Connect with us

Банки

40 години НЛБ Банка Скопје: Потврда за посветеност, стабилност, иновации и раст

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје одбележува значаен јубилеј, 40 години од своето основање. Во изминативе четири децении НЛБ Банка Скопје со стратешка визија ја градеше својата позиција, издигнувајќи се до една од највлијателните финансиски институции во земјата и столб на доверба и стабилност. Банката покажа отпорност на сите глобални и пазарни предизвици и посветеност кон иновации и раст, истовремено обезбедувајќиподдршка на населението и стопанството и давајќи силен придонес во заедницата и економијата на земјата. 

Овој јубилеј е повеќе од бројка. Тој е сведоштво за посветеност и истрајност и доказ за банка со јасна визија за сè што следи. Сакам да им се заблагодарам на сите оние кои придонесуваат кон извонредното патување на НЛБ Банка – клиентите, генерации вработени, партнери и соработници, НЛБ Групацијата и сите претходни управи кои ја градеа оваа институција. Нивната посветеност и непоколеблива верба во успех ги поставија темелите врз кои ние продолжуваме да градиме.“ – истакнува Тони Стојановски, Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје. 

Децениското наследство е инспирација за иднината. Со јасна визија за иден раст и развој, НЛБ Банка Скопје ја зацрта својата стратегија до 2030 година – целосно дигитална банка, супериорно корисничко искуство, високи перформанси, столб на стабилност и одржливо работење. 

Денес НЛБ Банка Скопје е фокусирана на иднината повеќе од кога било. Динамичниот свет во кој живееме и технологијата која се менува со брзина на светлината, целосно го преобликува нашето работење и нашите стратешки приоритети. Инвестираме во дигиталната трансформација, ги прошируваме нашите услуги и го преобликуваме искуството на нашите клиенти. Иднината отвора нови хоризонти и безброј нови можности. Со наследството кое го носиме и иновациите кои ги воведуваме, немам сомнеж во успехот.“ – заклучува Стојановски. 

Одбележувањето на овој значаен јубулеј, веќе од денеска, Банката го започнува со голема кампања под слоганот „Што ако можеш сè?“, порака која силно допира до секој еден кој знае да сонува, но и да се охрабри и да влезе во светот на бескрајни можности. Слоганот ја отсликува амбицијата – моќна сила која поттикнува и движи напред.

Човечката амбиција е универзална, таа е енергија што го трансформира потенцијалот во реалност. НЛБ Банка силно верува дека амбицијата вреди да се поддржи. Веќе 40 години цврсто стои покрај поединци, семејства и бизниси и е Банка која беше и останува нивен сигурен финансиски партнер за сèшто следи.

Банки

Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици

Објавено

на

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славескиучествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.

Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.

На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.

Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.

Продолжи со читање

Банки

Средба Славески – Варнс: Стабилниот финансиски систем и модерните платни решенија се основа за инвестиции и економски раст

Објавено

на

Гувернерот на Народната банка Трајко Славески оствари средба со вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија Никол Варнс, на која беа разменети мислења за економските текови, институционалниот развој на Народната банка и реформските процеси насочени кон поддршка на економскиот раст и евроинтеграцијата.

На средбата беше истакнато дека Народната банка постојано го јакне својот институционален капацитет преку бројни развојни проекти, со посебен акцент на модернизацијата на платните системи. Современите и ефикасни платни решенија придонесуваат за поголема сигурност, побрз проток на финансиски средства и олеснување на деловното работење, што е значајно за подобрување на инвестициската клима.

Гувернерот Славески нагласи дека одржувањето на макроекономската стабилност и финансиската стабилност е врвен приоритет на Народната банка, како основа за создавање стабилни и предвидливи економски услови, заради поттикнување на домашните и странските инвестиции и за одржлив економски раст.

Во разговорот, гувернерот Славески се осврна и на пристапувањето на земјава кон Единствената област за плаќање во евра (СЕПА), оценувајќи дека станува збор за историски чекор за македонската економија. Тој посочи дека со пристапувањето кон СЕПА, на македонските граѓани и компании им се овозможи да вршат побрзи, поефикасни и поевтини плаќања во евра, и тоа уште пред полноправното членство на земјава во Европската Унија.

Гувернерот нагласи дека со воспоставувањето клон на ТИПС, развиен со поддршка на Европската централна банка, се официјализира почетокот на современ систем за инстант плаќања, што претставува значаен исчекор во модернизацијата на националната платежна инфраструктура и нејзиното регионално поврзување со земјите од Западен Балкан и со европскиот платежен простор. Со овој систем ќе се овозможи извршување плаќања во реално време, 24 часа дневно, седум дена во неделата, при што најголемиот дел од трансакциите ќе се обработуваат за неколку секунди. Новите решенија ќе овозможат едноставно иницирање плаќања, што ќе придонесе за побрзи, посигурни и поевтини трансакции за граѓаните и компаниите, како и за поефикасно работење на трговците.

Соговорниците ја потврдија подготвеноста за натамошно продлабочување на соработката и размената на искуства во областите од заемен интерес, заради поддршка на економската стабилност и реформските процеси во земјава.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка како партнер на НСРР ја продолжува поддршката за родова рамноправност и финансиска независност на жените

Објавено

на

Комерцијална банка и оваа година ја потврдува својата општествена одговорност преку континуирана поддршка на Националниот совет за родова рамноправност (НСРР), продолжувајќи ја својата мисија за помагање, охрабрување и едуцирање на жените за зајакнување на нивната финансиска независност.

Како дел од оваа заложба, Комерцијална банка финансиски ќе го поддржи проектот „Дигитализација и дигитална видливост на услугите на Советувалиштето и СОС линијата при НСРР“, со цел унапредување на пристапноста до поддршка и информации за жените кои се соочуваат со различни животни и социјални предизвици.

Во рамките на акцијата „Биди своја, биди силна!“, Комерцијална банка активно ќе придонесува кон охрабрување и мотивирање на жените да носат информирани и правилни финансиски одлуки, да изградат финансиска сигурност и полесно да ги надминат предизвиците на начин што обезбедува самостојност и заштита.

Со континуираната поддршка на активностите на НСРР, Банката ја потврдува својата заложба за родова еднаквост и за достапна, целосна поддршка на жените во сите аспекти на финансиското и социјалното делување.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange