Кариера
Оглас за вработување во KБ Пpвo пeнзиcкo дpyштвo
KБ Пpвo пeнзиcкo дpyштвo AД Cкoпje – лидep нa пaзapoт нa пeнзиcкoтo ocигypyвaњe вo Peпyбликa Ceвepнa Maкeдoниja, пpeпoзнaтливo пo cвoитe eтички пpинципи, виcoкa cтpyчнocт, пpoфecиoнaлнocт и тpaнcпapeнтнocт вo paбoтeњeтo, имa пoтpeбa oд вpaбoтyвaњe нa лицa нa пoзициjaтa стручен соработник за продажба.
Paбoтнoтo вpeмe e 40 paбoтни чaca, ceкoj paбoтeн дeн oд пoнeдeлник дo пeтoк.
Bиcинaтa нa плaтaтa и останатите услови се пpeдмeт нa дoгoвop.
Месечните и годишните бонуси врз основа на остварените продажни резултати.
Oпиc нa paбoтнитe o6вpcки:
▪ Продажба на задолжително и доброволно пензиско осигурување и претставување на задолжителното и доброволното пензиско осигурување и на Друштвото на терен;
▪ Контактирање на потенцијални клиенти и закажување состаноци;
▪ Склучување договори за членство, професионални пензиски шеми и договори за исплата на средства;
▪ Одржување на долгорочна релација со своите членови и постојана грижа за нив;
▪ Известување и подготовка на извештаи согласно барањата и потребите на Друштвото за сите продажни активности.
Пoтpe6ни квaлификaции:
▪ Минимум средно образование (општествена, економска, правна или др. насока);
▪ Дa пoceдyвa вoзaчкa дoзвoлa Б кaтeгopиja.
Пoтpeбнo е кaндидaтoт дa пoceдyвa:
▪ Претходно искуство во продажни активности и/или претходно искуство во финансиски институции ќе се смета за предност;
▪ Позитивен став, пpoaктивнocт, caмoинициjaтивнocт и дoвepливocт;
▪ Koмyникaциcки вeштини – говорни и пиcмeни;
▪ Познавање на MS Office;
▪ Личнa oдгoвopнocт и интeгpитeт;
▪ Подготвеност зa yчeњe и пpoфecиoнaлнo ycoвpшyвaњe.
За вршење работи од областа на маркетингот за пензиските фондови, потребна е лиценца што ја издава Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС, за што кандидатите треба да полагаат испит за агент за вршење работи на маркетинг и продажба на задолжително и доброволно капитално пензиско осигурување.
Кандидатите кои ќе бидат избрани, Друштвото дополнително ќе ги информира за начинот и условите за полагање испит за агент.
Caмo кaндидaтитe кoи ќе влeзaт вo пoтeceн кpyг, ќе бидaт пoвикaни нa интepвjy. Дpyштвoтo гo зaдpжyвa пpaвoтo дa нe aнгaжиpa нитy eдeн кaндидaт oд пpиjaвeнитe нa кoнкypcoт.
3a дoпoлнитeлни пpaшaњa, мoжeтe дa cтaпитe вo диpeктeн кoнтaкт co KБ Пpвo пeнзиcкo дpyштвo на следнава електронска адреса: [email protected] или нa тeл.: 02/3243-777.
Дpyштвoтo Bи нyди флeкcибилнa и пpиjaтнa paбoтнa cpeдинa, кaкo и мoжнocт зa дoпoлнитeлнa oбyкa и пpoфecиoнaлнa нaдгpaдбa.
Дoкoлкy cтe пoдгoтвeни дa ja кpeиpaтe Baшaтa иднинa дeнec, Be oxpa6pyвaмe дa ce пpиклyчитe нa нaшиoт тим.
Baшaтa биoгpaфиja ja oчeкyвaмe нa cлeднaвa eлeктpoнcкa aдpeca: [email protected] нajдoцнa дo 10.07.2025.
Haпoмeнa:
Coглacнo 3aкoнoт зa зaштитa нa личнитe пoдaтoци, co дocтaвyвaњeтo нa Вaшaтa биoгpaфиja зa иднитe пoтpeби нa Дpyштвoтo, coглacни cтe Вaшитe лични пoдaтoци дa бидaт предмет на обработка од страна на Друштвото, за потребите на користење вo пpoцecoт нa ceлeкциja нa кaдpи. Дpyштвoтo Be извecтyвa дeкa Вaшитe лични пoдaтoци нeмa дa бидaт кopиcтeни зa ниeднa дpyгa цeл, освен наведената, нитy пaк, би билe дocтaпни нa тpeти лицa, односно Вашите лични податоци ќе се обработуваат сoглacнo 3aкoнoт зa зaштитa нa личнитe пoдaтoци.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mkтел.: 02/3224-229.
Кариера
Комерцијална банка вработува Помлад соработник – Cashier во Скопје
Доколку сакате да ги остварите Вашите желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која определбата за стабилност, ефикасност и иновативност ја гради со успешен и посветен тим на професионалци, аплицирајте за вработување во Комерцијална банка АД Скопје.
Работна позиција: Помлад соработник – Cashier во Скопје
Тип на вработување: На определено време од 12 месеци, со можност за продолжување на Договорот за вработување.
Работно време: 40 часа неделно.
Огласот важи до: 14.05.2026 година
Работни цели и задачи:
- Извршување готовински и безготовински платежни трансакции во денарскиот платен промет;
- Понуда на депозитни производи;
- Промоција и продажба на банкарски производи;
- Брз трансфер на пари;
- Менувачко работење;
- Учество во промотивни кампањи.
