Останато
Професори, уметници, стопанственици со значајни остварувања ќе говорот на „Чувари на мудроста“
Професори, уметници, стопанственици, личности со богата животна и професионална трага ќе бидат говорници на конференцијата „Чувари на мудроста“, која трета година по ред, традиционално ја организира Халкбанк. Девет успешни и влијателни професионалци во различни области, распоредени во три панели, ќе ги пренесат своите искуства, знаења и приказни на студенти, млади претприемачи, културни работници и претставници на стартап компании.
Првиот панел, насловен „Уметност на живеењето – на сцената и во реалноста“ е посветен на уметноста како вештина на изразување и творење, но и на носење животни одлуки. На оваа тема ќе говорат академик Влада Урошевиќ, истакнат македонски писател, кој сè уште е активен и во десеттата деценија од животот и Снежана Конеска Руси, една од најангажираните македонски актерки, која неодамна ја доби наградата за животно дело на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“.
Вториот панел, „Курикулум на животниот и професионален развој“ ќе обедини професор, академик, стопанственик и поранешен Гувернер. Професорот по економски науки, академик Абдулменаф Беџети, професорот по административно право и јавна администрација, Борче Давитковски и професорот Љубе Трпески, кој во својата кариера беше професор на Економскиот факултет во Скопје, министер и Гувернер на Народната Банка ќе одржат едно поинакво предавање пред студентите. Дел од дискусијата ќе биде и Муарем Муртезани, истакнат стопанственик, кој од бизнис аспект ќе се надоврзе на дискусијата за предизвиците на патот на динамичниот животен и професионален развој на секој човек.
Третиот панел ќе го долови шармот на музиката како професија, животна определба и ритам на животот. На тема „Живот во ритам на музиката“ пред студентите и младите ќе говорат легендарниот музички новинар и диџеј, Драган Б. Костиќ, доајенката на македонската народна музика,Блага Петреска и велешкиот Страдивари – светски познатиот изработувачот на виолини, Светозар Богданоски.
Панелите ќе бидат во формат на форуми и сите присутни ќе можат да постават прашања и да ги споделат своите размислувања со говорниците.
Конференцијата „Чувари на мудроста“ ќе се одржи на 28 мај(среда), на Економскиот факултет во Скопје, во Амфитеатар 1. Настанот е бесплатен и отворен за сите, но заради ограничениот капацитет, неопходно е пријавување на присуството со пополнување онлајн формулар за регистрација.
Останато
МФ: За првпат национална сертификација за внатрешните ревизори во јавниот сектор
Министерството за финансии за првпат ќе организира национален испит за стекнување уверение за овластен внатрешен ревизор во јавниот сектор, со што се воведува и национална сертификација за оваа професионална функција.
Од Министерството оценуваат дека ова е важен чекор во зајакнувањето на системот на внатрешна финансиска контрола и во професионализацијата на ревизорските единици во јавните институции.
Спроведувањето на испитот, како што посочуваат, треба да придонесе за поголеми капацитети на единиците за внатрешна ревизија, но и за поодговорно, законско и транспарентно работење на институциите.
Од Министерството нагласуваат дека националната сертификација е дел и од активностите за зајакнување на механизмите за спречување на корупцијата и подобрување на контролата во јавниот сектор.
Воведувањето на националниот испит е значајно и во контекст на евроинтегративниот процес. Со неговото организирање се исполнува дел од препораките на Европската Унија во рамки на Поглавјето 32 – Финансиска контрола, а истовремено се придонесува и кон реализација на обврските од Реформската агенда.
Материјалите за подготовка, како и испитните прашања, веќе се објавени на веб-страницата на Министерството за финансии.
Тие се подготвени со техничка и експертска поддршка од Европската Унија за Централната единица за хармонизација при Министерството за финансии.
Министерството најавува дека во следниот период дополнително ќе информира за роковите и останатите чекори поврзани со организирањето и спроведувањето на испитот.
Останато
Привремено недостапни телефонските линии на Контакт центарот на УЈП
Управата за јавни приходи информира дека телефонските линии на Контакт центарот се привремено недостапни, а во тек се активности за отстранување на причините за прекинот.
Од УЈП посочуваат дека во моментов не се во функција телефонските броеви 198, 02/3253-200 и 0800 33 000, при што последниот број е достапен само од фиксни оператори.
До повторното воспоставување на телефонските линии, граѓаните и даночните обврзници се упатуваат да ги користат останатите канали за комуникација.
Физичките лица можат да се обратат во надлежната канцеларија на УЈП според адресата, додека правните лица според седиштето на компанијата. За информации е достапна и електронската адреса [email protected].
Од Управата за јавни приходи им се заблагодаруваат на граѓаните за разбирањето и најавуваат дека се преземаат активности за нормализирање на работата на Контакт центарот.
Останато
Министерството за финансии и ДЗР ја зајакнуваат соработката за контрола на јавните средства
Министерството за финансии и Државниот завод за ревизија ќе ја продлабочат меѓусебната соработка со цел поефикасна контрола, поголема транспарентност и подобра заштита на јавните средства. Меморандум за соработка потпишаа министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и главниот државен ревизор Максим Ацевски.
Со договорот се воспоставува рамка за поинтензивна размена на знаења, податоци и искуства меѓу двете институции, како и за унапредување на професионалните капацитети и примената на европските стандарди во управувањето и контролата на јавните финансии.
Димитриеска-Кочоска оцени дека соработката ќе создаде поцврста институционална основа за спречување и откривање неправилности, измами и коруптивни дејствија.
Според неа, целта е секој денар од домашниот буџет и секое евро од европските фондови да бидат користени законски, наменски и одговорно, во интерес на граѓаните.
Ацевски, пак, истакна дека Меморандумот треба да придонесе за подобра институционална координација, примена на меѓународните ревизорски стандарди и поефикасно функционирање на АФКОС-мрежата за заштита на финансиските интереси.
Соработката ќе опфати организирање работни средби, конференции, семинари и обуки. Вработени од ДЗР ќе можат да учествуваат како предавачи на обуките во Академијата за јавни финансии, додека експерти од Министерството за финансии ќе бидат вклучени во програмите за стручно усовршување на ревизорите.
Предвидена е и размена на стручна литература, сметководствени и ревизорски стандарди, методолошки прирачници, програми за ревизија, конечни ревизорски извештаи и акциски планови.
Од Министерството информираат дека иницијативата е заснована на практиките во земјите-членки на Европската унија, а дел од активностите ќе бидат насочени и кон подигнување на јавната свест за препознавање и спречување неправилности и измами.
-
Продуктипред 2 месециИднината на банкарството е во доброто корисничко искуство
-
Банкипред 2 месециИсплатата на јунските пензии преку Стопанска банка почнува на 1 јули
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка почнува со исплата на јунските пензии од 1 јули
-
Банкипред 1 месецСтопанска банка со промотивна камата од 4,9 отсто за Mastercard Platinum картичката
-
Кариерапред 2 месециАЛТА Банка објави оглас за вработување во секторот за организација и ИТ
-
Банкипред 2 месециЈунските пензии достапни за пензионерите корисници на Халкбанк
-
Кариерапред 2 месециСтопанска банка бара агент за грижа на корисници
-
Кариерапред 1 месецСтопанска банка Скопје вработува трезорист, отворен оглас за апсолвенти и дипломирани економисти





