Останато
Прекин на услугите на УЈП на 29 и 30 август
Управата за јавни приходи информира дека спроведува активности за надградба на системите е-ПДД и е-Даночни услуги.
Поради извршување на овие активности, почнувајќи од 29.08.2024 година (четврток) од 16:30 часот, системите е-ПДД и е-Даночни услуги нема да бидат во функција. Во овој период, можни се и прекини во работењето на апликацијата МојДДВ
По завршувањето на активностите, УЈП навремено ќе информира.
Апелираат до сите корисници на овие системи да ги завршат своите итни и неодложни обврски поради најавениот прекин.
Останато
АЕТСМ и компанијата Visa доделуваат 10 бесплатни верификации за стекнување со Беџ за верификуван е-трговец
Асоцијацијата за е-трговија на Северна Македонија – AETСM, објавува Jавен повик за бесплатни верификации за стекнување со симболот на доверба во е-трговијата – Беџ за верификуван е-трговец, во рамки на кампањата насловена „Градиме доверба во онлајн купувањето”, која се реализира во партнерство со компанијата Visa.
Јавниот повик е отворен за сите микро, мали и средни компании, кои веќе ги продаваат своите производи или услуги онлајн, со цел да добијат можност да покажат дека нивната онлајн продавница е безбедна пред јавноста и да се придужат на заедницата од над 70 верификувани е-трговци.
Јавниот повик се состои од поддршка на 10 компании за бесплатни верификации за стекнување со симболот на доверба во е-трговијата – Беџ за верификуван е-трговец, кој го издава Асоцијацијата за е-трговија на Северна Македонија – АЕТСМ. Беџот за верификуван е-трговец претставува визуелна ознака која се поставува на домашните е-продавници и која ќе им помогне на купувачите полесно да проценат дека станува збор за регистриран правен субјект, проверен од АЕТСМ. Беџот се поставува само кај е-трговците кои се дел од Регистарот на регистрирани е-трговци во нашата земја и дополнително самостојно ќе аплицираат и ќе ги поминат соодветните проверки од АЕТСМ за неопходните регулативи и обврски за работењето во е-трговијата.
Преку овој јавен повик, АЕТСМ и компанијата Visa имаат за цел да ја зголемат довербата во онлајн купувањето во Македонија, намалувајќи ја нелојалната конкуренција на бизнисите во е-трговијата, како и едукативно и информативно да влијаат врз онлајн купувачите со цел намалување на сивата економија.
Е-продавниците кои сакаат да аплицираат за бесплатна верификација, сѐ што треба да направат е да пополнат заинтересирани за кратка онлајн апликација достапна на овој линк. Аплицирањето ќе може да се направи, најдоцна до среда, 25.09.2024 до 23:59 часот.
Критериуми за учество на апликантите во јавниот повик:
- Апликантот треба да е регистриран правен субјект и да е микро, мало или средно претпријатие
- Апликантот треба да ги продава своите производи и/или услуги онлајн моментално
- Апликантот треба да има комплетно пополнета апликација
- Апликантот да не бил поддржан во претходен јавен повик од АЕТМ
Oвој јавен повик се реализира со поддршка на компанијата Visa, која втора година по ред преку реализирање на иницијативи влијае на зголемување на понудата во е-трговијата и на намалување на сивата економија во е-трговијата.
Инаку, Асоцијацијата за е-трговија на Северна Македонија (АЕТСМ) оваа година ја промовираше својата нова онлајн платформа ecommerce.mk/badge која има за цел да го направи онлајн купувањето побезбедно и подоверливо за секого, како и да придонесе во континуираната борба за намалување на сивата економија и сомнителните практики на нерегистрираните продавачи во е-трговијата. Преку новата веб платформа е овозможен едноставен и автоматизиран начин за аплицирање, управување и реобнова на Беџ за верификуван е-трговец, како и преглед на сите верификувани е-трговци и индивидуални профили на секој од нив. Платформата е бесплатна и достапна во секое време за јавноста.
Останато
Привремено затворање на патот од хотелот Бистра до Леуново во Маврово на 8 Септември поради трката Халк Вело Грин
Халкбанк, на 8 Септември 2024 година, во Маврово ја организира петтата по ред трка Халк Вело Грин во која ќе учествуваат околу 300 велосипедисти кои ќе возат трка долга
22, односно 12 километри.
Со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на трката, на 8 Септември, од 09:00 до 16:30 часот, сообраќајот ќе биде затворен на патниот правец од хотелот Бистра до Леуново во двете насоки.
Почетокот на трката е закажан за 10:00 часот.
Стартна и целна позиција е паркингот пред Хотел Спорт, каде покрај трката, ќе се одвива и забавна програма наменета за сите гости, поддржувачи и пријатели на велосипедистите.
За деталите и агендата на трката, може да се информирате на каналите на социјалните
мрежи на организаторите: https://www.instagram.com/halkeco и
https://www.facebook.com/halkvelogreen
Останато
ХРВАТСКА НАЈАВУВА ГОЛЕМА ДАНОЧНА РЕФОРМА – ќе се воведува данок за празни танови и викендици
Во Хрватска во 2025 година ќе има даночни реформи во данокот за недвижнини.
Од 2025 година ќе се воведе данок на недвижен имот во кој не се живее, а се издава на краткорочна основа за време на туристичката сезона. Нема да го плаќаат оние кои живеат во имотот или го издаваат на долгорочна основа.
Хрватскиот министер за финансии Марко Приморац истакна дека дополнителен данок нема да плаќаат оние кои живеат во имотот или кои имотот го издаваат под закуп повеќе од 10 месеци годишно. Сите останати треба да го добијат новиот закон.
„Оние кои ќе ги изнајмуваат недвижностите помалку од 10 месеци, или оние за кои наемот ќе биде краткорочен или ќе биде празна, тогаш ќе се плаќа поголем данок“, изјави Марко Приморац.
Хрватските медиуми пренесува дека данокот за недвижности ќе се движи од 1 до 10 евра по метар квадратен, и ќе го одредува единицата за локална самоуправа. Тоа значи дека сопственик на викендица од 100 квадрати, годишно може да плаќа и до 1000 евра данок.
Ова доаѓа како резултат на тоа што 40 проценти од 2 милиони станбени единици во Хрватска се празни.
- Банкипред 1 месец
Промени во Управниот одбор на една од најголемите банки во земјава!?
- Банкипред 1 месец
Промени во Управниот одбор на ПроКредит Банка
- Банкипред 4 недели
Главната економистка на Народната банка, Крстевска: Преку поддршка на зелените кредити и одговорното инвестирање на девизните резерви даваме придонес за зелените финансии
- Вработувањепред 1 месец
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 месец
Диомидис Николетопулос останува на челната позиција во Стопанска банка АД – Скопје
- Криптовалутипред 1 месец
Путин го потпиша законот за легализирање на “crypto-mining” во Русија
- Продуктипред 1 месец
Централна кооперативна банка воведе најповолни промотивни услови на пазарот за девизни дознаки во евра
- Вработувањепред 2 месеци
Оглас за вработување во Капитал Банка АД Скопје