона, Банката продолжува со активности насочени кон помладата генерација и создавање простор за дружење, комуникација и современо банкарско искуство.

Продолжи со читање

Банки

Фич: Кредибилната монетарна политика и стабилниот банкарски систем се клучни фактори за економската стабилност

Објавено

на

Во својот најнов извештај за нашата земја, меѓународната рејтинг-агенција „Фич“ ги нагласува кредибилноста и континуитетот на монетарната политика на Народната банка, како и стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор. Агенцијата оценува дека долгорочната посветеност за одржување стабилна монетарна политика, поддржана од фиксниот курс на денарот кон еврото, претставува важен фактор за макроекономската стабилност. Фич воедно оценува дека девизните резерви остануваат стабилни и обезбедуваат соодветна покриеност на идните надворешни плаќања.

Во извештајот, „Фич“ наведува дека кредибилната и конзистентна монетарна политика придонесува за стабилноста на економијата. Во услови на повисоки инфлациски притисоци, Народната банка, во јуни 2026 година, ја зголеми основната каматна стапка за 25 базични поени на 4,25%. Според „Фич“, просечната инфлација во периодот јануари – август 2026 година изнесува 3,7%, при што повисоките цени на енергијата и растот на трошоците за труд и кредитната активност се меѓу факторите што влијаат врз ценовните движења.

Во однос на банкарскиот сектор, извештајот потврдува дека тој останува стабилен и добро капитализиран, со солидна ликвидност и отпорност. Во вториот квартал од 2026 година банките имаат висока адекватност на капиталот од 19,5%. Квалитетот на активата останува солиден, со нефункционални кредити од околу 2%.

Народната банка и натаму е посветена на одржувањето на ценовната и финансиската стабилност. Во услови на променливи глобални економски услови и присутни инфлациски и надворешни ризици, централната банка внимателно ги следи инфлациските движења, кредитната активност и состојбата на финансискиот систем и соодветно ја приспособува монетарната политика.

Наодите на „Фич“ се потврда за важноста на кредибилната и соодветно водена монетарна политика, како и на стабилниот и добро капитализиран банкарски сектор, за одржување на макроекономската и финансиската стабилност.

Продолжи со читање

Банки

Септемвриските пензии преку Халкбанк се достапни на сметките на пензионерите!

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје информира дека од 29 септември 2026 година, пензиите се достапни на сметките на пензионерите кои својата пензија ја примаат преку банката.

Средствата пензионерите можат да ги користат во сите филијали на Халкбанк, преку банкоматите, како и преку електронското и мобилното банкарство.

Пензионерите кои претходно дале согласност, пензијата можат да ја подигнат и во поштенските единици на Пошта на Северна Македонија.

Од Халкбанк посочуваат дека пензионерите имаат повеќе можности за пристап до своите средства, зависно од начинот на користење на банкарските услуги.

„Важни се луѓето!“, порачуваат од Халкбанк АД Скопје.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange