Вработување
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Млади ентузијасти со или без работно искуство, НЛБ Банка ве мотивира да аплицирате на огласот за работа во експозитура Штип во Деловниот сектор за управување со продажна мрежа за следнава работна позиција:
Банкарски комерцијалист –благајник
Експозитура Штип
Улога во тимот:
- Промовирање, понуда и продажба на банкарски продукти и услуги;
- Континуирана грижа за клиентите и постојано унапредување на продажните процеси;
- Проактивно привлекување нови клиенти и збогатување на клиентската мрежа на Банкатa;
- Спроведување на благајнички и менувачки работи, платен промет, банкомaтско работење;
Потребни квалификации и компетенции:
- Универзитетско образование или студенти на додипломски/ постдипломскки студии;
- Претходно искуство со работа со готовина ќе се смета за предност;
- Развиени комуникациски и продажни вештини, желба и ориентираност за работа со клиенти;
- Агилност, организираност и проактивност во градење добра тимска атмосфера;
- Познавање на основни ИТ алатки, познавање на англиски јазик.

Мотив да се придружите на НЛБ тимот:
- Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
- Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
- Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
- Позитивна организациска култура и слободни денови за различни пригоди;
- Континуирано учество во групациски корпоративни проекти;
- Конкурентен пакет на плата и надоместоци (вклучително приватно здравствено осигурување и трет пензиски фонд).
Потврди го твојот интерес со доставување на мотивациско писмо во кое ќе ги образложиш амбициите, мотивите и начините на придонес на наведеното работно место како и кратка биографија (CV) најдоцна до 20.10.2024 година на: [email protected] со назнака за Банкарски комерцијалист за Штип.
Вработување
Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје

Доколку имаш желба за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, каде приоритет се личниот развој и професионалниот напредок, сега е вистинскиот момент да се пријавиш на огласот на Силк Роуд Банка за РЕФЕРЕНТ ЗА ПЛАЌАЊА (Референт за домашен платен промет) во Служба за плаќања.
Дел од работните задачи:
- Процесирање и плаќања согласно влезни/излезни налози;
- Вчитување, обработка и администрирање на фајлови за пензии и парични права;
- Координирање и следење на соодветни активности на плаќања што се вршат во мрежата на експозитури;
- Извршување и архивирање на сите примени извршни одлуки;
- Блокада и деблокада на трансакциски сметки, согласно прописите и др.
Потребни квалификации:
- Диплома за завршено средно образование;
- Познавање на MS Office;
- Познавање на англиски јазик;
- Комуникациски вештини;
- Внимание на детали и иницијативност;
- Претходно банкарско искуство ќе се смета за предност

Бенефиции / Придобивки:
- Конкурентна плата и дополнителни бенефиции;
- Континуирани обуки и можност за професионален раст и развој;
- Динамична работна средина;
- Слободен ден за роденден.
Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на: [email protected] со задолжителна назнака за “Референт за плаќања”, најдоцна до 20.05.2025 година.
Силк Роуд Банка ве замолува во Вашите апликации да не доставувате сензитивни податоци како националност, вероисповест како и детали за вашиот приватен живот.
Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју или тестирање.
Сите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Со доставувањето на Вашата апликација ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги обработува Вашите лични податоци за потребите на процесот на вработување. Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото до Офицерот за заштита на лични податоци на e-mail адресата: [email protected]
Вработување
Оглас за вработување во Штедилница Можности

Градете ја својата кариера и развивајте се како професионалец во областа на кредитирање и финансии со Штедилница Можности. Ако се идентификувате со визијата и мисијата на Штедилница Можности и ве интересира кредитирање и финансии,
Штедилница Можности вработува:
Службеник за односи со клиенти во експозитурите на штедилницата во
Тетово, Велес и Кавадарци
Работни задачи:
- Градење на квалитетни односи со клиенти.
- Промоција и продажба на финансиски продукти,
- Проценка на кредитни барања,
- Подготовка на анализи и финансиски извештаи,
- Посета на клиенти кредитобаратели или кредитокорисници,
- Помош на корисниците на кредит и кредитобаратели во одредување на нивните бизнис потреби,
- Градење на квалитетни односи со клиенти.
Потребни знаења и вештини:
- Завршено високо образование со основни познавања на финансиски извештаи
или средно образование со познавања на финансиски извештаи или соодветно
работно искуство од областа на финансии и/или банкарско работење, - Способност за тимска работа но и самостојност,
- Добри комуникациски вештини и способност за решавање на проблеми преку
ефикасна комуникација, - Солидно познавање на англиски јазик,
- Работно искуство во дејноста е добредојдено но не е задолжително,
- Мотивираност за проучување, совладување и примена на нови методологии,
техники и технологии, - Задолжително поседување на возачка дозвола Б категорија.
Бенефиции:
- Конкурентна плата за кандидати со и без релевантно работно искуство,
- Континуирани обуки за професионален развој,
- Работа во интересна и динамична работна средина.
Штедилница Можности нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување, како и напредок и развој во кариерата во интересна и динамична работна средина.
Заинтересирани кандидати, доколку сакаат да станат дел од успешниот тим на Штедилница Можности, испратете CV на e-mail: [email protected] и [email protected], со назнака за експозитурата
за која се аплицира. Огласот е активен до 26.05.2025 година.
Вашите апликации за вработување ќе бидат третирани со строга доверливост.
Со праќање на вашата апликација за вработување се согласувате компанијата да може да ги собира, обработува и чува вашите лични податоци за потребите на процесот на регрутација додека трае.
Вработување
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

УНИБанка АД Скопје има потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција:
Референт за позадински операции
во Сектор Плаќања во земјата
во Дирекција Платни системи

- Банкипред 2 недели
Стопанска банка АД – Скопје назначи нов Генерален директор за финансии и член на Управниот одбор
- Останатопред 2 месеци
Колку пари контролира Ватикан? Финансиската моќ на новиот папа Лав XIV (Роберт Превост)
- Фондовипред 2 месеци
КБ Прво пензиско друштво: Пензија без ризик – Како доброволните пензиски фондови се штитат од перење пари
- Банкипред 2 месеци
Ангеловска-Бежоска на Kонференцијата на Светската банка: За повисок раст најважно е да се зголеми продуктивноста којашто е околу половина од европската
- Продуктипред 1 месец
Почни го летото со премиум поволности и поголеми бонуси со Visa Gold и Visa Classic од Комерцијална банка
- Продуктипред 1 месец
Финансиска поддршка на дофат: потрошувачки кредит за сè што не може да чека
- Продуктипред 3 недели
Халкбанк овозможува кредит целосно онлајн, без шалтер и документација
- Вработувањепред 2 месеци
Оглас за вработување во Штедилница Можности