Банки
Народната банка ќе мора да направи план за спас на секоја банка во земјава
Народната банка на Република Северна Македонија до 30 јуни 2026 година треба да изработи план за решавање на секоја банка во земјава со цел нејзино спасување доколку се соочи со проблеми во работењето. Дотогаш ќе треба да ги донесе и првите одлуки за потребното ниво на минимална стапка на сопствени средства и дозволени обврски за секоја банка. Банките, пак, имаат обврска да ги исполнат минималните стапки наложени од НБРСМ до 1 јануари 2031 година.
Ова го предвидува предлог-законот за решавање на банки изработен од Министерството за финансии во соработка со Народната банка и со домашни и меѓународни експерти. Новото законско решение предвидува утврдување сет на алатки за брза интервенција од страна на централната банка доколку некоја деловна банка се соочи со проблеми во работењето кои може да предизвикаат нејзино пропаѓање.
Целта на овие мерки е да се обезбеди континуитет на критичните функции на банката со ограничување на негативното влијание врз финансискиот систем, минимизирање на употребата на јавни средства за спас на банката и заштита на депозитите и другите средства на клиентите на банката.
Како што веќе објави Банкарство, средства за решавање на проблемите или за спас на критичната банка ќе се црпат од посебен Фонд за решавање на банки, кој пак ќе го полнат сите банки во земјава со придонеси како нов трошок. А, како и зошто ќе се трошат овие средства ќе одлучува посебно тело (управа) во Народната банка, кое допрва ќе се формира и ќе биде различно од Супервизијата.
Кои се чекорите што ќе ги презема НБРСМ согласно новиот Закон за решавање на банки?
Народната банка редовно ги контролира случувањата и состојбите во банкарскиот сектор во земјава и доколку утврди индиции за преземање посебни мерки, носи одлука за решавање на конкретната банка и спроведува подготвителни активности за решавање на банката и примена на инструменти и овластувања.
Во планот за решавање Народната банка предвидува сценарија во кои банката престанува да работи како резултат на околности поврзани со конкретната банка или на нестабилност и други неповолни околности во финансискиот систем. Овој план се ажурира по потреба најмалку еднаш годишно.
Народната банка започнува постапка за решавање на банка доколку се исполнети следниве услови:
• Состојбата во банката е таква што не може или е веројатно дека нема да може да продолжи да работи,
• Не е реално да се очекува кои било други мерки во разумен рок да го спречат престанокот со работа на банката,
• Решавањето на банката е од јавен интерес.
Потоа носи одлука за започнување постапка за решавање на банка, која ги содржи причините, активностите, денот и времето на започнување на постапката. Народната банка може да донесе и одлука за формирање посебна управа во банката со еден или повеќе членови (посебни управители), кои се именуваат за период не подолг од една година. Во предложениот Закон е наведено дека посебен управител може да биде лице кое ги исполнува актуелните законски услови за да биде член на управен одбор или независен член на надзорен одбор на банка. Тој може да биде и лице надвор од банката, но повеќе детали како ќе се бира соодветно лице за оваа функција нема. Постоечката регулатива предвидува можност НБРСМ да назначи администратор на некоја банка доколку има проблеми во работењето и тој е најчесто вработен во Народната банка или пак порано извршувал висока функција во централната банка.
Поврзани вести:
Домашните банки преку посебен Фонд ќе ја спасуваат секоја банка што ќе се најде во проблеми
Банки
Маја Кадиевска Војновиќ нов член на Управниот одбор на Стопанска банка Битола
Врз основа на обврските утврдени со член 33 од Правилата за котација на Македонска берза, Стопанска банка АД Битола информира дека на ден 5 ноември 2025 година, членот на Управниот одбор м-р Даниела Ѓоршевска поднела писмена оставка од својата функција.
Паралелно со тоа, Надзорниот одбор на банката на својата 25. седница одржана на 10 ноември 2025 година донел одлука за именување на м-р Маја Кадиевска Војновиќ за нов член на Управниот одбор. Одлуката ќе стапи во сила по добивањето согласност од Извршниот одбор на Народната банка на Република Северна Македонија, како надлежен орган за одобрување на членови на управни тела во банкарскиот сектор.
До моментот на добивање на официјалната согласност, м-р Даниела Ѓоршевска ќе продолжи да ја извршува својата функција како член на Управниот одбор на банката.
Со оваа промена, Стопанска банка АД Битола продолжува со својата пракса на навремено информирање на јавноста и транспарентно управување согласно регулативите на Македонската берза и Народната банка.
Банки
СТАБИЛНОСТ И СИГУРНОСТ НА МОНЕТАРНИОТ СИСТЕМ – Девизните резерви на Македонија продолжуваат да растат!
Според најновите податоци на Народната банка, девизните резерви на крајот на октомври 2025 година изнесуваат 4.843,2 милиони евра, што претставува зголемување од 120,5 милиони евра во споредба со претходниот месец.
Овој пораст ја потврдува стабилната надворешна позиција на економијата и способноста на монетарните власти да одржуваат сигурна и ликвидна девизна позиција во услови на глобални економски предизвици.
Најголем дел од резервите се пласирани во хартии од вредност (71,1%), потоа следуваат монетарното злато (15,9%) и валутите и депозитите (13%), што ја одразува конзервативната и диверзифицирана стратегија на управување со резервите.
Стабилноста на девизните резерви останува клучен фактор за довербата во денарот, поддршката на финансиската стабилност и отпорноста на македонската економија.
Банки
40 кошаркарски табли за 40 години НЛБ Банка – Донација за основните училишта по повод Месецот на штедење
НЛБ Банка и оваа година, по 14-ти пат, го одбележа Месецот на штедење со низа активности посветени на најмладите, со цел да ја поттикне нивната финансиска едукација и да ја зголеми свеста за важноста од штедењето уште од најрана возраст.
Во рамките на активностите по повод Месецот на штедење, а во чест на значајниот јубилеј – 40 години успешно работење, Банката реализираше донација на 40 нови кошаркарски табли за основни училишта ширум земјава. Иницијатива е дел од активностите со кои НЛБ Банка во текот на годината го одбележува својот 40-годишен јубилеј и континуирано придонесува за подобри услови за спорт и рекреација на најмладите во училишните дворови.
„Месецот на штедење за нас е секогаш посебен период во кој се трудиме да ја приближиме важноста од штедењето и финансиската писменост на најмладите. Оваа година, кога одбележуваме 40 години успешно работење, посакавме да оставиме симболичен, но значаен белег во заедницата со донација на 40 кошаркарски табли за 40 основни училишта низ земјата. Веруваме дека тие во училишните дворови не се само спортска опрема, тие се место каде децата учат да соработуваат, да сонуваат и да веруваат во себе. Токму таму се градат првите тимови, првите победи и трајните пријателства.“ – изјави Тони Стојановски, претседател на Управниот одбор на Банката.
Во текот на месецот беа одржани и едукативни настани за најмладите штедачи, каде децата преку игра, забава и дружење со омилените маскоти Тиби и Штуки се запознаа со тајните на штедењето, одговорното користење на парите и финансиската култура.
Како општествено одговорна институција која веќе четири децении е синоним за стабилност, доверба и посветеност, НЛБ Банка продолжува да инвестира во подобра иднина преку поддршка на заедницата, поттикнување на здрави финансиски навики и градење генерации кои ќе растат со трајни вредности.
-
Анализипред 2 месециАНАЛИЗА: Како платежните картички ја покажуваат трагата на македонската миграција?
-
Продуктипред 1 месецЌе ни донесе ли септември нова банка со Apple Pay?
-
Продуктипред 1 месецMastercard до 2030 ќе ги замени бројките на картичките со токени
-
Продуктипред 1 месецХалкбанк со Промо депозит по повод месецот на штедење
-
Осигурувањепред 1 месецДигитализацијата во осигурувањето: SignPlus како пример за модерно и безбедно е-потпишување
-
Криптовалутипред 2 месециОбразование за крипто иднината: Binance ги стартува Learning Lab работилниците на Балканот
-
Анализипред 1 месецАНАЛИЗА: Потрошувачките кредити повторно во фокус: пониски камати, промоции и полесно аплицирање
-
Банкипред 1 месецСЕПА во Македонија: Брзи, поевтини и дигитални плаќања во Европа од 7 октомври



