Connect with us
no baners

Банки

Јубилејни 75 години на Стопанска банка а.д. Битола – роденденски промоции за своите верни клиенти

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола е една од банките со најдолга традиција на македонскиот пазар која прославува јубилејни 75 години постоење. Со текот на годините оваа домашна банка докажа дека нејзината визија за квалитетна банкарска услуга е остварлива и доверлива.

По повод овој голем јубилеј, Стопанска банка а.д. Битола нуди повеќе промотивни поволности за различни групи на клиенти. Дел од поволностите се однесуваат на физички лица кои оваа година полнат 75 години и за истите се подготвени промотивни роденденски пакети.

Сите клиенти кои во 2023 година наполниле или ќе наполнат 75 години:

  • се ослободени од провизии за водење на трансакциска сметка почнувајќи од 01.06.2023 до 31.12.2023 година

Сите клиенти кои во 2023 година наполниле или ќе наполнат 75 години и имаат во банката депозит над 1.000.000мкд

  • банката ги наградува со каматна стапка на депозитот повисока за 1,5 процентен поен над важечките во Банката на соодветните рочности во периодот од 01.06.2023 до 31.12.2023 година

Сите клиенти кои во 2023 година наполниле или ќе наполнат 75 години и дo 31.12.2023 година ќе орочат депозит над 1.000.000мкд

  • банката ги наградува со каматна стапка на депозитот повисока за 1,5 процентен поен над важечките во Банката на соодветните рочности во периодот од 01.06.2023 до 31.12.2023 година

Овој голем јубилеј го заокружува успешното работење на Стопанска банка а.д. Битола и ветува уште многу успешни приказни на банката заедно со своите клиенти чие задоволство е и главниот фокус на работењето во изминатите 75 години.

Банки

Стопанска банка го организира десеттото издание на „Вози право, вози здраво“ на 6 јуни во Скопје

Објавено

на

„Вози право, вози здраво“ по десетти пат – настанот ќе се одржи на 6 јуни во Скопје

Традиционалната велосипедска манифестација „Вози право, вози здраво“ годинава ќе го има своето десетто издание, а организаторите најавуваат дружење, рекреација и можност за освојување вредни награди.

Настанот ќе се одржи на 6 јуни 2026 година со почеток во 17 часот, пред Порта Македонија.

Заинтересираните учесници можат да се регистрираат преку платформата на Стопанска банка АД Скопје, каде е објавен и формуларот за пријавување: Регистрација за „Вози право, вози здраво“

Од банката информираат дека и оваа година ќе донираат за развој на урбаниот велосипедизам, а најавена е изградба на детски велопарк во населбата Карпош 4 во Скопје.

Продолжи со читање

Банки

„Без граници, без препреки“ – виртуелно музејско патување што ги обедини децата од светот во Музејот на Народната банка

Објавено

на

Музејот на Народната банка оваа година го одбележува Меѓународниот ден на музеите ‒ 18 мај, организирајќи големa виртуелна едукативна дружба со деца на училишна возраст од различни делови на светот, обединети во желбата да ги откријат тајните на исклучителната македонска ризница на антички и средновековни пари коишто се чуваат во нашиот музеј, што e отворен за јавноста секој работен ден од 9 до 15 часот.

Музејското патување низ монетарното минато на нашата земја беше насловено „Без граници, без препреки“, во духот на овогодишната тема на Меѓународниот комитет на музеите „Музеите што го обединуваат поделениот свет“.

Кустосите од Музејот на Народната банка одржаа настан за учење и паметење за 80 македонски деца што се ученици во Австрија, Белгија, Норвешка, Хрватска, Австралија, Франција, Италија, Германија, Шведска, Холандија, Велика Британија, Данска, Канада и во земјава, коишто можеа интерактивно да се дружат и да дознаат необични факти за нумизматичкото културно наследство на нашата земја.

Возбудливото враќање во минатото заврши со кратко откривање на некои од тајните на изгледот на денешните македонски пари, а потоа и со прогласување на победниците од интерактивниот квиз.

Продолжи со читање

Банки

Славески од Регионалниот состанок на гувернери: Поврзувањето на системите за инстант плаќања е едно од најпрактичните решенија за побрзи и поевтини прекугранични плаќања

Објавено

на

Гувернерот на Народна банка, Трајко Славески, учествуваше на Регионалниот состанок на гувернери што се одржа во Пула, Република Хрватска, во организација на Хрватската народна банка, каде што во фокусот на дискусиите беа дигиталната трансформација на финансискиот систем, дигиталните средства и иднината на прекуграничните плаќања.

На тркалезната маса на тема „Од експеримент до инфраструктура: дигиталните средства во традиционалниот финансиски свет“, гувернерот Славески посочи дека поврзувањето на системите за инстант плаќања во регионот, преку решенија засновани врз платформата клон на ТИПС, претставува едно од најпрактичните и најодржливите решенија за побрзи, поевтини и потранспарентни прекугранични плаќања во евра. Притоа беше истакнато дека ваквиот пристап овозможува регионална интеграција и подобра поврзаност со европската платежна инфраструктура, без нарушување на монетарниот суверенитет на државите.

Во своето обраќање, гувернерот нагласи дека технолошките иновации треба да создаваат реална економска вредност, преку поефикасни платни системи, подобра достапност на финансиските услуги и намалување на трансакциските трошоци, а не да бидат водени исклучиво од шпекулативни цели. Тој посочи дека дигиталната трансформација на финансискиот сектор мора да се одвива паралелно со јасна регулаторна рамка, силна киберзаштита и зачувување на довербата во финансискиот систем.

Славески се осврна и на активностите што ги презема Народна банка во областа на финтек-иновациите и модернизацијата на финансискиот сектор, во рамките на Финтек-стратегијата за финансиските регулатори 2023 − 2027 година. Во таа насока, беше посочено дека Народната банка има проактивен пристап кон дигиталната трансформација и активно ги следи светските трендови поврзани со дигиталните валути на централните банки и развојот на дигиталното евро.

Притоа, беше нагласено дека како мала и отворена економија којашто е тесно поврзана со еврозоната, нашата земја внимателно ги анализира можните ефекти од воведувањето на дигиталното евро врз домашниот финансиски систем. Во тој контекст, Народната банка веќе ги разгледува можностите и потенцијалните ефекти од евентуално воведување дигитален денар, особено во делот на модернизацијата на плаќањата, финансиската вклученост и ефикасноста на монетарната политика.

На состанокот беше истакнато и дека домашните банки и небанкарските финансиски институции сѐ повеќе инвестираат во нови технологии, дигитални платформи и автоматизација на процесите, при што дигиталната трансформација веќе се препознава како стратегиски приоритет за натамошен развој и зголемување на ефикасноста на финансискиот сектор.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange