Кариера
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
Стопанска Банка а.д. Битола се стреми кон континуирано унапредување, усовршување и надградување со цел да бидат исполнети сите барања и потреби на клиентите. За таа цел, Банката е во потрага по нови, образовани, талентирани и високо мотивирани кадри кои знаат да ги препознаат предизвиците на новите времиња.
Секторот за маркетинг и комуникации објавува
ОГЛАС
за ангажирање еден (1) извршител на работното место
Стручен соработник за стратешки маркетинг
Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните услови:
- BCC – Економски факултет;
- Одлично познавање на работа со компјутер (MS Office алатките);
- Одлични комуникациски вештини, иновативност и креативно размислување;
- Одлично познавање на англиски јазик,(конверзација, разбирање, пишување);
- Способност за тимска работа и иницијативност.
Дел од работните задачи и одговорности на работното место:
- Следење и анализа на тековни маркетинг активности кои банката ги спроведува пред пошироката јавност преку различни медиуми и канали на комуникација;
- Истражување на пазарот, следење на нови трендови и анализа на медиумското рекламирање на банката и конкуренцијата;
- Организација и реализација на настани, промотивни презентации, спонзорства и донации;
- Учество во подготовката на маркетинг кампањи, нивна реализација и следење на резултатите од истите;
- Комуникација со маркетинг агенција за сите тековни активности, координирање на нарачките на промотивните материјали;
- Следење на активностите на социјалните мрежи;
- Континуирана комуникација и соработка со сите останати сектори во банката како и со надворешни добавувачи и соработници.
Потребата за ангажирање на еден извршител на ова работно место се однесува за работно место на локација Деловен центар – Скопје, со договор за работа во зависност од работно искуство и познавање на работни процеси со работно време од 8:30 до 16:30 часот.
Заинтересираните кандидати да испратат мотивациско писмо и кратка биографија (CV) на македонски јазик, заклучно со 17.05.2023 година на следнaта адреса: [email protected], со назнака Апликација за „Стручен соработник за стратешки маркетинг’’.
Кариера
АЛТА Банка објави оглас за вработување во секторот за организација и ИТ
АЛТА Банка објави оглас за вработување во Секторот за организација и ИТ, за позицијата Самостоен стручен соработник за организација, односно Team Leader.
Од банката информираат дека позицијата е наменета за кандидати со искуство во банкарско работење, познавање на T-SQL и Microsoft SQL Database, како и аналитички пристап и интерес за работа со апликативни процеси.
Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија, односно CV на македонски јазик, на електронската адреса [email protected]. Во насловот на пораката треба да биде наведено: „Самостоен стручен соработник за организација (Team Leader)“.
Огласот е отворен до пополнување на работната позиција, соопштија од АЛТА Банка.
Кариера
Стопанска банка бара агент за грижа на корисници
Стопанска банка АД – Скопје објави оглас за вработување на позицијата агент за грижа на корисници во рамки на контакт-центарот на банката.
Од банката посочуваат дека контакт-центарот има значајна улога во континуираната грижа за корисниците на нивните производи и услуги. Вработените во овој тим, како што наведуваат, добиваат можност темелно да ги запознаат производите и услугите на банката, но и да учествуваат во продажба, поддршка и унапредување на понудата.
Според објавата, позицијата нуди можност за градење просперитетна банкарска кариера во рамки на тимот на Стопанска банка.
Заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку официјалната веб-страница на банката, во делот за кариера.
Кариера
НЛБ Банка вработува банкарски советник во Струмица
НЛБ Банка објави оглас за вработување на банкарски советник во експозитурата во Струмица, а рокот за пријавување е до 3 јули 2026 година.
Избраниот кандидат ќе биде задолжен за спроведување благајнички и менувачки работи, платен промет и банкоматско работење, како и за промоција, понуда и продажба на банкарски производи и услуги. Работната позиција вклучува и континуирана грижа за клиентите, унапредување на продажните процеси и активно привлекување нови клиенти.
Од кандидатите се очекува да имаат универзитетско образование или да бидат студенти на додипломски или постдипломски студии, при што предност ќе имаат кандидатите од економска насока. Претходно искуство во работа со готовина ќе се смета за дополнителна предност.
Банката нуди современо работно опкружување, можности за професионален развој и менторство, конкурентна плата и пакет бенефиции, меѓу кои приватно здравствено осигурување, трет пензиски фонд, дополнителни слободни денови и програми за наградување на успешноста.
Од НЛБ Банка информираат дека само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.
-
Бизниспред 2 месециОд полноќ нови цени на горивата
-
Останатопред 2 месеци
Почна исплатата на средствата од МојДДВ за првиот квартал од 2026 година
-
Советипред 2 месеци
УЈП објави видео упатство за е-даночни услуги и потврда на ДЛД-ГДП пријавата
-
Продуктипред 2 месециКБ Прво пензиско друштво: Редовното инвестирање е пат до посигурна финансиска иднина
-
Бизниспред 2 месециДизелот од полноќ поевтинува за 4 денари
-
Бизниспред 2 месеци„МЕПСО“ ја обжали одлуката во спорот со „Енергоинвест“, уверени се во победа на арбитражa
-
Банкипред 2 месециХалкбанк со кредитна линија за поддршка и развој на одржлива земјоделска активност во соработка со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ)
-
Останатопред 2 месеци
УЈП испрати над 860.000 даночни пријави, граѓаните имаат рок до 31 мај за потврда