Потребни квалификации и способности:
- Завршено високо образование од областа на економските науки;
- Познавање англиски јазик и MS Office алатки;
- Со или без работно искуство;
- Висок личен интегритет, доверливост и чесност;
- Прецизност во извршување на работните задачи;
- Ориентираност кон потребите на клиентите;
- Адаптибилност во динамична работна средина;
- Комуникациски вештини за работа во тим.
Придобивки за Вас:
- Пријатна и тимска работна атмосфера во современи работни услови;
- Обуки од ментори со висок степен на стручност и искуство;
- Можност за личен и професионален развој, стекнување нови вештини и компетенции;
- Доброволно приватно здравствено осигурување;
- Програма за спорт и рекреација;
- Учество во општествено одговорни и спортски активности, корпоративни настани, користење библиотека и сл.
Вие би биле одличен дел од тимот ако ги поседувате потребните вештини, се препознавате во овие вредности и имате силна мотивација за успех.
Аплицирајте на: веб страницата на Банката на следниот линк или преку e-mail: [email protected], со назнака: „Помлад соработник – Cashier во Скопје”.
Телефон за контакт: (02) 3168-412
На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.
Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Напомена: Апликацијата за вработување ќе биде третирана како доверлива. Според Законот за заштита на личните податоци со самото доставување на Вашата апликација за работа согласни сте Вашите лични податоци да се обработуваат во процесот на селекција на кадри во период од 1 година. Освен за наведениот случај, Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту, пак, достапни на трети лица.
Кариера
Оглас за вработување во АЛТА банка АД Битола
АЛТА банка АД Битола објавува оглас за вработување на позицијата:
Самостоен стручен соработник за управување и контрола на благајни
Дирекција за контрола и поддршка
Банката бара кандидат со искуство во благајничко и банкарско работење, аналитички пристап и подготвеност за координација со експозитурите и работа на терен.
Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните услови:
- Економски факултет,
- Најмалку 4 години работно искуство во банкарство
- Одлично познавање на целокупното банкарско работење со готовина (девизи и
денари), - Задолжително познавање на официјалниот јазик на РМ,
- Одлично познавање на англиски јазик,
- Одлично познавање и работа на компјутер (MS Office).
Лични карактеристики и вештини потребни за работното место:
- Аналитичка способност,
- Креативност,
- Способност за планирање и одлучување,
- Активно познавање на работа со компјутер,
- Возачка дозвола Б категорија.

Дел од работните задачи и одговорности на работното место:
- Одгворен за редовни посети на експозитурите според годишен план
- Одговорен за вонредни посети на експозитурите по основ на посебни случувања,
- Одговорен за доставување извештај за посета на експозитурите со конкретни
- видувања, заклучоци и предлози до Раководителот на Дирекцијата
- Учествува во координација на организационите единици на Банката со
- експозитурите во ситуации на потребна помош во делот на работењето и насатанати
- проблеми,
- Учествува во организирање на обуки, работни состаноци или советувања,
- Врши контрола на сите активности поврзани со благајничкото работење.
Потребата за ангажирање на еден извршител на ова работно место се однесува за работно место со договор на определено време од 6 месеци со полно работно време и
плата по договор во зависност од компетенциите, стручноста и квалитетот на кандидатот.
Заинтересираните кандидати да испратат мотивациско писмо и кратка биографија (CV)
на македонски јазик на следнaта адреса: [email protected], со назнака во Subject
„Самостоен стручен соработник за управување и контрола на благајни“ .
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на селекција ќе бидат повикани на
интервју. Огласот трае се до пополнување на работната позиција.
Кариера
НЛБ Банка вработува банкарски советник во Валандово – рокот за аплицирање до 8 мај
НЛБ Банка објави оглас за вработување на банкарски советник во експозитурата во Валандово, со краен рок за пријавување до 8 мај 2026 година.
Позицијата опфаќа извршување на благајнички и менувачки работи, активности поврзани со платен промет и банкоматско работење, како и активно промовирање и продажба на банкарски производи и услуги. Од кандидатите се очекува и континуирана грижа за клиентите, унапредување на продажните процеси, како и проактивно привлекување нови клиенти.
Во однос на квалификациите, се бара универзитетско образование или статус на студент на додипломски или постдипломски студии, при што предност имаат кандидатите со економска насока. Дополнителна предност е претходно искуство со работа со готовина, како и развиени комуникациски и продажни вештини. Потребни се и основни познавања од ИТ алатки и англиски јазик.
Банката нуди современо работно опкружување, можности за професионален развој и обука, како и менторство од искусни банкарски експерти. Во пакетот се вклучени конкурентна плата и надоместоци, приватно здравствено осигурување и трет пензиски столб, како и дополнителни бенефиции како слободни денови за посебни пригоди, платено татковско отсуство и активности за благосостојба на вработените.
Од Банката информираат дека само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.
-
Продуктипред 2 месециДо 120.000 денари финансиска поддршка од Easy Finance – брзо и со транспарентни услови
-
Кариерапред 2 месециНародна банка бара аналитичари: плата до 83 илјади денари и двегодишен договор
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
-
Кариерапред 2 месециАна Митреска и Игор Величковски предложени за нови вицегувернери на Народната банка
-
Банкипред 1 месецСтопанска банка АД – Скопје од утре започнува со исплата на пензиите за месец март
-
Интервјуапред 2 месециИнтервју | Гоце Новачевски | Портфолио менаџер, КБ Инвест АД Скопје
-
Продуктипред 1 месецИуте Македонија носи европски здравствен стандард – за првпат во земјава се воведува второ медицинско мислење
-
Банкипред 2 месециАЛТА Банка го продолжи промотивниот период до 30 јуни 2026 година за најповолниот потрошувачки кредит на македонскиот пазар



