Connect with us
no baners

Вработување

Започнува караванот за финансиско советување на НЛБ Банка

Објавено

на

Од денеска, 20-ти мај, започнува едномесечниот караван на НЛБ Банка за финансиско советување за небанкарски продукти, кој Банката традиционално веќе четврта година по ред го организира во соработка со своите партнери Сава Осигурување, Триглав Осигурување Живот, Кроација Осигурување Живот, Генерали Инвестмент и Сава Пензиско Друштво.

Караванот има за цел да им овозможи на клиентите подобра информираност, советување и едукација за осигурителните продукти во делот на животно и неживотно осигурување, производи за инвестициско осигурување на живот и удели од инвестициски фондови, како и да ја зголеми свесноста кај клиентите за значењето на капиталното финансирано пензиско осигурување и придобивките од доброволниот пензиски фонд.

За времетраењето на караванот, во експозитурите на НЛБ Банка низ земјава, претставници на Банката и осигурителните компании ќе давааат стручни финансиски совети и информативни материјали, овозможувајќи им на сите заинтересирани детално да се информираат за небанкарските финансиски продукти кои се нудат преку НЛБ Банка, а воедно да добијат и промотивен подарок.

Локациите и времето на одржување на промотивните активности за време на караванот за финансиско советување може да ги најдете на социјалните мрежи на НЛБ Банка и друштвата за осигурување. Распоредот на караванот е достапен он-лајн и истиот можете да го погледнете ТУКА.

НЛБ Банка е водечка банкарска институција која постојано го унапредува своето портфолио на производи и услуги, овозможувајќи им на клиентите понуда на банкарски и небанкарски производи на едно место. Банката овозможува и советување, консултација и едукација на клиентите при носење на нивните финансиски одлуки, оптимално управување со средствата за задоволување на нивните моментални финансиски потреби и идеална финансиска стабилност со цел поквалитетен и подобар живот за нив.

Вработување

Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје

Објавено

на

Доколку имаш желба за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, каде приоритет се личниот развој и професионалниот напредок, сега е вистинскиот момент да се пријавиш на огласот на Силк Роуд Банка за РЕФЕРЕНТ ЗА ПЛАЌАЊА (Референт за домашен платен промет) во Служба за плаќања.

Дел од работните задачи: 

  • Процесирање и плаќања согласно влезни/излезни налози; 
  • Вчитување, обработка и администрирање на фајлови за пензии и парични права; 
  • Координирање и следење на соодветни активности на плаќања што се вршат во мрежата на експозитури; 
  • Извршување и архивирање на сите примени извршни одлуки; 
  • Блокада и деблокада на трансакциски сметки, согласно прописите и др. 

Потребни квалификации: 

  • Диплома за завршено средно образование; 
  • Познавање на MS Office; 
  • Познавање на англиски јазик; 
  • Комуникациски вештини; 
  • Внимание на детали и иницијативност; 
  • Претходно банкарско искуство ќе се смета за предност 

Бенефиции / Придобивки: 

  • Конкурентна плата и дополнителни бенефиции; 
  • Континуирани обуки и можност за професионален раст и развој; 
  • Динамична работна средина; 
  • Слободен ден за роденден. 

Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на: [email protected] со задолжителна назнака за “Референт за плаќања”, најдоцна до 20.05.2025 година. 

Силк Роуд Банка ве замолува во Вашите апликации да не доставувате сензитивни податоци како националност, вероисповест како и детали за вашиот приватен живот.

Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју или тестирање.

Сите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Со доставувањето на Вашата апликација ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги обработува Вашите лични податоци за потребите на процесот на вработување. Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото до Офицерот за заштита на лични податоци на e-mail адресата: [email protected]

Продолжи со читање

Вработување

Оглас за вработување во Штедилница Можности

Објавено

на

Градете ја својата кариера и развивајте се како професионалец во областа на кредитирање и финансии со Штедилница Можности. Ако се идентификувате со визијата и мисијата на Штедилница Можности и ве интересира кредитирање и финансии,

 Штедилница Можности вработува:
Службеник за односи со клиенти во експозитурите на штедилницата во
Тетово, Велес и Кавадарци

Работни задачи:

  • Градење на квалитетни односи со клиенти.
  • Промоција и продажба на финансиски продукти,
  • Проценка на кредитни барања,
  • Подготовка на анализи и финансиски извештаи,
  • Посета на клиенти кредитобаратели или кредитокорисници,
  • Помош на корисниците на кредит и кредитобаратели во одредување на нивните бизнис потреби,
  • Градење на квалитетни односи со клиенти.

Потребни знаења и вештини:

  • Завршено високо образование со основни познавања на финансиски извештаи
    или средно образование со познавања на финансиски извештаи или соодветно
    работно искуство од областа на финансии и/или банкарско работење,
  • Способност за тимска работа но и самостојност,
  • Добри комуникациски вештини и способност за решавање на проблеми преку
    ефикасна комуникација,
  • Солидно познавање на англиски јазик,
  • Работно искуство во дејноста е добредојдено но не е задолжително,
  • Мотивираност за проучување, совладување и примена на нови методологии,
    техники и технологии,
  • Задолжително поседување на возачка дозвола Б категорија.

Бенефиции:

  • Конкурентна плата за кандидати со и без релевантно работно искуство,
  • Континуирани обуки за професионален развој,
  • Работа во интересна и динамична работна средина.

Штедилница Можности нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување, како и напредок и развој во кариерата во интересна и динамична работна средина.

Заинтересирани кандидати, доколку сакаат да станат дел од успешниот тим на Штедилница Можности, испратете CV на e-mail: [email protected] и [email protected], со назнака за експозитурата
за која се аплицира. Огласот е активен до 26.05.2025 година.

Вашите апликации за вработување ќе бидат третирани со строга доверливост.

Со праќање на вашата апликација за вработување се согласувате компанијата да може да ги собира, обработува и чува вашите лични податоци за потребите на процесот на регрутација додека трае.

Продолжи со читање

Вработување

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје има потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција:

Референт за позадински операции
во Сектор Плаќања во земјата
во Дирекција Платни системи

Продолжи со читање

Популарно

no baners