Банки
Кои ќе биде дел од Надзорниот одбор на Комерцијална банка во наредните 4 години?

Реномирани домашни бизнисмени и професори во претстојните 4 години ќе бидат дел од Надзорниот одбор на Комерцијална банка.
Согласно член 33 од Правилата за котација на Македонската берза на хартии од вредност, Комерцијална банка АД Скопје објавува дека Народната банка на Република Северна Македонија издаде согласност на Александра Максимовска Стојкова, Ванчо Чифлиганец, Горан Антевски, Сашо Наумоски, Фатмир Етеми, Ивана Милковска Симева и Петар Теговски за членови на Надзорниот одбор на Банката со мандат од 4 години, именувани со Одлука на Собрание на Банката одржано на 27.03.2024 година.
Банки
НОВО: Кредити од Комерцијална банка со намалени каматни стапки

Комерцијална банка ги намали каматните стапки на новоодобрени потрошувачки станбени и хипотекарни кредити, со што им овозможи на клиентите атрактивни услови за реализација на нивните планови.
Пониските каматни стапки и дополнителните промотивни услови кај Станбениот кредит се дел од нашата посветеност на обезбедување финансиски решенија кои најдобро се вклопуваат со желбите и потребите на нашите клиенти.
Тие може да изберат Потрошувачки кредит до 2.000.000 денари, Онлајн потрошувачки кредит, Станбен кредит или Хипотекарен кредит и да уживаат во бројни погодности, а пред сѐ во пониски месечни рати. По нивна желба може да изберат и период со атрактивна фиксна каматна стапка.
А, доколку се одлучат за Станбен кредит, во промотивниот период до 30 април ќе го добијат без трошоци за одобрување и процена на имот.
Со ова клиентите добиваат:
- Пониски каматни стапки за уште поповолни месечни рати
- Долг рок на отплата прилагоден на можностите на клиентот
- Можност за осигурување на кредитот за финансиска безгрижност
- Едноставна постапка за аплицирање
Без разлика дали планираат патување, семејна прослава, уредување на домот, нов стан или автомобил, а можеби и факултет за матурантот Комерцијална банка им овозможува поволни услови за остварување на овие убави планови.
Сите соништа и планови се вредни за да се остварат затоа што носат насмевка, возбуда и бесценети спомени!
Банки
Комерцијална банка најавува нов изглед и иновативни функционалности за Интернет банка за да одговори на современите потреби на корисниците

Комерцијална банка со задоволство ја најавува новата Интернет банка со современ дизајн и напредни функционалности за врвно корисничко искуство.
Интернет банката ќе добие целосно нов лик и многу нови можности за да одговори на современите потреби на корисниците.
Што носи новата Интернет банка?
- Интуитивен и модерен дизајн за лесно користење
- Напредни алатки за подобро управување со финансиите
- Брзи трансакции со омилени налози
- 24/7 преглед и контрола врз финансиите
Подготви се за ново ниво на твоето дигитално банкарство!
Погледнете ги новиот изглед и новите функционалности на Интернет банката на следниот линк.
Банки
TTK Банка АД Скопје ја исплати петтата годишна камата на сопствениците на корпоративни обврзници – втора емисија

ТТК Банка АД Скопје на 14.02.2025 година ја исплати петтата годишна камата на сопствениците на корпоративни обврзници – втора емисија со ISIN MKTTKS200020 и шифра TTKO2.
Пресметката на камата е извршена по фиксна каматна стапка од 2,7% на годишно ниво. Право на исплата на камата имаа сите лица регистрирани во книгата на иматели на корпоративна обврзница – втора емисија во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје заклучно со 13.2.2025 година.
Во февруари 2020 година ТТК Банка АД Скопје ја издаде втората емисија на корпоративни обврзници од коишто за кратко време се запишаа и уплатија 100% од понудените 1.500 обврзници по номинална вредност од 1.000 евра, со рок на доспевање од шест години, а во вкупна вредност од 1.500.000 евра и фиксна каматна стапка од 2,7% на годишно ниво.
- Банкипред 3 недели
Комерцијална банка: Исплатата на пензиите за јануари започнува на 31 јануари
- Business Womanпред 2 месеци
Празничен оптимизам во пресрет на новите предизвици преку здрав раст, етичко и одговорно работење
- Банкипред 1 месец
Даниела Ѓоршевска нов член на Управниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола
- Банкипред 3 недели
КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ЈА ЗГОЛЕМИ ДОБИВКАТА ЗА НЕВЕРОЈАТНИ 40% – во 2024 година оствари добивка од рекордни 80,7 милиони евра!
- Банкипред 2 месеци
Континуиран растечки тренд на користењето на дигиталните канали за извршување на електронските плаќања
- Банкипред 3 недели
Добивката на ТТК Банка порасна за 2,9% и дојде до 1,76 милиони евра во 2024 година
- Банкипред 3 недели
Халкбанк АД Скопје: Јануарските пензии се веќе исплатени!
- Банкипред 2 месеци
Дигитална зона 24/7 и нов современ изглед доби Филијалата на Комерцијална банка во Струмица