Connect with us
no baners

Банки

Потрошувачки кредит со животно осигурување и полиса од незгода на Халкбанк: идеално партнерство за исполнување на сите финансиски потреби

Објавено

на

Потрошувачкиот кредит со животно осигурување и полиса од незгода на Халкбанк АД Скопје е единствен вид на кредит кој на кредитобарателите им пружа дополнителен слој на заштита.

Ова е производ кој обезбедува целосна заштита на корисникот и неговото семејство и е со фиксна каматна стапка од 6% за првите две години. За остатокот од периодот се пресметува варијабилната каматна стапка која изнесува 4,5% пп + референтната стапка за пресметување на стапката на законската казнена камата која во моментов изнесува 4,75% (9,25% номинална годишна), не пониско од 6%.

За овој кредит, максималниот износ на одобрени средства е 1.500.000 денари, а максималниот рок на враќање е до 120 месеци. Истиот е без провизија за обработка или во случај на негова предвремена отплата. Новиот потрошувачки кредит е идеален за финансирање на најразлични потреби на граѓаните, но може да биде добредојден и за рефинансирање на постојни кредити во други банки, со што може да се добие и значително намалување на месечните рати.

Трошокот за полисата за животно осигурување издадена од Триглав Осигурување – Живот АД Скопје, која е задолжителна за овој тип кредит, е во зависност од тарифата на осигурителната компанија и индивидуалните параметри на кредитокорисникот, додека пак, задолжителната полиса од незгода е издадена од Халк Осигурување АД Скопје и изнесува 600 денари годишно, за период еднаков на рокот на отплата на кредитот.

„Потрошувачките кредити секогаш се најбарани производи бидејќи служат за задоволување на најразлични потреби – купување материјални добра, плаќање различни услуги или едноставно за пребродување на одредени периоди во животот, како последица на најразлични кризи. Токму со цел да му се помогне на населението, Халкбанк го креираше новиот производ – Потрошувачки кредит во пакет со животно осигурување и полиса од незгода со ниска каматна стапка од само 6% која е фиксна за првите две години. Кај овој производ го вклучивме пакетот со животно осигурување и полиса од незгода за обезбедување сигурност на граѓаните во отплатата“, велат од Халкбанк.

Банки

АЛТА банка Белград го зголеми уделот во АЛТА банка Битола

Објавено

на

АЛТА банка АД Битола информира за промени кај акционери со значителни удели, согласно Правилата за котација на Македонска берза.

Акционерот АЛТА банка АД Белград се стекнал со дополнителни 9 обични акции, со што вкупниот број акции што ги поседува достигнал 372.037.

Со ова, АЛТА банка АД Белград сега контролира 95,1557 проценти од вкупниот број на обични акции издадени од АЛТА банка АД Битола.

Известувањето е објавено на 14 април 2026 година, согласно член 38 став 2 од Правилата за котација на Македонска берза.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка ќе започне со исплата на дивиденда на 4 мај

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите акционери дека почнувајќи од 04.05.2026 година ќе врши исплата на дивиденда за 2025 година. Право на исплата на дивиденда за 2025 година имаат сите акционери на Комерцијална банка кои се евидентирани во книгата на акции на 14.04.2026 година.

Исплатата на дивиденда на правните лица ќе се врши со пренос на средствата на нивните платежни сметки во Комерцијална или во друга банка.

Согласно Законот за данокот на личен доход, Комерцијална банка, како исплатувач на доход по основ на дивиденда, пресметката и плаќањето на данокот на доход и исплатата на дивидендата на физички лица ќе ги врши со поднесување електронска пресметка за бруто-доходот и за данокот по одбивка (е-ППД) до Управата за јавни приходи преку системот е-Персонален данок.

Е-ППД системот не прифаќа неточни и непотполни податоци. Затоа се повикуваат сите акционери-физички лица кои не се запишани во евиденцијата на УЈП како даночни обврзници да преземат соодветни мерки за нивно запишување согласно процедурите на УЈП. Ова особено се однесува на малолетните лица и/или други лица кои досега не биле приматели на оданочив доход од кој било вид во Република Северна Македонија.  

Средствата од дивидендата за 2025 година преку е-ППД системот ќе бидат уплатени на платежните сметки на физичките лица во Комерцијална банка АД Скопје. Исклучок ќе бидат лицата кои имаат дадено овластување/инструкција за пренос на дивидендата на платежна сметка во друга банка. Комерцијална банка во таков случај средствата од дивидендата преку е-ППД системот ќе ги уплати на назначената платежна сметка. Доколку некој акционер, резидент физичко лице, нема дадено такво овластување, а сака дивидендата да му биде исплатена на платежна сметка во друга банка, треба да го стори тоа преку доставување инструкции во електронска форма, а кои може да се најдат на веб-страната на Банката www.kb.mk, во делот ЗА НАС \ Односи со инвеститори.

Согласно  Законот за данокот на личен доход, Банката по извршената исплата на дивиденда, ќе ја издаде пресметката за аконтација на данокот на доход од капитал-дивиденда остваренa со учество во добивката во 2025 година, a исплатена во 2026 година, и истата ќе биде достапна за секој акционер евидентиран во книгата на акции на 14.04.2026, преку шалтерите на Банката. 

Ги информираме акционерите корисници на електронско/мобилно банкарство на Банката дека пресметката ќе биде достапна и преку овие канали.

Дополнителни информации може да се добијат на телефонските броеви: (02)  3168-323; 3168-309; 3168-311; 3168-313.

Продолжи со читање

Банки

Старее населението во земјава: расте бројот на пензионери, здравствениот систем под притисок

Објавено

на

Македонија се соочува со сериозни демографски и здравствени предизвици, покажуваат најновите наоди на Државниот завод за ревизија, презентирани од главниот државен ревизор Максим Ацевски.

Според податоците, се бележи континуиран пад на младото и работоспособното население, што резултира со состојба во која бројот на пензионери веќе го надминува бројот на вработени. Овој тренд отвора прашања за одржливоста на пензискиот систем и ја нагласува потребата од системски реформи, како и од развој на услуги за грижа и нега на постарата популација.

Ревизорите укажуваат и на сериозни слабости во здравствениот систем, особено во делот на раното откривање на малигни заболувања. Според извештајот, пациентите чекаат со месеци за резултати од испитувања, а во одредени случаи и до половина година.

Како особено проблематично се издвојува чекањето за мамографски прегледи, каде што од моментот на скрининг до реализација на прегледот поминуваат повеќе од 150 дена.

Од ДЗР потенцираат дека се неопходни итни мерки за подобрување на состојбите, вклучително и зголемување на бројот на медицински кадар, соодветно вреднување на нивниот труд и поефикасно користење на постојната медицинска опрема, дел од која во моментов не е целосно искористена.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange