Банки
Комерцијална банка: Исплатата на пензиите за јули започнува денес (1 август)
 
																								
												
												
											Комерцијална банка АД Скопје ги информира своите клиенти – пензионерите дека исплатата на пензиите за месец јули започнува од денес (петок, 1 август 2025 година).
Корисниците на дебитни картички ќе можат да располагаат со својата пензија веднаш, истиот ден – лесно, безбедно и удобно! Пензијата можете да ја користите за безготовински плаќања во продавници и онлајн или да подигнете готовина од банкоматите на Комерцијална банка низ целата држава.
Пензионерите кои претпочитаат подигнување на пензијата во филијала можат тоа да го направат од 1 август (петок) и во секој работен ден после тоа.
Комерцијална банка ги охрабрува клиентите да користат картички и дигитални услуги, како побезбедна и поефикасна алтернатива, особено во деновите со поголем метеж.
Мапата со локациите на Комерцијална банка е достапна на следниот линк: https://www.kb.mk/lokacii-kb.nspx?type=branch
Банки
„Финансиска училница“ на Комерцијална банка преполна со ученици во Месецот на штедењето
 
														„Финансиската училница“ на Комерцијална банка и овој октомври беше преполна со ученици, љубопитни прашања и вредно знаење. Во Месецот на штедење, Комерцијална банка повторно ги отвори вратите на финансискиот свет за најмладите преку едукативниот проект „Финансиска училница“.
Во повеќе основни училишта низ земјава на интересен и сликовит начин учениците дознаа зошто е важно да штедат, како да управуваат со парите и со мала промена во секојдневието да создадат голема вредност, што значи финансиската одговорност од најмала возраст и зошто е важно да се грижат за своите финансии.

Преку проектот „Финансиска училница“, Комерцијална банка има активен и континуиран ангажман за зголемување на финансиската писменост кај младите и во целото општество.

Вработените во Комерцијална банка со задоволство го споделуваат своето знаење и искуство со најмладите затоа што веруваат дека никогаш не е рано за создавање добри финансиски навики и за стекнување вредно знаење.

Банки
Централна кооперативна банка АД Скопје оствари стабилни резултати во третото тримесечје од 2025 година
 
														Во периодот од јануари до септември 2025 година, Централна кооперативна банка оствари добивка од 18,54 милиони денари, при што банкарската работа продолжува да се одвива во услови на стабилен економски раст, инфраструктурни инвестиции и зголемена побарувачка.
Централна кооперативна банка забележа 14% раст на вкупната актива, со остварен план од 107%, додека кредитите и побарувањата од други комитенти се зголемија за 5%, со планско исполнување од 99%. Паричните средства и еквиваленти се зголемени за 17%, а вложувањата во хартии од вредност бележат раст од 38% во однос на планот.
Во услови на растечка инфлација и повисоки каматни стапки, Банката ги зголеми каматните стапки на депозитите, што резултираше со пораст на расходите за камати од 15%, додека приходите од камати пораснаа за 8% на годишно ниво. Нето-каматниот приход забележа пораст од 4%, а приходите од провизии и надоместоци се зголемија за 2% во споредба со истиот период минатата година.
Банката продолжува со стабилно портфолио на кредити, висок квалитет на активата и одржување на силна капитална позиција, додека зголемените нето-приходи од курсни разлики (+24%) и останатите приходи од дејноста (+60%) ја зајакнуваат финансиската стабилност.
Во следниот период, Централна кооперативна банка ќе продолжи со поддршка на клиентите, дигитализација, оперативна ефикасност и иновативни решенија, како и со активности за одржлив развој и корпоративна одговорност, обезбедувајќи сигурност и стабилност на сите сегменти од работењето.
Банки
Одржана седница на Советот на Народната банка: Стабилноста на банкарскиот систем и натаму јакне
 
														Советот на Народната банка, на својата редовна седница, го усвои Извештајот за ризиците за банкарскиот сектор за вториот квартал од 2025 година.
Во услови на забрзан раст на домашната економија и забавување на инфлацијата, банкарскиот систем ја задржа стабилноста, солвентноста се подобри, а стапката на адекватност на капиталот достигна 19,6%, што е највисокото ниво од 2006 година. Ликвидноста на банкарскиот систем се задржа на задоволително ниво, а ликвидните средства покриваат значителен дел од краткорочните обврски и од депозитите на домаќинствата. И квалитетот на кредитното портфолио се подобри во овој квартал, при што стапката на нефункционални кредити се намали на историски најниското ниво од 2,4%.
Во услови на олеснети кредитни стандарди и зголемена кредитна побарувачка, зајакнатата солвентност го поддржа побрзиот раст на кредитирањето на домаќинствата и на претпријатијата, којшто на квартална основа изнесува 3,1% и 4,3%, соодветно. И депозитите растеа побрзо во вториот квартал од годината, при што и натаму има поволни движења според валутата и рочноста на депозитите.
Народната банка и во иднина ќе биде внимателна во водењето на монетарната и макропрудентната политика, во време кога сè уште има изразена надворешна и домашна неизвесност. Се нагласува потребата од претпазливост и постојано следење на ризиците заради задржување на стабилноста на банкарскиот сектор и во наредниот период.
Советот на Народната банка ја усвои Рамката за одржливост со што се поставува основата за систематско воведување одржливи практики во секојдневното работење. Рамката за одржливост има за цел да придонесе кон поголема енергетска ефикасност, одговорно користење на ресурсите, поттикнување зелени финансии и намалување на јаглеродниот отпечаток, како и кон подигање на свеста и зајакнување на капацитетите на вработените во областа на одржливото работење. Со нејзиното усвојување, Народната банка ќе продолжи со активностите насочени кон унапредување на еколошките практики, финансиската писменост и одговорното делување, заради долгорочна економска стабилност и општествена благосостојба.
- 
																	   Банкипред 2 месеци Банкипред 2 месециФатих Шахпаз е новиот генерален директор на Халкбанк АД Скопје? 
- 
																	   Банкипред 2 месеци Банкипред 2 месециПромотивно со НЛБ Visa кредитните картички, 5,9% фиксна каматна стапка 
- 
																	   Банкипред 2 месеци Банкипред 2 месециVisa Signature – нова премиум картичка од Комерцијална банка, за првпат достапна во Македонија 
- 
																	   Анализипред 1 месец Анализипред 1 месецАНАЛИЗА: Како платежните картички ја покажуваат трагата на македонската миграција? 
- 
																	   Банкипред 2 месеци Банкипред 2 месециХрисула Кутуди е нов генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје 
- 
																	   Банкипред 2 месеци Банкипред 2 месециКХВ одобри: Српската „Алта банка“ со официјална понуда за преземање на Стопанска банка АД Битола 
- 
																	   Продуктипред 1 месец Продуктипред 1 месецЌе ни донесе ли септември нова банка со Apple Pay? 
- 
																	   Кариерапред 2 месеци Кариерапред 2 месециОглас за вработување во КБ Прво пензиско друштво АД Скопје 





 
											 
											 
											 
											 
											 
											 
											 
											 
											 
									 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	