Connect with us
no baners

Продукти

Масовен проблем со платежни картички, пос уреди и банкомати во Македонија

Објавено

на

Проблем со редовното функционирање на платежните картички и уредите на кои тие најчесто се користат (трговија и банкомати) се појави во текот на денешниот ден откако речиси сите платежни картички на сите уреди не се достапни за користење.

Детални информации за што станува збор сеуште нема, освен дека е одреден технички проблем за што можеме да заклучиме и доколку се обидеме да платиме со платежна картичка во трговија – бидејќи ќе добиеме одговор “неуспешна трансакција“.

Македонската банкарска асоцијација објави дека проблемот е поврзан со картичните брендови Visa и Mastercard, а воедно дека не станува збор за проблем со телеком операторите, ниту пак системите на банките.

Во име на членките на Македонската банкарска асоцијација, ве информираме дека во моментот кога соопштението се подготвуваше и испраќаше дел од услугите на нашите членки, поврзани со картичните брендови VISA и Mastercard се недостапни – на банкомат или во трговија. Како и досега, средствата на клиентите на банките се достапни во сите експозитури и филијали. Членките на Македонската банкарска асоцијација се во интензивна комуникација со картичните брендови VISA и Mastercard, и од досегашните анализи може да се каже дека причината за проблемот не е поврзана со националните телеком оператори, ниту со поединечните системи на банките. По добивање покомплетни сознанија, јавноста навремено ќе биде известена од страна на Македонската банкарска асоцијација.” – велат од МБА.

Засега, со официјално соопштение излезе само НЛБ Банка:

Ве известуваме дека нашата ATM мрежа моментално се соочува со технички проблем и како резултат на ова, подигнувањето готовина од банкоматите на НЛБ Банка е привремено оневозможено. Нашите тимови работат на решавање на проблемот. Доколку имате итна потреба од подигнување на готовина од вашата трансакциска сметка, ви препорачуваме да ја посетите најблиската експозитура на Банката. Подигнувањето на средствата ќе ви биде овозможено без надоместок.” – велат од банката.

Во периодот што следи се очекуваат конкретни информации за проблемот, како и временскиот период за кој се очекува да се надмине истиот и картичките повторно да бидат функционални.

Продукти

Флекс Кредит одбележува 5 години постоење со наградна игра: „Признавам – не можам без тебе”

Објавено

на

По повод петгодишнината од своето основање во Македонија, Флекс Кредит ја започна наградната игра „Признавам – не можам без тебе“, со цел да им се заблагодари на своите клиенти за довербата и лојалноста што ја покажале во изминатите години.

Сите клиенти кои во периодот од 09.06.2025 до 19.08.2025 година ќе склучат договор за некој од кредитните продукти на Флекс Кредит, автоматски ќе учествуваат во извлекувањето на вредносни ваучери од 55.000 денари.

Вкупно ќе бидат доделени пет награди, распределени во три фази:

✓ На 25.06.2025 година ќе бидат извлечени два добитника на вредносни ваучери

✓ На 23.07.2025 година ќе бидат доделени уште два ваучера

✓ На 19.08.2025 година ќе биде извлечен добитникот на последниот ваучер.

Со оваа кампања, Флекс Кредит испраќа симболична порака на благодарност кон своите клиенти, кои во изминатите пет години го препознале брендот како сигурен и доверлив финансиски партнер.

Овој јубилеј претставува потврда за успешната соработка со клиентите, а наградната игра е дополнителен поттик за градење на уште посилни релации и идни успеси.

Повеќе информации за правилата, условите за учество и извлекувањата се достапни на официјалната веб-страница на Флекс Кредит: https://www.flexcredit.mk/promocii/nagradna-igra-priznavam-ne-mozham-bez-tebe-5-godini-fleks-kredit

Продолжи со читање

Продукти

Почни го летото со премиум поволности и поголеми бонуси со Visa Gold и Visa Classic од Комерцијална банка

Објавено

на

Летото е совршено време за да си овозможиш повеќе – повеќе поволности, поголеми бонуси и повеќе финансиска слобода!

Комерцијална банка ти нуди одлични промоции со Visa кредитните картички – избери ја твојата омилена и искористи ги придобивките до 30.06.2025.

Со Visa Classic Standard или Visa Classic Revolving плаќај и добиј cashback од 600 денари за промет од најмалку 3.000 денари.

А, со Visa Gold кредитна картичка добиваш удвоен бонус од 0,6 % за секој направен промет во трговија и се стекнуваш со удели на твое име во КБ Инвест – Балансиран.

Ако немаш Visa Classic или Visa Gold кредитна картичка од Комерцијална банка,  избери го твојот фаворит и искористи ја можноста до 30.06. да аплицираш без надомест.

Дознај повеќе на следниот линк.

ПР објава

Продолжи со читање

Продукти

ProActive – сметка што води сметка за вас и за сѐ околу вас

Објавено

на

Неодамна ПроКредит Банка ја лансираше новата, уникатна банкарска услуга за физички лица – ProActive сметка што носи многу поволности за корисниците, меѓу кои е и одговорно општествено влијание. Од банката велат дека ова решение е креирано за поединци кои сакаат нивните секојдневни финансиски одлуки да имаат поголемо значење.

Корисниците на ProActive сметката, за фиксен месечен надомест добиваат сеопфатен пакет: денарска и девизна сметка, премиум дебитна Mastercard World биоразградлива картичка и неограничен пристап до дигитални банкарски услуги.

ProActive сметката овозможува неограничени бесплатни повлекувања на готовина од сите банкомати низ државата, како и бесплатно повлекување на евра директно од банкоматите на ПроКредит, во било кое време, обезбедувајќи флексибилност и заштеда за оние кои се постојано во движење. Отворањето сметка е брзо и лесно, преку целосно дигитализиран онлајн процес со кој не е потребна посета на експозитура.

Mastercard World премиум дебитната картичка што им следува на корисниците на овој пакет, овозможува низа дополнителни поволности:

  • Екслузивен пристап за користење на Mastercard Lounge Key на над 1.500 аеродроми во светот
  • Поволности за роаминг со Mastercard® Global Data Roaming by Flexiroam во повеќе од 200 земји
  • Пристап до Mastercard® Travel Experiences и Fast Track услуга, овозможена од Dragon Pass на повеќе од 70 аеродроми низ светот – можност да го прескокнете редот и да добиете попуст во одредени ресторани

Самата картичка е изработена од биоразградливи материјали, што ја одразува посветеноста на ПроКредит Банка кон намалување на штетното влијание врз животната средина и промовирање на зелени практики во секој сегмент од своето работење.

Но, она што навистина ја издвојува ProActive сметката од сите други банкарски решенија на нашиот пазар е вклучувањето на корисниците во општествено одговорните активности на банката.

Од секоја сметка, ПроКредит Банка издвојува 30мкд од месечната провизија, средства кои одат во фондот за донации со кој се поддржуваат локални проекти насочени кон позитивен ефект врз животната средина, општественото и економско влијание.

Корисниците на оваа сметка, како дел од активна и транспарентна заедница, ќе добиваат редовни информации за влијанието од нивниот придонес и имаат можност да учествуваат во споделувањето на идеи кои иницијативи би сакале бидат поддржани.

ProActive сметката е суштински дел од пошироката ProActive платформа, која ги обединува иновативните банкарски производи, едукативните ресурси и активната заедница на истомисленици кои заедно работат на создавање подобра иднина.

Сите информации за ProActive пакетот се достапни на веб страницата на ПроКредит Банка.

Продолжи со читање

Популарно