Банки
Подгответе се за вселување: Станбен кредит од Халкбанк за дом од соништата
Вселувањето во нов дом е возбудливо поглавје во сечиј живот, но може да биде и застрашувачко искуство, доколку не биде испланиран секој детал од селидбата. Токму затоа, од суштинско значење е да им се даде приоритет на најважните и неопходните задачи за да си го олесните процесот на преселување и да обезбедите непречено и удобно сместување во вашиот нов дом од соништата. Имајте на ум дека преселбата треба да ја правите постепено, односно да не чекате се до последниот ден, бидејќи подготовката и доброто планирање ќе ви помогнат да си го распределите времето на многу порелаксиран начин.
Подредете ги вашите работи и расчистете ги пред да се пакувате. Донирајте или отфрлете ги предметите што повеќе не ви се потребни за да ги намалите трошоците во текот на селидбата и нередот во вашиот нов дом. Приоритет на распакување треба да им се даде на основните предмети како што се прибор, постелнина, тоалетен прибор и неколку промени на облеката. Ова ќе ви помогне да се чувствувате удобно и уште од самиот почеток како дома. Покрај тоа, доколку е можно закажете детално чистење на станот пред да се вселите, за да обезбедите свеж и хигиенски простор за живеење.
Домот од соништата може да стане реалност и секој може да го добие своето идеално место за живеење со лесно достапен и атрактивен станбен кредит. За да одговори на зголемените барања на граѓаните за обезбедување сопствен дом или паметно вложување на своите средства, Халкбанк нуди соодветен производ – Станбен кредит со животно осигурување што нуди поволни услови за клиентите – фиксна каматна стапка од 3,5% за првите 5 години или 3,85% фиксна каматна стапка за првите 10 години.
Кредитот може да се искористи за купување на стан, купување на куќа, викендичка и купување на деловен простор како и рефинансирање на кредитните изложености на клиентите во други банки по основ на станбен кредит. Станбениот кредит со животно осигурување е обезбеден со полиса за животно осигурување издадена од Триглав Осигурување – Живот АД Скопје, со можност за еднократна уплата на премија и годишна уплата на премија за животно осигурување. Со полисата за животно осигурување се овозможува заштита на имотот од последица на несреќен случај, сигурност во отплатата и заштита на целото семејство.
Покрај фиксна каматна стапка за првите 10 години и временскиот рок на отплата до 30 години (360 месеци), дополнителна поволност за клиентите кои се заинтересирани за овој кредитен производ кој го нуди Халкбанк АД е ниска стапка на вкупни трошоци на кредитот, односно 450 денари за проверка во Кредитно биро (надоместот се наплаќа пред исплата на кредитите и не се наплатува за одбиени и откажани барања), 150 денари за апликација за кредит и БЕЗ трошоци за предвремена ликвидација од сопствени средства како и големи олеснувања во обезбедувањето.
Максималниот износ за станбениот кредит со животно осигурување е 300.000 евра, а клиентите добиваат можност и за грејс период од 12 месеци.
Огромни поволности за клиентите, затоа што за Халкбанк – Важни се луѓето!
Банки
Одлука на Народната банка: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот останува 2% и во четвртото тримесечје од 2027 година
Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките во земјава да остане на истото ниво од 2%. Одлуката е донесена врз основа на редовната квартална оцена на системските ризици, според податоците заклучно со вториот квартал од 2026 година. Оваа стапка ќе важи од четвртото тримесечје на 2027 година и се оценува дека таа е соодветна на тековните макрофинансиски услови и на состојбите во банкарскиот систем.
Банкарскиот систем е стабилен и отпорен на шокови, што го потврдуваат резултатите од стрес-тестовите, а се гледа и преку соодветната капитализираност и ликвидност, ниската стапка на нефункционални кредити и солидната профитабилност.
Одлуката за задржување на истата стапка на противцикличниот заштитен слој на капиталот е поткрепена и со макропрудентните мерки преземени на крајот од минатата година и измените кај задолжителната резерва, во билансите на банките, при што се забележува подобрување на структурата на новоодобрените кредити според висината на ЛТВ и ДСТИ, а кај депозитите на домаќинствата и натаму се бележат поволни поместувања од аспект на рочната и валутната компонента.
Ваквата поставеност на макропрудентните мерки би придонесла за ограничување на системските ризици во следниот период и за натамошно задржување на стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор. Народната банка ќе продолжи со внимателно следење на системските ризици и редовно, на квартална основа, ќе ја преоценува висината на стапката.
Банки
ТТК Банка ја исплати првата годишна камата на третата емисија корпоративни обврзници
ТТК Банка АД Скопје на 18 септември 2026 година ја исплати првата годишна камата на сопствениците на корпоративни обврзници од третата емисија, со ISIN MKTTKS200038 и шифра TTKO3.
Пресметката на камата е извршена по фиксна каматна стапка од 5,00% на годишно ниво. Право на исплата на камата имаа сите лица регистрирани во книгата на иматели на корпоративна обврзница – трета емисија во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје заклучно со 17 септември 2026 година.
Третата емисија на корпоративни обврзници ТТК Банка ја реализираше во септември 2025 година од коишто за кратко време се запишаа и уплатија 100% од понудените 1.000 обврзници по номинална вредност од 1.000 евра, со рок на доспевање од шест години, а во вкупна вредност од 1.000.000 евра и фиксна каматна стапка од 5,00% на годишно ниво.
Со исплатата на првата годишна камата, ТТК Банка ја реализира првата каматна обврска кон инвеститорите по основ на оваа емисија корпоративни обврзници.
Банки
Стопанска банка и годинава поддржувач на фестивалот „Браќа Манаки“
Стопанска банка АД – Скопје и годинава ја продолжува својата поддршка на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој од 19 до 25 септември ќе се одржува во Битола.
Фестивалот, кој веќе 47 години ја слави филмската уметност, традиционално ги собира врвните кинематографери од целиот свет, претставувајќи ги нивната визија, креативност и придонес во создавањето на филмската магија.
Под мотото „На страната на филмот“, Стопанска банка и оваа година е пријател и поддржувач на престижната културна манифестација.

Од Банката ги повикуваат љубителите на седмата уметност од 19 до 25 септември во Битола заедно да ја споделат магијата на филмот.
-
Анализипред 2 месециДали Македонија ќе ги следи Унгарија, Полска и Литванија и ќе го укине вториот пензиски столб?
-
Банкипред 1 месецПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Кариерапред 2 месециАлта банка со активен оглас за стручен соработник во банкарска експозитура во Велес
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка ја почнува исплатата на јулските пензии на 31 јули
-
Банкипред 2 месециТони Стојановски останува на чело на НЛБ Банка: Народната банка даде зелено светло за нов четиригодишен мандат
-
Кариерапред 1 месецНЛБ Групацијата вработува специјалист за Управување со ризици/финансии
-
Кариерапред 1 месецНародната банка вработува седум лица: Плати до 91.385 денари
-
Кариерапред 1 месецОглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје





