Connect with us
no baners

Банки

Одржана е редовната седница на Советот на Народната банка: Усвоен е Кварталниот извештај за второто тримесечје од 2023 година

Објавено

на

Советот на Народната банка на својата редовна седница го усвои Кварталниот извештај за второто тримесечје од 2023 година.

Во Извештајот се заклучува дека во текот на вториот квартал, годишната стапка на инфлација и натаму забавува, додека Народната банка за стабилизација на инфлацијата и на инфлациските очекувања ја затегна монетарната политика, но презеде и други мерки, во склад со останатите централни банки. Во однос на остварувањата, растот на домашната економска активност забрза, малку посилно од очекувањата според последните проекции, а најновите високофреквентни податоци за вториот квартал од 2023 година упатуваат на натамошен раст на економската активност во вториот квартал од годината, но поумерен. Годишната стапка на инфлација дополнително забави и на крајот на вториот квартал изнесуваше 9,3%, што е во согласност со априлската проекција. Надворешната позиција на економијата се подобрува, поради што девизните резерви се одржуваат во сигурната зона. Имено, во првиот квартал на 2023 година, тековната сметка на платниот биланс бележи суфицит, а поволните движења во тековните трансакции се резултат на позитивните остварувања кај сите категории, но во најголем дел поради намалениот дефицит во размената на стоките со странство, пред сѐ поради понискиот увоз.

Монетарните податоци исто така покажуваат поволни придвижувања. Имено, годишниот раст на депозитите и натаму забрзува, а овие остварувања се подобри од очекувањата според априлската проекција. Притоа, и натаму има поволни придвижувања од аспект на рочната и валутната структура на штедењето (раст на долгорочните и на денарските депозити), одразувајќи ги ефектите од мерките преземените од страна на Народната банка и стабилизираните очекувања на економските субјекти. Банките и натаму обезбедуваат кредитна поддршка за домашната економија, но растот е поумерен и малку подобар од очекувањата. И покрај остварувањата, ризиците за економските изгледи сѐ уште постојат и произлегуваат од развојот на војната во Украина, геополитичките тензии во глобални рамки, силината на затегнувањето на финансиските услови, како и од евентуалните понатамошни превирања во финансискиот сектор. Народната банка внимателно ги следи макроекономските податоци и ризиците и е подготвена да ги употреби сите неопходни инструменти и да презема мерки со коишто ќе се придонесе за задржување на стабилноста на девизниот курс, стабилизирање на инфлациските очекувања и за ценовна стабилност на среден рок.

На седницата на Советот беше усвоена и Годишната информација за плаќањата во Република Северна Македонија во 2022 година, во која се утврдува дека платежниот пејзаж во земјава го карактеризира натамошното зголемено користење на платежните услуги од страна на граѓаните и компаниите за извршување безготовински плаќања за производите и услугите во земјата, коишто ги овозможуваат давателите на платежни услуги. Во овој период се евидентирани 195 милиони платежни трансакции, што е годишен раст од 6,8%, што речиси во целост произлегува од засилениот раст на бројот на трансакции со платежни картички за 13,1%. Со тоа, нивното учество во вкупниот број безготовински трансакции достигна значителни 62,1%, при истовремено зголемување и на вредноста на овие трансакции за 18,7%.

Банки

Експозитурата „Илинден“ на НЛБ Банка, нов модерен банкарски објект на нова локација

Објавено

на

НЛБ Банка ги отвори вратите на својата експозитура „Илинден“ која од неодамна е преселена на нова локација на Улица 2 бр.1в, кај кружниот тек во населбата Илинден. Новата експозитура сместена на површина од 108м2 претставува модерен, репрезентативенбанкарски објект, чиј деловен модел е обмислен во насока на удобност и функционалност. 

Со внимателен избор на материјали, отворен концепт и интуитивна организација на просторот, експозитурата овозможува поголема ефикасност на работните процеси и унапредено корисничко искуство. 

Во објектот се сместени два шалтера за благајничко работење, канцеларии за кредитирање на физички лица, платен промет и картично работење, како и 24/7 часовна АТМ зона со банкомат за исплата и уплата на готовина, а наскоро ќе биде ставена во функција и самоуслужна машина за уплата на дневен пазар за правни лица, без чекање на шалтер и без посредство на банкарски службеник, чија предност е што средствата многу брзо доспеваат на сметката на правниот субјект.

Новата експозитура во населбата Илинден е дел од пошироката стратегија на НЛБ Групацијата 2025 – 2030 година за модернизација и дигитализација на продажната мрежа, водена од забрзаната технологија и сè поголемата потреба од страна на клиентите за самостојно, едноставно, брзо и безбедно банкарско работење, која истовремено ги рефлектира вредностите на Банката – иновативност, доверба и грижа за клиентите и вработените. 

Експозитурата во Илинден го задржува досегашното работно време и истата ќе работи од 08:00 до 16:00 часот, од понеделник до петок.

Продолжи со читање

Банки

Конституенцата на ММФ и СБ: Народната банка e столб на макроекономската и финансиската стабилност

Објавено

на

Гувернерот д-р Трајко Славески, и министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, ја предводеа делегацијата на годишниот состанок на Конституенцата на Меѓународиот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ), на која ѝ припаѓа нашата земја, а којшто годинава се одржува во Луксембург. Дел од делегацијата е и вицегувернерката Ана Митреска. На билатералните средби коишто ги остварија беше потврдена улогата на Народната банка како столб на макроекономската и финансиската стабилност во земјава.

За време на средбите со високите претставници од ММФ и Светската банка − Јерун Клик, Марникс ван Рај, Марк Хортон и Јуџин Ругенаат − се водеа плодни дискусии за сегашните предизвици на централните банки.

Во рамките на дијалогот беше истакната важноста на координацијата меѓу централните банки и меѓународните финансиски институции за унапредување на финансиската вклученост, дигитализацијата на финансискиот систем и унапредувањето на регулативните рамки. Се разговараше и за начините на кои Народната банка ја поддржува макроекономската стабилност преку ефикасно управување со монетарната политика и силна регулаторна улога.

Овие средби ја потврдија довербата во капацитетот и посветеноста на Народната банка како стабилен и кредибилен партнер, што придонесува кон создавање отпорна и успешна економија, со подобри услови за граѓаните и за стопанските субјекти.

Народната банка и во иднина ќе биде посветена на својата мисија за обезбедување сигурност и стабилност на финансискиот систем, како основа за одржлив економски развој и напредок на земјава.

Продолжи со читање

Банки

Гувернерот Славески на Годишното генерално собрание на БИС

Објавено

на

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, учествуваше на Годишното генерално собрание на Банката за меѓународни порамнувања (БИС), во чии рамки оствари бројни средби со повеќе свои колеги од централните банки од регионот и од светот. На средбите на БИС, покрај гувернерот, учествуваше и вицегувернерката Емилија Нацевска.

На Собранието на БИС беа разгледани и усвоени најновиот извештај за работата на БИС и Годишниот финансиски извештај на БИС за 2025 година, коишто се осврнуваат на политиките на централните банки коишто во изминатите години на неколку последователни кризи ги ублажија последиците од кризите и овозможија задржување на стабилноста во економиите. Беше истакнато дека и натаму се препорачуваат политики коишто ќе обезбедат финансиска и макроекономска стабилност, како и јакнење на финансиските позиции на централните банки. 

Дискусиите во рамките на Годишното собрание на БИС се од исклучително значење за согледување на предизвиците со кои се соочуваат централните банки секојдневно и за утврдување на мерките и активностите за нивно надминување, но и за подготовка за идните трендови во работењето што ги носи дигитализацијата, имајќи ја предвид улогата на БИС во меѓународната соработка за поддршка на монетарната и финансиската стабилност. Народната банка е полноправна членка на БИС со уште шеесет и две централни банки и монетарни институции од светот, коишто учествуваат и имаат право на глас на Генералното собрание.

Продолжи со читање

Популарно

no baners